fbpx

Петрески: Западен Балкан мета на странски кампањи за дезинформации, работиме на нивно разоткривање (ВИДЕО)

-

Малигните влијанија при што дезинформациите се користат за нивно ширење, на Западниот Балкан имаат регионална компонента, така што една дезинформација преминува од една во друга земја, а истото кога ќе се врати од каде што дошла, се враќа во најискривена форма, што може да предизвика уште поголема штета. Ова го изјави главниот уредник на „Вистиномер“,  Владимир Петрески, говорејќи на тема „Приказни од регионот и пошироко – прв дел“ на конференцијата POINT (Politic Accountability and New Technologies – Политичка отетност и нови технологии) која започна денеска во Сараево, пишува Порталб.мк.

Според Петрески, работата на проверка на факти во Фондацијата Метаморфозис во последните дванаесет години покажа дека потребата за овој начин на работа се зголемува, и тоа секојдневно. Тој исто така нагласи дека во текот на овој период дезинформациите се користат за ширење на странски недемократски и злонамерни влијанија кај нас и во регионот. Нагласи дека во минатото во РСМ било тешко да се зборува на оваа тема, но во денешно време состојбата е променета.

„Решивме, во наредниот период, да работиме многу посериозно на ова прашање. Исто така гледаме дека сега јавноста е подготвена за ваков проект. Во март, во Северна Македонија, спроведовме анкета на национално ниво при што ги прашавме граѓаните за дезинформирањето и добивме навистина интересни резултати, 90% од нив сметаат дека дезинформациите се сериозен проблем, а повеќе од 80% мислат дека Владата треба да направи нешто, како на пр. донесување на некаков закон за дезинформациите“, рече Петрески.

Владимир Петрески, фото: Фисник Џелили/Порталб.мк

Затоа, нагласи тој, јавноста сега е подготвена да копа малку подлабоко за да тргне по дезинформациите.

А зборувајќи за влијанијата на дезинформациите и странските влијанија, тој истакна дека е многу важно да се работи во оваа насока на регионален план. Според него, и покрај политичките поделби на Западен Балкан, медиумските сцени се меѓусебно поврзани бидејќи јазиците се блиски, и културите се блиски, луѓето се навикнати да читаат одредени медиуми со децении, па затоа не е многу тешко дезинформациите да преминат од едно до друго место и да се шират брзо.

Петрески нагласи дека Фондацијата Метаморфозис во следните три години ќе биде ангажирана токму во оваа насока.

Проектот на кој ќе работиме во следните три години е “Western Balkans anti disinformation hub”. Сега ќе ги разоткриеме малигните влијанија преку новинарството на Watch-Dogs (кучиња чувари) и новинарството преку податоци. Ќе има многу производи, многу проверки на факти, анализи, ќе ги следиме медиумите за да можеме навистина да покажеме од каде доаѓаат овие малигни влијанија. Ова секако ќе го сработиме на регионално ниво, со нашите долгогодишни партнери Зашто не, Меѓународниот центар за безбедносна акција – Србија, Центарот за демократска транзиција – Црна Гора, Фактоје – Албанија и Сбункер – Косово“, рече Петрески.

На овој панел со Петревски разговараа и Теона Томашвили- специјалист за вкрстување на податоци, технологија и политика од организацијата ForSet-Грузија и Хајтам Атеф- основачот на eSquare од Египет.

Конференцијата можете да ја следите во живо, додека делот од панелот на тема „Приказни од регионот и пошироко – прв дел“ ќе може да го следите од  02:24 минути.

Инаку, конференцијата POINT е во организација на членовите на мрежата ACTION SEE, чиј дел е и Фондацијата Метаморфозис.

Денеска на конференцијата говореше и главната уредничка на Порталб.мк- Елида Зилбеари, додека утре ќе говори заменикот – главен уредник на Мета.мк- Бојан Блажевски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...