fbpx
Таг: дезинформации

таг: дезинформации

Вистиномер: Нема докази дека вакцината против ковид-19 предизвикала маратонци да колабираат, а еден да почине

Дејли Мејл објавува дека дента кога се одвивал полумаратонот во Бруклин каде што починал маратонецот, бил исклучително топол, со температура од над 30 степени. Медицинските прегледи, според Дејли Мејл, допрво треба да ја утврдат причината за смртта, меѓутоа температурите во Њујорк се искачиле под 60 фаренхајтови до 80 степени утрото, а 90 степени попладнето. Оваа трагедија наметнала и прашање...

Јашари: Изворот на кампањата на евроскептицизам во земјава е Москва

Меѓу кампањите со лажни вести е таа што има за цел да го зголеми скептицизмот кај граѓаните во однос на Европската Унија, изјави директорот на Фондацијата „Метаморфозис“, Бардиљ Јашари во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21, во која се зборуваше за тоа како лажните вести ја поткопуваат демократијата, пишува „Порталб“. „Во Македонија поддршката за ЕУ во 2007 година била над 90...

Вистиномер: Не е точно дека целта на ковид кризата е да се формира глобална светска влада

Најголемиот доказ дека зад ковид кризата нема некаков имагинарен заговор за формирање светска влада е фактот што и по кризата секоја држава и понатаму функционира со единствена своја влада, исто како и пред и за време на кризата. Фактот што постоеше усогласеност меѓу дел од владите и координација во справувањето со пандемијата, во смисла на воведување на превентивни...

Петрески: Западен Балкан мета на странски кампањи за дезинформации, работиме на нивно разоткривање (ВИДЕО)

Малигните влијанија при што дезинформациите се користат за нивно ширење, на Западниот Балкан имаат регионална компонента, така што една дезинформација преминува од една во друга земја, а истото кога ќе се врати од каде што дошла, се враќа во најискривена форма, што може да предизвика уште поголема штета. Ова го изјави главниот уредник на „Вистиномер“,  Владимир Петрески, говорејќи на...

Зилбеари на POINT: Борбата со дезинформациите се заострува, со координирани акции можеме да се спротивставиме

Како проверувачи на факти, се соочивме со многу напади во текот на нашата работа, но тоа е нашиот предизвик. Не би предвидувала како ќе заврши војната против дезинформациите, ја гледам како хибридна војна и таа ќе се заостри. Сепак, со координирано делување можеме да станеме поотпорни. Можеме да почнеме да ги ангажираме сите во општеството, почнувајќи од владата, медиумските...

Вистиномер: Фабрикувана изјава на Путин за мајмунските сипаници се шири на социјалните мрежи

Изјава на рускиот претседател Владимир Путин поврзана со мајмунските сипаници не може да се најде ниту на официјалниот канал на претседателот на Русија, ниту во делот на руски јазик, ниту на англиската верзија на сајтот. Пребарувањето на официјалните информации од Кремљ од 7 мај, кога беше пријавен првиот случај на мајмунски сипаници, до сега, не покажува дека Путин во...

Вистиномер: За да се привлечат кликови, се објавува невистина дека врз Путин е извршен атентат

Објавата што ја рецензираме се коси самата со себе – во насловот се вели дека бил извршен атентат врз рускиот претседател Владимир Путин, во текстот пишува за „наводен обид за атентат што се случил во февруари“, според изјава на украински разузнавач, за на крајот да се каже дека нема никакви докази за таквите тврдења, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот...

Дезинформациите се безбедносен проблем, мора да работиме заедно за да ги спречиме последиците

Дезинформациите се проблем за безбедноста на државата и сите општествени чинители мора да работат заедно за да ги спречат последиците. Ова, меѓу другото, беше речено на сесијата што ја модерираше главната и одговорна уредничка на Порталб.мк, Елида Зилбеари, „Решенија и следни чекори – препораки за заедничко дејствување“, во рамки на конференцијата „Справување со дезинформации во Република Северна Македонија“, во...

Граѓаните се свесни за дезинформациите, но справувањето со ова зло мора да биде многу посилно

Главни чинители во намалување на ефектите од дезинформациите треба да бидат институциите задолжени за креирање на медиумските политики, но исто така и самите медиуми, односно новинарите. Но, потребен е систематски пристап, од повеќе фактори, порача истражувачот Ѓорѓи Митревски на сесијата „Состојби и предизвици поврзани со влијанието на дезинформациите во Северна Македонија“, во рамките на конференцијата „Справување со дезинформации во...

Дезинформациите можат да придонесат за дестабилизирање на државата

Дезинформациите се насочени и против нашата евроатлантска ориентација, особено од почетокот на руската инвазија на Украина, Северна Македонија е мета на дезинформации кои имаат за цел да поттикнуваат антизападно расположение кај македонските граѓани и да заговараат нејасни алтернативи на ЕУ и НАТО. Поради нивниот потенцијал да ги поткопуваат стратешките определби, дезинформациите можат да придонесат за дестабилизирање на државата, рече...

Вистиномер: Не е вистина дека со Преспанскиот договор јазикот е сменет во „северно-македонски“

Во Договорот меѓу С. Македонија и Грција, потпишан во 2018 година, не постои одредба со која се загрозува македонскиот идентитет, македонската посебност и јазик. Официјалниот јазик на нашата држава е „македонски јазик“ кој може да се преведе на сите јазици, без никаква фуснота за дообјаснување. Во самиот Договор, во членот 1 стои дека „официјалниот јазик на Втората страна ќе...

Вистиномер: Не е вистина дека хиџама е единствен лек за тромбоза и дека пациентите треба да одбиваат апчиња и да пијат сода бикарбона

Не е точно дека единствениот лек за тромбоза е хиџамата. Националната алијанса против згрутчување на крвта на САД на својата веб страница за тромбоза наведува неколку лекови, но сепак, водството од лекар и неговата проценка, прегледите, медицинската историја и состојбата на пациентот се елементи кои треба да се земаат предвид при индивидуалното лекување во медицината. Да се тврди дека...

Вистиномер: Фотографија од книга лажно претставена како британски учебник за шесто одделение во кој брат и сестра водат љубов

На фотографијата е споделен текст на англиски јазик, од книга, со сексуална содржина и фотографија од двајца млади кои имаат интимен однос. Книгата, иако предизвика огромни негативни реакции од родителите во Велика Британија, сепак не е учебник за шесто одделение и не претставува дел од наставната програма во британските училишта. Според пишувањата на британските медиуми, меѓу кои и Дејли...

Вистиномер: Не е точно е дека со руската инвазија врз Украина го снемало коронавирусот, благодарение на Путин

Повеќе објави на социјалните мрежи континуирано тврдат дека со руската воена интервенција во Украина го снемало коронавирусот, а дека Путин успеал да го запре неговото ширење, бидејќи во Украина се наоѓале лабораториите од каде што потекнува вирусот. Но, пандемијата не е завршена, а ширењето на вирусот не може наеднаш да запре, за што говорат и бројките. Во последната недела...

Умно.мк: Што прават новинарите кога ќе се „излизгаат“ на неточна информација?

Дневното новинарство е комплексна работа во која брзината на објавување информација има голема улога и често се случува да биде објавена и погрешна информација. Како медиумите ја коригираат грешката? Со оваа тема се зафати Умно.мк, чија анализа, со посебна дозвола од уредништвото, ја пренесуваме во целост: Неточно и нефер известување е најчеста причина за приговорите што стигнуваат до Советот за етика...

Kонференцијата за справување со дезинформациите во земјава на 31 мај ќе ја отвори претседателот Пендаровски

Претседателот Стево Пендаровски ќе ја отвори конференцијата „Справување со дезинформации во Република Северна Македонија“, која што Фондацијата Метаморфозис ја организира во хотелот „Панорамика“ на 31 мај, со почеток од 12 часот. Настанот има за цел градење на мулти-секторски пристап за решавање на овој важен проблем преку заеднички ангажман на државните институции, независните медиуми, граѓанските организации, академската заедница и приватниот...

ЗОШТО (НЕ) Е ТАКА? Митови за менталното здравје

Темата ментално здравје стана особено актуелна помеѓу младите по Ковид-пандемијата, кога начинот на кој дотогаш се функционираше и учеше се промени, што пак предизвика нарушување на менталната благосостојба речиси кај сите. Онлајн наставата и социјалната изолација влијаеја кај повеќето ученици и студенти, па сега психолозите имаат „полни раце“ работа. Но, посетата на психолог отсекогаш била пропратена со одредени митови...

Вистиномер: мРНК вакцините не содржат ГМО и нанотехнологија

Ниедна од вакцините не содржи нанотехнологија, а уште помалку трансхуманизам нанотехнологија. Тоа не ни постои, вели Марк Линас, професор на Корнел Универзитетот за Политифакт. Синди Принс, професорка по епидемиологија на Универзитетот во Флорида тврди дека иако терминот нано се користи за да се наметне дека нанотехнологија се користи за да ја модифицира вашата РНК, тоа е комплетно лажно. „мРНК...

Конференцијата „Справување со дезинформации во Република Северна Македонија“ ќе се одржи на 31 мај

Фондацијата „Метаморфозис“ на 31 мај 2022 година во Скопје, со почеток од 12 часот, ќе ја одржи конференцијата „Справување со дезинформации во Република Северна Македонија“, посветена на градење мулти-секторски пристап за решавање на овој важен проблем преку заеднички ангажман на државните институции, независните медиуми, граѓанските организации, академската заедница и приватниот сектор. Настанот ќе се случи во хотелот „Панорамика“ и ќе биде...

Вистиномер: Не е точно дека се најавувала блокада на половина Скопје поради безбедносна вежба

Предупредувањето што се споделува во оваа објава на Фејсбук: „утре не возете во Скопје ако не морате“, е неосновано и преувеличено. Портпаролот на МВР, Тони Ангеловски вели дека квалификацијата оти половина Скопје било блокирано во сообраќајот, не соодветствува на реалната слика за она што се случувало на терен. Наспроти изнесеното во постот, вежбата траела само неколку часови, а не цел...

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...