Кина најавува правила за генеративната вештачка интелегенција во државата

Кина најави нови правила за генеративната вештачка интелегенција и станува една од првите земји во светот што ја регулира технологијата која ги напојува популарните услуги како ChatGPT

ai
Jernej Furman from Slovenia, CC BY 2.0, via Wikimedia Commons

Кина најави нови правила за генеративната вештачка интелегенција и станува една од првите земји во светот што ја регулира технологијата која ги напојува популарните услуги како ChatGPT, сооппштува Си-ен-ен. 

Управата за кибернетски простор на Кина, кое е највисокото тело за заштита на интернет во земјата, во четвртокот објави збир на ажурирани упатства за управување со растечката индустрија.

Во споредба со прелиминарниот нацрт објавен во април, новата верзија, која се нарекува „привремени мерки“, се чини дека „олабавила“ на неколку претходно најавени одредби, што сугерира дека Пекинг гледа можност во растечката индустрија додека земјата се обидува повторно да го разгори економскиот раст, со цел да се отворат работни места.

Минатата недела, регулаторите го казнија финансиско-технолошкиот гигант „Ант Груп” за околу една милијарда долари и се чинеше дека конечно е затворено поглавјето за регулаторни акции насочени околу кинеските технолошки гиганти.

Многу технолошки компании како „Алибаба” и „Баиду”, се во процес на лансирање сопствени верзии на чет-ботови со вештачка интелигенција.

Правилата сега ќе важат само за услугите што се достапни за пошироката јавност во Кина. Технологијата што се развива во истражувачки институции или е наменета за употреба од прекуокеанските корисници е изземена.

Државата „ја охрабрува иновативната употреба на генеративната вештачка интелигенција во сите индустрии и полиња“ и го поддржува развојот на „безбедни и доверливи“ чипови, софтвер, алатки, компјутерска моќ и извори на податоци, пишува во документот каде се објавуваат правилата.

Кина, исто така, ги повикува платформите да „учествуваат во формулирањето на меѓународните правила и стандарди“ поврзани со генеративната вештачка интелигенција, се вели во извештајот.

Сепак, меѓу клучните одредби е барањето давателите на услуги за генеративна вештачка интелигенција да вршат безбедносни прегледи и да ги регистрираат нивните алгоритми кај владата, доколку нивните услуги се способни да влијаат на јавното мислење или можат да ја „мобилизираат“ јавноста.