fbpx
Таг: Бугарија

таг: Бугарија

Бугарија се подготвува да подигне „мала ограда“ на границата со Грција

Бугарија е подготвена да постави „мала ограда“ на границата со Грција доколку поголема група мигранти се обиде да влезе во земјата, изјави денеска бугарскиот премеир Бојко Борисов. Борисов во парламентот рекол дека проблемот со бегалците во Бугарија доаѓа од Грција. - Грчката влада веќе неколку месеци не презема мерки, а распоредувањето бродови на НАТО во Егејското Море исто така не дава резултати...

Тргна хуманитарната помош од Бугарија за бегалците во Македонија

Изутринава од Софија, два камиона со хуманитарна помош за бегалците и за мигрантите во транзитниот центар Табановце, крај Куманово, тргна кон Македонија, стои на веб-страницата на Владата на Бугарија. Донацијата е на иницијатива на бугарскиот премиер Бојко Борисов, а се прави во соработка со бугарскиот Црвен крст и со бугарски компании кои доброволно обезбедиле прехранбени продукти и минерална вода. Ова е...

Бугарија ќе донира хуманитарна помош за мигрантите во Македонија

Хуманитарна помош за мигрантите што се сместени во транзитните центри на територијата на Македонија, денеска ќе донира Република Бугарија. Донацијата ќе биде предадена во транзитниот центар за мигранти што се наоѓа во Табановце, во близина на Куманово. Минатата недела бугарскиот премиер Борко Борисов во телефонскиот разговор со македонскиот претседател Ѓорге Иванов најави дека Бугарија ќе испрати хуманитарна помош за бегалците во Македонија.

Софија: Борисов и Иванов договорија заеднички безбедносни операции на границата

Бугарскиот премиер, Бојко Борисов, и македонскиот претседател, Ѓорге Иванов, во телефонски разговор договориле во наредните денови да бидат спроведени заеднички македонско-бугарски копнени и воздушни операции за заштита и за контрола на заедничката граница од илегални премини на мигрантите, стои во соопштение објавено на интернет-страницата на бугарската влада. Како што се појаснува во соопштението, Иванов и Борисов разговарале за проблемот со бегалците...

Борисов: Бугарија ќе испрати војници на границата со Грција

Бугарија ќе испрати повеќе од 400 војници и други припадници на безбедносните сили да ја чуваат границата со Грција, поради стравот дека протекот на мигранти долж балканската рута ќе се зајакне со стоплувањето на времето, изјави денеска бугарскиот премиер Бојко Борисов. - Стотина луѓе, повеќе од 400 од редовите на војската, паравоената полиција и од полицијата, ќе останат овде – изјави...

Бугарскиот премиер добил смртна закана

Бугарскиот премиер Бојко Борисов добил смртна закана, јавуваат бугарските медиуми. На адреса на владата во Софија стигнало писмо со фотографија од Борисов, куршум и заканувачка порака, јавуваат медиумите, повикувајќи се на извори на безбедносните служби. Борисов вели дека не е загрижен и оти сè се случува поради неговата борба против корупцијата и шверцот. Бугарскиот премиер минатата недела нареди да се запрат сите...

Отфрлено барањето за гласање недоверба на бугарската влада

Бугарскиот парламент денеска го отфрли барањето на опозицијата за гласање недоверба на владата на премиерот Бојко Борисов. Барањето на опозицијата е отфрлено со 130 гласа. 80 пратеници гласале „за“, додека пет биле воздржани. Коалициската влада на Борисов, која е на власт од ноември 2014 година, нема апсолутно мнозинство, но има поддршка од две помали партии. Опозицијата ја обвини владата дека не спровела реформи...

Бугарите ја блокираа бугарско-грчката граница

Возачите на камиони во Бугарија денеска на најголемиот граничен премин Кулата-Промахон, го блокирале граничниот преминот со Грција за сите возила, како реакција на блокадата на овој премин од грчките земјоделци, кои веќе осум дена не дозволуваат возачите да ја поминат границата. На граничниот премин Кулата-Промахом е формирана колона на камиони долга околу 30 километри. Бугарското министерство за внатрешни работи соопшти дека е...

Две мигрантки починале од студ во Бугарија

На југоистокот на Бугарија, блиску до турската граница, две жени мигрантки беа пронајдени мртви од студ. Нивните сопатници се испратени во болница, а од нив двајца се во тешка состојба. - Две жени починаа, едната е на возраст од 14 до 16 години, а втората помеѓу 30 и 40 години. Нашите граничари ги држеле во прегратка во обид да ги стоплат, но...

Полска поетеса објави книга на македонски јазик во Бугарија

Во Плевен, Бугарија, објавена е поетската книга „Кога си со друга“ од полската поетеса Калина Изабела Зиола. Издавач на книгата е „Бран“ од Струга, а печатена е во печатницата „Нома“ од Плевен. Автори на препевот се бугарската поетеса Вања Ангелова и македонскиот писател Петко Шипинкаровски, кои воедно се и рецензенти.

Чавков во Софија: Низ Македонија не треба да минуваат повеќе од 3.000 мигранти дневно

Бројот на мигранти што транзитираат преку т.н. западно-балканска рута, која минува и низ територијата на Македонија, е ограничен и не треба да надминува 3.000 мигранти дневно, изјавил меѓу другото, заменик-министерот за внатрешни работи, Митко Чавков, во рамките на третата работна сесија на Салцбург-форумот што се одржува во Софија, Република Бугарија. Чавков рекол дека спроведувањето на мерките од оваа новонастаната состојба ќе...

Хуманитарците ја обвинија Бугарија за бруталност кон бегалците

Британската хуманитарна организација ги обвини бугарските власти за брутален однос кон бегалците. Во најновиот извештај на организацијата се наведени бројни случаи на полициска бруталност и на изнуда. Податоците се собрани врз основа на исказите на бегалците кои од Бугарија минале низ Србија. Дел од белагците, наместо да патуваат од Турција преку море до грчките острови, се одлучуваат да патуваат преку Балканот. Бугарската...

Коѕиас и Митов разговараа за приемот на Западен Балкан во ЕУ

Европската перспектива на државите од Западен Балкан беше една од главните теми на разговорот во Атина меѓу шефовите на грчката и на бугарската дипломатија, Никос Коѕиас и Даниел Митов. Двајцата министри истакнаа дека Грција и Бугарија го поддржуваат обидот за интегрирање на другите држави од Балканот во Европската унија, меѓутоа сметаат дека тој прием во европското семејство не може да се...

Убиен мигрант на бугарско-турската граница

Маж кој патувал со голема група бегалци од Авганистан загинал, кога граничарите во близина на југоисточниот бугарски град Средец отвориле предупредувачки оган, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи на Бугарија. - Нашата гранична патрола и полиција налетала на околу 50 престапници, кои незаконски влегле во нашата земја – рече Георги Костов, генерален секретар на министерството за внатрешни работи за државното...

Верижен судир на 50 возила во тунел во Бугарија, две лица загинаа

Најмалку две лица загинаа, а двајца се потешко повредени во верижен судир на повеќе од 50 возила во тунелот Витинија, на автопатот Софија - Варна. Во судирот кој се случил попладнето, учествувале патнички и товарни возила, наведува бугарската полиција. На местото на несреќата дошле девет возила на брза помош, а се очекува бројот на повредените да биде далеку поголем. Причините за несреќата...

Претседателот Иванов во работна посета на Бугарија

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, од денеска (7 октомври) до петок (9 октомври) ќе престојува во работна посета на Република Бугарија, каде ќе учествува на 6. Состанок на високо ниво во организација на Меѓународниот центар „Низами Ганџави“, што се одржува во Софија, соопштија од кабинетот на претседателот. Во рамките на конференцијата, Иванов ќе се обрати на воведната сесија насловена...

Приведени 125 илегални мигранти во Бугарија

Бугарските власти привеле 125 странци во Софија за илегално минување во земјата, без да поднесат барање за азил. Ваквиот чекор се толкува како сигнал за нејзината посветеност да се справи со бранот мигранти со кој се зафатени нејзините соседи. Генералниот секретар на Министерството за внатрешни работи на Бугарија, Георги Костов, рече дека мигрантите, кои биле приведени доцна синоќа, ќе бидат...

Бугарските власти уапсија петмина осомничени терористи на границата со Македонија

Бугарските власти синоќа уапсиле пет лица осомничени за тероризам на граничниот премин Ѓуешево на границата со Македонија, јавуваат бугарските медиуми. Приведените се косовски државјани, возраст меѓу 20 и 25 години, јавува бугарската НОВА ТВ. Бугарските погранични власти потврдија дека петте странци се уапсени при обид да влезат во Бугарија. Државната агенција за национална безбедност (ДАНС), која раководи со истрагата, соопшти дека уапсените...

Бугарија ја засилува со војска границата со Македонија

Бугарија испраќа оклопни возила на четири гранични премини со Македонија,  за да и помогне на пограничната полиција во случај на прилив на бегалци. „Сакаме превентивно да го засилиме чувањето на границата која ја обезбедува пограничната полиција“, објаснуваат од бугарското министерство. Вкупно 25 војници и неколку оклопни возила се упатени на бугарско – македонските премини, но нивниот број може да се зголеми...

Премиерот Груевски се сретна со бугарскиот министер за надворешни работи

Премиерот Никола Груевски, вчера се сретна со министерот за надворешни работи на Република Бугарија, Даниел Митов. Соговорниците дадоа позитивна оценка за односите меѓу двете земји, и ја истакнаа заложбата и потребата за нивно дополнително интензивирање во сферите од заемен интерес. Премиерот Груевски на средбата истакна дека Република Македонија се залага за континуирано унапредување на добрососедските односи што ќе придонесе за подлабока политичка и...

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...