fbpx
Таг: ChatGPT

таг: ChatGPT

ChatGPT забележува прво намалување на корисници од своето лансирање

ChatGPT, популарниот чет-бот за вештачка интелигенција кој беше лансиран во ноември, забележува најмал месечен сообраќај на веб-страницата и опаѓање на посетители, за прв пат досега во текот на месец јуни, покажуваат истражувања на аналитичката компанија „Симиларвеб“. Ројтерс објавува дека сообраќајот кон веб-страницата на ChatGPT ширум светот во јуни се намалил за 9,7 отсто во однос на мај, а посетителите на...

„Опен АИ“ лобирала во ЕУ за да избегне построги регулации во законот за ВИ

Компанијата „Опен АИ“ лобирала во Европската Унија да се „омекне“ законодавството за вештачка интелигенција (ВИ). Според документи од Европската комисија, компанијата-креатор на четботот ChatGPT побарала европратениците да направат неколку амандмани во нацрт-верзијата на Законот за вештачка интелигенција на ЕУ – претстојниот закон создаден за регулирање на употребата на ВИ, пренесува американскиот медиум „Врџ“. Барањата на „Опен АИ“ стигнале пред нацрт-законот...

Вештачката интелигенција може да доведе до истребување – ново предупредување на познавачите

Група врвни истражувачи, инженери и извршни директори, вклучително и шефовите на OpenAI (Опен АИ) и Google Deepmind (Гугл Дипмајнд) предупредија дека вештачката интелигенција (ВИ) може да доведе до истребување на човештвото. Изјавата од само 22 збора е објавена на интернет-страницата на невладината организација Центар за безбедност на вештачката интелигенција во Сан Франциско, САД, а ја поддржаа десетици експерти, пренесува „Врџ“. „Ублажувањето...

Државната матура во фокус на новата епизода на емисијата за млади „Шорткат“

Навременото полагање на државната матура е особено значајно за да можат матурантите со резултатите од испитот да аплицираат на факултет. За важноста на самата државна матура, како и за тоа на кој начин таа би требало во иднина да се организира, дознаваме од разговорот со Лука Павиќевиќ, претседателот на Сојузот на средношколци, во новата епизода на емисијата „Шорткат“. Во новите...

ChatGPT отсега и како мобилна апликација

Компанијата „Опен АИ“ лансираше апликација за ChatGPT, но само за уредите кои работат на оперативниот систем iOS, најавувајќи дека Андроид верзијата ќе пристигне наскоро. Како што пренесува „Врџ“, апликацијата е бесплатна за симнување и користење и истата ја синхронизира историјата на разговор помеѓу повеќе уреди. Апликацијата нуди можност и за гласовно внесување, со поддршка на моделот за препознавање говор со...

Генеративна вештачка интелигенција отсега и на пребарувачот на „Гугл“

„Гугл“ објави дека воведува генеративна вештачка интелигенција на својот главен пребарувач, следејќи го потегот на „Мајкрософт“ кој го вгради четботот GPT-4 во својот пребарувач Бинг. Би-би-си пренесува дека, според компанијата, функцијата „Search Generative Experience“ - која ќе биде дел од Гугл - ќе создава одговори на отворени прашања. „Гардијан“ пишува оти со ова, Гугл се обидува да ја врати својата круна...

[Станица: Студентска 8] Маџаров: Доаѓа ера во која вештачката интелигенција ќе биде алатка за секого

Развојот на вештачката интелигенција отвора многу нерешени прашања, а меѓу најважните е „Кој ќе сноси одговорност за тоа што ќе се случува?“. Трката меѓу компаниите во развој на технологија е веќе започната и е безобразна. Ова го истакна професорот Ѓорѓи Маџаров од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) на денешното предавање „Потенцијали и ризици на вештачката интелигенција и...

„Кумот“ на вештачката интелигенција го напушти „Гугл“ со жалење и со страв за тоа што го работел

Човекот кој се смета за „кум“ на вештачката интелигенција (ВИ) ја напушти својата работа, предупредувајќи на зголемените опасности од развојот на оваа област. 75-годишниот Џефри Хинтон своето повлекување од „Гугл“ го објави во Њујорк Тајмс, велејќи оти сега се кае за тоа што го работел, пренесува Би-би-си. Во изјава за Би-би-си Хинтон рекол дека некои од опасностите од четботовите со...

Италијанците повторно имаат пристап до ChatGPT

Во Италија е вратен пристапот до четботот ChatGPT, пренесе Би-би-си. Четботот беше забранет од италијанскиот орган за заштита на податоци на почетокот од април, поради загриженост за приватноста. Матичната компанија на ChatGPT, „ОпенАИ“, инаку поддржана од „Мајкрософт“, рече дека успешно ги разјаснила прашањата со италијанскиот регулатор. Од компанијата велат дека нејзината политика за приватност сега е достапна за луѓето пред да се...

Австралиски градоначалник ја подготвува првата тужба против чет ботот ChatGPT

Регионален австралиски градоначалник изјавил дека може да ја тужи компанијата OpenAI доколку не ги исправи лажните тврдења на чет ботот ChatGPT, дека одлежал затворска казна за поткуп. Ова би била првата тужба за клевета во светот против автоматизирана служба за текстуални пораки, јавува Гардијан. Брајан Худ, кој бил избран за градоначалник на Хепберн Шајр (на 120 километри северозападно од Мелбурн),...

Користењето на вештачката интелигенција без стратегија ги изложува граѓаните на ризик, државата сè уште нема почнато процедура

Употребата на вештачката интелигенција (ВИ) во недостиг на стратегија или регулатива, ги изложува граѓаните на ризик од потенцијална злоупотреба. Република Северна Македонија формираше работна група за Националната стратегија за вештачка интелигенција, но од 2021 година одржан е само еден состанок, пишува Порталб.мк. Презентирањето на роботот Chat GPT, кој има способност да разговара како човек со висок степен на флуентност и...

Последна епизода на „Шорткат“ за оваа сезона: Селекција на отпад во Скопје и Тетово

Од почетокот на годинава, граѓаните на Скопје и Тетово имаат можност да селектираат отпад во нови вендинг машини што се поставени низ маркетите во овие градови. Лименки и пластични шишиња може да се селектираат во машините на „Пакомак“, а за возврат граѓаните добиваат зелени поени кои можат да ги искористат за пазарување во маркетите. Како функционира овој систем и кои...

Италија го блокираше ChatGPT

Италија стана првата западна земја што го блокирала напредниот чатбот ChatGPT. Италијанскиот орган за заштита на податоците соопшти оти постои загриженост за приватноста во врска со оваа форма на вештачка интелигенција создадена од американскиот стартап „ОпенАИ“ и поддржан од „Мајкрософт“. Италијанските регулатори велат дека ќе го забранат чатботот и ќе започнат со истрага веднаш, пренесе Би-би-си. Тие нагласуваат дека на 20...

Експерти бараат развојот на вештачката интелигенција да запре на нивото на кое е GPT-4

Клучни фигури во технологијата со вештачка интелигенција (ВИ) бараат обуката на моќните системи со ВИ да бидат запрени поради стравувањата од закана за човештвото. Тие потпишаа отворено писмо со предупредување за потенцијалните ризици и велат дека трката за развој на системи за вештачка интелигенција е надвор од контрола, пренесе Би-би-си. Помеѓу оние што бараат обуката на ВИ биде стопирана на најмалку...

Бил Гејтс: Започна ерата на вештачката интелигенција

Ко-основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс смета дека развојот на вештачката интелигенција (ВИ) е најважниот технолошки напредок во последните децении. На неговиот блог, Гејтс го нарече развојот на ВИ исто толку фундаментален како создавањето на микропроцесорот, персоналниот компјутер, интернетот и мобилниот телефон. „Тоа ќе го промени начинот на кој луѓето работат, учат, патуваат, добиваат здравствена заштита и комуницираат едни со други....

Гугл го лансираше својот чет-бот Бард, но само за лица над 18 години

Гугл вчера го лансираше својот чет-бот наречен Бард, за почеток во Обединетото Кралство и САД, и во моментов е достапен само за одредени корисници на возраст над 18 години. Станува збор за круцијален момент за компанијата, чија профитабилна услуга за пребарување на Интернет е под ризик да биде надмината од чет-ботовите со вештачка интелигенција (ВИ), и покрај тоа што чет-ботовите...

Нова студија открива кои работни позиции може да бидат заменети од чет-ботови

Кај речиси 80 отсто од работната сила во САД, најмалку 10 отсто од работните задачи би можеле да бидат засегнати од вештачката интелигенција, открива нова студија. Кај 19 отсто од работниците, пак, околу половина од нивните задачи може да бидат погодени од воведувањето на алатки за вештачка интелигенција како ChatGPT. Истражувањето е спроведено од страна на компанијата „Опен АИ“, која...

„Опен АИ“ го најави GPT-4, наследникот на ChatGPT

Компанијата „Опен АИ“ (Open AI) ја најави најновата верзија на својот популарен чет-бот со вештачка интелигенција, ChatGPT. Новата верзија го носи името GPT-4. Компанијата вели дека најновиот модел е покреативен, со помала веројатност да измислува информации и помалку пристрасен од неговиот претходник, пренесува „Гардијан“. Новина кај чет-ботот, како што пишува Би-би-си, е што овој модел може да одговара и на слики...

Германскиот издавач Аксел Спрингер вели дека новинарите би можеле да бидат заменети со вештачка интелигенција

Новинарите се изложени на ризик да бидат заменети со системи за вештачка интелигенција како ChatGPT, изјави извршниот директор на германската медиумска групација Аксел Спрингер, објави Гардијан. Објавата беше соопштена бидејќи издавачот се обиде да ги зголеми приходите на германските весници Билд и Ди Велт и да премине во „чисто дигитална медиумска компанија“. Наведено е дека претстојат кратења на работни места,...

Снепчет го објави својот чет-бот базиран на ChatGPT, наречен „My AI“

Снепчет воведува чет-бот напојуван од најновата верзија на ChatGPT на компанијата „Опен АИ“. Според извршниот директор на Снепчет, Еван Шпигел, чет-ботовите со вештачка интелигенција (ВИ) во голема мера ќе станат дел од секојдневниот живот на голем број луѓе, пишува „Врџ“. Наречен „My AI“ (Моја ВИ), ботот на Снеп ќе биде прикачен во делот на опцијата за разговор на апликацијата. За...

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...