fbpx

За Државниот инспекторат нема скандал со „Еко клуб“, фирмата работи регуларно

-

Фирмата „Еко Клуб 95“, компанијата од каде што потекнуваат снимките со расфрланиот и нетретиран медицински отпад во погонот за преработка што вчера ги објави градонадоначалникот на Скопје Петре Шилегов, имала контрола и од Државниот инспекторат за животна средина непосредно по направените снимки, но не била најдена никаква нерегуларност во работењето. Ова беше одговорот на Хусни Тачи, претставникот на Државниот инспекторат кој присуствуваше на денешната прес-конференција на скопската депонија Дрисла, заедно со Шилегов и министерот за животна средина Насер Нуредини.

На прашањето како е можно само ден по извршента вонредна контрола од страна на Градскиот инспекторат нивните наоди да бидат негативни, државниот инспектор за животна средина одговори одговори дека: Можеби успеале да ги отколонат неправилностите“.

Според Тачи, поважно е прашањето што барал таму Градскиот инспекторат.

„Прашајте ги вие нив како тие влегле во таа инсталција кога не се надлежни да ја контролираат таа фирма“, рече Тачи.

Тој истакна дека контрола вршат и во дугите форми што транспортираат опасен отпад, како тетовската „Рецикле“, „Еко клуб“ и „Дрисла“.

„Дрисла редовно ја контролираме во делот на транспортирање и депонирање, а секој месец се прави контрола во Дрисла“, појасни Тачи, во одговор на новинарско прашање.

Појасни дека се вршат контроли редовни согласно годишната програма и вонредни по дојава, а контролата ја вршиме и вонредно.

Министерот Нуредини, пак, ги охрабри сите инспектори да ја работат својата работа и Инспекцискиот совет да ја координира работата меѓу државните и локалните инспектори. Додаде дека ќе ги погледнат детално сите лиценци што се дадени и рече дека би сакал и во нашата земја да има Агенција за животна средина која ќе биде независна и ќе се справи со овие проблеми.

„Целиот овој случај го имавме на 10 декември 2019 година, на 13 декември во изјава целиот настан е пријавен во Јавното обвинителство“, им изјави на новинарите Шилегов.

Битолската фирма „Еко клуб“ во текот на минатата година до Дрисла транспортирала 4.700 килограми медицински отпад, а само во јануари, како што вели градоначалникот Петре Шилегов, откако Градот Скопје располага со материјали за неправилности во работењето, транспортирала 1.900 килограми. Извештајот од спроведената контрола вчера на инсталацијата во Металски завод Тито за третман на медицинскиот отпад, од Државниот инспекторат за животна средина се чека,

„Во моментов, овде во „Дрисла“ по мој налог се врши внатрешна ревизија со цел да ги видиме сите движења на финансиите. Наидуваме на чудни работи, луѓе коишто живеат во Австралија се воделе како вработени овде и им била давана плата. Работиме и на тоа да ја оспособиме машинеријата што ја имало јавното претпријатие пред да стане приватно со цел трошоците за изнајмување градежни машини што било пракса во минатото да ги избегнеме или намалиме. Заедно со тимот и со директорот Коста Начевски сме во разработка на план за набавка на нов стерилизатор, кој според моите очекувања може да биде ставен во употреба во април годинава и да се доврши договорот кој за жал никогаш не беше реализиран од приватните партнери. Во разговори сме и за гасовите што се создаваат овде, да биде изградена постројка со која од тие гасови ќе се произведува електрична енергија. Мојата идеја, е со инвестиции во овој дел и со изградба на пречистителната станица за отпадната вода „Дрисла“ да стане првата санитарна депонија во нашиот град“, рече Шилегов.

„Се додека сум јас градоначалник на Скопје,  овој капацитет на Град Скопје ќе работи според сите позитивни законски прописи и сите немили случки или сомнежи дека нешто такво би можело да се случи, во иднина ќе ги нема“, рече Шилегов.

Денешната средба со новинарите на скопската депонија „Дрисла“ дојде само ден откако Градот ја обелодени аферата со медицинскиот отпад во кругот на фирмата „Еко Клуб 95“ и беше осмислена како отворен ден за медиумите и граѓанските здруженија за посета на депонијата и запознавање со нејзиното работење.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...