fbpx

Авганистан: 11 загинати во серија експлозии

-

Најмалку 11 лица, од кои 10 деца, загинаа, а 18 се повредени во серија експлозии кои се случија на гасниот терминал во Херат, на западот на Авганистан, соопшти портпаролот на регионалната болница.

Детонациите се слушнале во целиот град, а фотографиите кои се објавени на интернет прикажуваат дека огнот се издига високо.

За сега не е познато дали станува збор за напад или експлозиите се случајно активирани.

Екстремистите минатата година го нападнаа индискиот конзулат во Херат, третиот град по големина.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.