недела, 8 февруари, 2026
Meta.mk

Ознака: депонија Дрисла | 19 резултати

Утрово гореше депонијата Дрисла, чадот може да биде канцероген, предупредуваат активисти

5 септември 2023

Во раните утрински часови денеска можело да се забележи густ црн чад над скопската депонија „Дрисла“, која според локалните жители започнала да гори во раните утрински часови. Активистот Сених Браховиќ, во видео кое го сподели на Фејсбук, вели дека добил многу повици од жители на Батинци и другите населени места во околината на депонијата кои […]

Ѓубрето се расчисти, останаа кавгите меѓу Арсовска и градоначалниците

12 јули 2023

Сите општини можат да одлагаат отпад во ЈП „Дрисла“ и за тоа да им се изработи фактура и да им се наплати, како што било и досега, рече денеска градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, по најавите дека општината ќе добие казна од над 85 илјади евра. Казната следува откако во неделата, а по сериозниот […]

Селекцијата лани минорно зголемена, 82,7 отсто од отпадот како мешан завршува на депонија [инфографик]

4 мај 2022

Селекцијата на отпадот останува неразрешлив проблем за македонските домаќинства и компании. И во 2021 година, најголем дел од комуналниот отпад што сме го создале, без било какво одвојување и фрлање во посебни контејнери, како измешано ѓубре завршило на депониите низ земјава. Според податоците од Државниот завод за статистика, дури 522.914 тони од собраното ѓубре по […]

Во „Дрисла“ не се селектира и рециклира отпад, иако Скопскиот регион создава најмногу ѓубре

15 март 2022

Скопската депонија „Дрисла“ е најголема локација каде што се одлага отпадот на национално ниво, но која што до денешен ден не поседува секундарен центар за селекција на отпад и постројки за рециклирање на отпадот. Пред три недели беше пуштен во употреба модерен стерилизатор за третман на медицинскиот отпад (автоклав), но другите видови на отпад се […]

Промовиран новиот третман на медицински отпад во „Дрисла“, СДСМ вели Град Скопје се фали со туѓи проекти

21 февруари 2022

Скопската градоначалничка Данела Арсовска и директорот на ЈП „Дрисла“, Јане Мицевски, денеска го промовираа новиот стерилизатор – автоклав за третман на медицински отпад. „Она што е важно дека повеќе нема да има несоодветно, односно несовесно согорување на медицински отпад, којшто досега беше третиран практично како обичен отпад. Овој третман на медицински отпад е по најсовремените […]

Цели 17 години се чека на изградба на регионалните депонии, ЕУ бара акција од властите

3 ноември 2021

Северна Македонија треба да направи значајни чекори во нареднава година за воспоставување на регионалните системи за управување со отпад. Ова е јасната препорака на Европската Комисија до македонските власти во Извештајот за остварениот реформски напредок на земјава за 2021 година, во делот на заштитата на животната средина. Од Европската Комисија во Извештајот забележуваат на слабите […]

Град Скопје: Во депонијата Дрисла не се согорува опасен отпад без дозвола

12 октомври 2021

По денешната прес-конференција на директорот на Државниот инспекторат за животна средина Сретен Стојковски, на која тој посочи дека депонијата Дрисла не смее да прими и третира 26 видови на опасен отпад, реакција стигна од Градот Скопје. „Во ЈП Дрисла освен медицински отпад кои се третира согласно предвидените процедури, не се согорува друг вид опасен отпад […]

„Дрисла“ не смее да депонира опасен отпад и мора да ја смени интегрираната дозвола

12 октомври 2021

Депонијата „Дрисла“ не смее да прими и третира 26 видови на опасен отпад, бидејќи нема соодветна инсталација за тоа. Ова е едно од повеќето решенија на Државниот инспекторат за животна средина, за кои денеска информираше в.д. директорот Сретен Стојковски. „Дрисла“ ќе мора да побара и измена на А-интегрираната дозвола која ја обнови во февруари годинава, […]

Од депонијата „Дрисла“ нема одговор за постројката за секундарна селекција и рециклирање на отпадот

28 септември 2021

Скопската депонија „Дрисла“ годинава ќе добие автоклав или машина за третман на медицински отпад, како и мерна станица за амбиентен воздух. Депонијата доби и ИПА проект од 800.000 евра за рециклирање на градежен отпад. Но, проектите за секундарна селекција на отпадот, третман на индустрискиот отпад и постројката за пакување на отпад, кои се исклучително важни […]

Инспектори забранија „Дрисла“ да депонира канти со боја за возила, директорот Начевски прашува каде да одат

27 август 2021

Државниот инспекторат за животна средина ѝ наложи на депонијата „Дрисла“ да не прима одреден вид на опасен отпад, бидејќи нема инсталација за негов правилен третман. Од Инспекторатот информираат дека во депонијата биле направени две вонредни контроли на 19 и 25 овој месец, по претставка од граѓани дека таму се одлага опасен отпад. Инспекторите констатирале дека […]

Скопскиот регион создава најмногу комунален отпад, но е и единствен кој има стандардна депонија (инфографик)

18 декември 2020

Во Скопскиот плански регион се создава најмногу комунален отпад во земјава, но и најголемиот дел од него е регистриран како собран. Воедно, во овој регион постои единствената стандардна депонија во нашата земја – депонијата „Дрисла“, која што поседува А-интегрирана еколошка дозвола и е единствена во земјава во која депонирањето на отпадот се врши барем според […]

Не им се плаќа по 200 денари на „Дрисла“, па несовесни граѓани го исфрлаат градежниот шут кај ќе стигнат

18 ноември 2020

Вложуваат по десетици или стотици илјади денари во реновирање или реконструкција на станови, куќи или канцеларии, а не сакаат да платат 200 денари за фрлање на градежниот шут на депонијата „Дрисла“. Речиси секојдневно, несовесни граѓани и градежни работници во Скопје го расфрлаат градежниот отпад кај ќе стигнат. Граѓаните од населбата Трнодол вчера со видео снимка […]

За Државниот инспекторат нема скандал со „Еко клуб“, фирмата работи регуларно

5 февруари 2020

Фирмата „Еко Клуб 95“, компанијата од каде што потекнуваат снимките со расфрланиот и нетретиран медицински отпад во погонот за преработка што вчера ги објави градонадоначалникот на Скопје Петре Шилегов, имала контрола и од Државниот инспекторат за животна средина непосредно по направените снимки, но не била најдена никаква нерегуларност во работењето. Ова беше одговорот на Хусни […]

Се гори странски отпад бидејќи домашниот не се селектира на „Дрисла“

30 јануари 2020

Притисокот на јавноста која бара одговори каков отпад се увезува во државата и на каков начин тој се уништува деновиве ги разбуди надлежните кои почнаа со вонредни контроли на границите на камионите кои пренесуваат отпад за горење (РДФ) во скопската цементарница „Титан – Усје“, но и граѓанските здруженија за борба против загадувањето. За утре се […]

„Шпекулации и невистини“, вели МЖСПП за обвинувањата дека се увезува отпад за горење

4 ноември 2019

„Шпекулации и невистини“, категорично одговорија од Министерството за животна средина на зачестените споделувања на информации, фотографии и сомневања на социјалните мрежи за случаи на увоз, согорување и складирање на опасен отпад од странство и поврзувањето на ваквите случаи со енормното загадување на воздухот кое се случува секоја зима. „Мета,мк“ уште во март пишуваше за сомневањата […]

Страна 1 од 1