fbpx

Вистиномер: мРНК вакцините не содржат ГМО и нанотехнологија

-

Ниедна од вакцините не содржи нанотехнологија, а уште помалку трансхуманизам нанотехнологија. Тоа не ни постои, вели Марк Линас, професор на Корнел Универзитетот за Политифакт. Синди Принс, професорка по епидемиологија на Универзитетот во Флорида тврди дека иако терминот нано се користи за да се наметне дека нанотехнологија се користи за да ја модифицира вашата РНК, тоа е комплетно лажно. „мРНК во вакцините на Фајзер и Модерна нема никаков ефект на ДНК или РНК на човекот и не станува составен и траен дел од клетката“, вели таа, пишува Вистиномер.мк.

 

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

Пост на Фејсбук тврди дека мРНК вакцините против ковид-19 содржат синтетичка ГМО комбинирана со вештачка нанотехнологија. Ваквите тврдења се спротивни на фактите и не соодветствуваат со реалноста.

ЗНАЕТЕ ЛИ ШТО ПРИМИВТЕ ВО СВОИТЕ ТЕЛА?

Некои фармери решиле во една кокошка да внесат mRNA вакцина и после 4 месеци сакале да зготват супа од кокошката, но месото од кокошката продолжило да живее и да реагира со активни мускулни рефлекси, иако телото било обезглавено.

Оваа синтетичка GMO, во комбинација со вештачката нанотехнологија ја имаат добиено и сите оние, кои примиле mRNA „В“ за наводно да се спасат од актуелната пандемија, се вели меѓудругото во постот што го рецензираме.

Објавата е придружена со линк од видео на социјалната мрежа Телеграм, на кое се гледа како човек сече месо од кокошка и истото наводно мрда. Потеклото на видеото е непознато, ниту пак се знае дали навистина кокошката примила мРНК вакцина.

Тврдењата дека мРНК вакцините против ковид-19 содржат ГМО и нанотехнологија се лажни.

Во вакцините против ковид-19, нема мРНК модифицирачка трансхуманистичка нанотехнологија.

Ниедна од вакцините не содржи нанотехнологија, а уште помалку трансхуманизам нанотехнологија. Тоа не ни постои, изјави Марк Линас, професор на Корнел Универзитетот за Политифакт.

мРНК, рибонуклеинската киселина, е молекула слична на ДНК која ги носи кодираните генетски информации до клетката. „Фајзер“ и „Модерна“ вакцините користат мРНК за да се однесат генетски информации за коронавирусот до клетката на телото, за да се научи имуниот систем да ги идентификува и да се бори против ковид-19 инфекцијата. 

мРНК технологијата потекнува од 1990, иако сега за првпат се користи во широкоупотребувани вакцини. Во вакцините на „Фајзер“ и „Модерна“, мРНК се наоѓа во „липидна капсула” или попрецизно, во обвивка од масти, која е опишана како наночестичка. Префиксот „нано” само значи дека е мала, а не дека е нанотехнологија.

Иако терминот нано се користи за да се наметне дека нанотехнологија се користи за да ја модифицира вашата РНК, тоа е комплетно лажно. мРНК во вакцините на „Фајзер“ и „Модерна“ нема никаков ефект на ДНК или РНК на човекот и не станува составен и траен дел од клетката, вели Синди Принс, професорка по епидемиологија на Универзитетот во Флорида

Трансхуманизмот е верување дека може да се промени и да се подобри човечкото тело со технологија.

Има луѓе кои веруваат дека треба да се воведе човековата свесност врз компјутерите, но тие се маргинализирана група и немаат ништо со создавачите на вакцините. Јас сум вакцинирана и можам да гарантирам дека единствената модификација што ја имам е имунитет против ковид-19, вели Принс.

Во врска со ова сервисот за проверка на факти на „Ројтерс“ напиша:

Во мРНК вакцините наместо да се користи мртов вирус, се тренира имуниот систем со единечен протеин. Спротивно на лажните тврдења, нема да ве претвори во ГМО, не навлегува во јадрото на клетките на телото, не доаѓа до интеракција со вашата ДНК и не може да предизвика промена на геномотнапиша Марк Линас, во текст на Cornell Alliance for Science во декември 2020 година.

мРНК од вакцините не останува во човековото тело засекогаш, туку се разградува и телото се ослободува од него за најмногу 72 часа пишува на официјалната страница за вакцинација во земјава.

Имајќи го предвид сето ова, можеме да заклучиме дека постот што го рецензираме е невистинит.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...