fbpx

Премиерот Груевски се сретна со бугарскиот министер за надворешни работи

-

Премиерот Никола Груевски, вчера се сретна со министерот за надворешни работи на Република Бугарија, Даниел Митов.

Соговорниците дадоа позитивна оценка за односите меѓу двете земји, и ја истакнаа заложбата и потребата за нивно дополнително интензивирање во сферите од заемен интерес.

Премиерот Груевски на средбата истакна дека Република Македонија се залага за континуирано унапредување на добрососедските односи што ќе придонесе за подлабока политичка и економска соработка во регионот.

Соговорниците разговараа и за работата на работните групи на министерствата за надворешни работи во врска со договорот за добрососедство помеѓу двете земји.

Двете страни ја истакнаа отвореноста на државата за соработка за проекти во областа на патната и железничката инфраструктура, како и интересот за зголемена економска соработка.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...