fbpx

Вистиномер: Нема докази дека вакцината против ковид-19 предизвикала маратонци да колабираат, а еден да почине

-

Дејли Мејл објавува дека дента кога се одвивал полумаратонот во Бруклин каде што починал маратонецот, бил исклучително топол, со температура од над 30 степени. Медицинските прегледи, според Дејли Мејл, допрво треба да ја утврдат причината за смртта, меѓутоа температурите во Њујорк се искачиле под 60 фаренхајтови до 80 степени утрото, а 90 степени попладнето. Оваа трагедија наметнала и прашање дали поради времето трката требало да се одложи. Шеснаесет учесници, кои биле дел од трката од 13,1 милји, биле однесени во болница. Не се знае дали лицата кои колабирале воопшто биле вакцинирани, ниту пак има докази дека и доколку биле, вакцината против ковид-19 е причината за несреќниот настан, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се инсинуира дека вакцината против ковид-19 предизвикала на полумаратон во Бруклин да почине 30 годишен маж, а други да колабираат. Од почетокот на вакциналната кампања, забележливо е дека во антивакциналните кругови, практика е вакцините да се обвинуваат за секаков вид болести, а сега се започнува со обвинувања дека вакцината е причина за несреќни случаи или за работи за кои не е јасно од што се предизвикани.

Во насловот на текстот се вели:

Вакцина? 30 годишен маж почина трчајќи на полумаратон а уште шестмина побарале итна медицинска помош.

Понатаму, текстот продолжува со образложение дека 30 годишен маж загинал во саботата откако паднал на целта во Бруклин. Тој бил однесен во болница во Кони Ајленд каде била констатирана смрт, а на уште шестмина им била укажана медицинска помош, но биле надвор од животна опасност. Нема фактичка основа да се навестува дека причината за падот на маратонот е вакцината, ниту пак е познат вакциналниот статус на учесниците во маратонот. Сепак, за да се креира паника и да се направи лажна драматична ситуација во насловот се нафрла вакцината како можен причинител, иако и самиот автор на текстот е свесен дека тоа е непотврдена информација. Тој самиот наведува дека нема информации дали маратонците на кои им била потребна итна медицинска помош биле вакцинирани, но дека ваквите наводи можат да се видат на социјалните мрежи.

На социјалните мрежи можат да се видат секакви наводи, односно нивните корисници немаат никакви обврски да ги проверуваат информациите пред да ги пласираат. Затоа новинарите и медиумските работници се обврзани да одат неколку чекори подалеку од корисниците на социјалните мрежи, односно да објавуваат исклучиво проверени информации. Во написот што го рецензираме, пласирана е информација за која нема докази, односно не е проверена.

Имено, дури и ако учесниците во полумаратонот во Бруклин биле вакцинирани, сепак тоа не значи дека вакцините се на некој начин поврзани со смртта или со колабирањето.

Спортисти и фит атлети, се случува да паднат на маратон и да колабираат, па дури и да починат, и тоа било случај и пред вакцинацијата против ковид-19. Ново во антивакциналните стратегии за оцрнување на вакцината и нејзината ефикасност е тоа што сега, таа се обвинува за колабирањата и за смртните случаи поради предизвикани срцеви проблеми.

Според клиниката Кливленд, екстремни промени во температурите предизвикуваат артериите да се собираат, а со тоа и крвниот притисок да се качува.

Стресот на натпреварите, екстремниот напор, како и предиспозициите на натпреварувачите на срцеви проблеми може да ги афектираат дополнително, пишува Форбс.

Понатаму, голем удел имаат и високите температури во одредени делови од годината. Па така, и рапидната промена на температурата може да доведе до срцеви удари.

Генетиката честопати е причина млади учеснци во трки со трчање, да искусат срцеви проблеми кои доаѓаат без предупредување, вели Питер Мек Кулоу, кардиолог на Бејлор Универзитетот. 

Според напис во Форбс, уште еден дополнителен фактор за ниска стапка на преживување кај пациенти помлади од 40 години е тахикардија пред кардијак арестот. Дури и интервенција со дефибрилатор може да не помогне, бидејќи недостигот на кислород може многу брзо да направи штета на срцето.

Според напис на Ран Сосајети иако смртните случаи на маратонци се ретки, сепак од 10.9 милиони трчачи на маратон, стапката на смртност е 1 на 259 илјади учесници.

Некои од причините зошто маратонците често колабираат во близина на крајната линија е бидејќи им се собира лактичка киселина во крвта за време на трчањето, која е тригер за невообичаени срцеви отчукувања, премореност и измоштеност, емоционален стрес, дехидратација и срцев удар.

Дејли Мејл, објавува дека дента кога се одвивал полумаратонот во Бруклин каде што починал маратонецот, бил исклучително топол ден, со температура од над 30 степени.

Медицинските прегледи, според Дејли Мејл, допрво треба да ја утврдат причината за смртта, меѓутоа температурите во Њујорк се искачиле под 60 фаренхајтови до 80 степени утрото, а 90 степени попладнето. Оваа трагедија наметнала и прашање дали поради времето трката требало да се одложи. Шеснаесет учесници кои биле дел од трката од 13.1 милји, биле однесени во болница.

Дека станува збор за тренд, а не за изолиран случај, во антивакциналните наративи вакцината да се обвинува за колабирањето на професионални атлети, се гледа и од овој напис, каде антиваксери ги обвинуваат вакцините и за колабирани маратонци во Тајпеј.

Поради сите горенаведени факти оценуваме дека нема докази дека колабирањето и смртта на маратонец во Бруклин, на било кој начин е поврзано со вакцината против ковид-19. Дури и учесниците навистина да биле вакцинирани, сепак тоа не докажува дека смртта е настаната поради вакцината, и покрај обидите во текстот да се наметне тоа. Причините за смртта на спортистот се испитуваат, а специјализирани списанија пишуваат дека има огромен број причини за колабирање, меѓу кои и наглото менување на температурата.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...