fbpx
Таг: Бугарија

таг: Бугарија

Германска помош за обезбедување на бугарската граница од напливот на мигранти

Бугарија чека помош од Германија за да се справи со илегалните мигранти. Во план е да се изградат кампови во близина на пограничните реони, а се очекува осум џипови да пристигнат од Германија. Ова го изјави бугарската министерка за внатрешни работи, Румјана Бачварова, по нејзината посета на јужната граница, каде што е поставена ограда. Новите машини за изградба на камповите...

Бугарија ќе го смени својот кандидат за генерален секретар на ОН

Бугарската влада најверојатно ќе ја поддржи номинацијата на Кристалина Георгиева, актуелна еврокомесарка за буџет и за човечки ресурси, за генерален секретар на Обединетите нации, на местото на актуелната кандидатка, Ирина Бокова, велат владини извори во Софија. Ова, според најавите, најверојатно ќе се случи во вторник следната недела, за кога е закажан вонреден министерски состанок, а за истиот ден е најавена...

Европската комисија jа одобри изградбатa на гасоводната мрежа „Балкан“

Европската комисија ја одобри изградба на гасоводната мрежа „Балкан“, која треба да се гради во Бугарија. На инвеститорската конференција, што се одржа во Варна, Бугарија, премиерот Бојко Борисов рече дека ова одобрение веќе дава основа да почнат преговори за собирање максимални количества природен гас. Тој вели дека ЕУ ѝ е должник на Бугарија во однос на испораките на гас бидејќи земјата...

Бугарската полиција уапсила стотина мигранти

Бугарската полиција во последните три дена на подрачјето на Софија уапсила стотина илегални мигранти без документи. Полицијата денеска привела 25 мигранти, а во саботата открила седум деца, на возраст од една од три години, кои биле придружувани од двајца мажи и од три жени. Бугарската полиција во последните месеци е соочена со голем прилив на мигранти, кои на нејзина територија илегално...

МНР: Не патронизираме, туку работиме на добрососедски односи со Бугарија и Грција

Министерството на надворешни работи на Македонија се фокусира на зајакнување на добросеседските односи со Бугари и Грција преку реални проекти, а не преку патронизирање, соопшти денеска македонското Министерство за надворешни работи, како реакција на декларацијата на Софија и Атина во која испратија индиректна порака до македонската влада да се придржува до европските принципи за владеење на правото и демократските...

Грција и Бугарија ја повикаа македонската влада да го почитува владеењето на правото

Грција и Бугарија бараат Балканот да покаже демократски вредности и да го напушти стариот националистички менталитет. Тие испратија индиректна порака до македонската влада да се придржува до европските принципи за владеење на правото, одржување на демократски вредности и за почитување на добрососедските односи. Индиректната порака доаѓа преку заедничката декларација на грчката и на бугарската влада, која вчера беше потпишана...

Грчката и бугарската влада на заедничка седница во Софија

Грчкиот премиер Алексис Ципрас денеска е во еднодневна посета на Софија за заедничката седница на грчката и на бугарската влада. Ципрас ќе има тет-а-тет средби со својот бугарски колега, Бојко Борисов, и со претседателот на Бугарија, Росен Плевнелиев. Заедно со Ципрас во Софија се и грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕиас, како и министрите за миграција, економија, туризам, труд...

Ципрас во Софија ќе разговара и за ситуацијата во Македонија

Грчкиот премиер Алексис Ципрас в понеделник заминува за Софија на заедничка владина седница меѓу Грција и Бугарија. Ципрас во бугарската престолнина ќе се сретне со премиерот Бојко Борисов и со претседателот Росен Плевнелиев, а потоа ќе има заедничка седница меѓу грчката и бугарската влада, за што во Софија доаѓаат речиси половина од министрите на СИРИЗА. На состаноците се очекува да...

Во Бугарија уништени 152 килограми дрога во вредност од 14 милиони евра

Во Бугарија денеска беа уништени 153 килограми дрога чија вредност на нарко-пазарот е проценeта на 14 милиони евра. Станува збор за 35 килограми хероин, 27 килограми амфетамин, 75 килограми марихуана и други наркотични супстанци, соопшти бугарската царина. Дрогата е уништена врз основа на 479 судски пресуди. Бугарската царина во изминатите шест години организирала 53 процедури во кои се уништени вкупно 36 тони...

Коѕиас и Рама разговарале за политичката криза во Македонија

Политичката криза и случувањата во Македонија се најдоа на агендата на разговори меѓу шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас, и албанскиот премиер Еди Рама. Во изјава за грчката информативна агенција АПЕ, по средбата, Коѕиас посочил дека главни теми на разговор биле билатералните прашања, но и ситуацијата во поширокиот регион, со фокус на состојбата во Македонија. Рама и Коѕиас разговарале за...

Борисов со Иванов: Загрижени сме поради политичката криза во Македонија

Бугарскиот премиер Бојко Борисов на денешната средба со македонскиот претседател, Ѓорге Иванов изразил загриженост за ситуацијата во земјава и потенцирал дека таа може да се разреши само преку дијалог меѓу сите политички партии, се наведува во соопштението од неговиот кабинет. „За време на разговорот премиерот Борисов изрази загриженост за ситуацијата во соседна Македонија. Како добар пријател на Република Македонија, Бугарија...

Иванов денеска ќе се обрати на Самитот на ПСЈИЕ во Бугарија

Претседателот Ѓорге Иванов денеска во Софија ќе учествува и ќе има обраќање на Самитот на шефови на држави и на влади на земјите членки на Процесот за соработка во Југоисточна Европа. Самитот, кој одбележува 20 години од иницијативата и е насловен „ПСЈИЕ - 20 години клуч кон регионална соработка“, се одржува во рамките на бугарското претседателство. Македонскиот претседател веќе се...

Бугарија изгради 35 километарска ограда кон Турција

Бугарија изгради уште 35 километри ограда на границата со Турција во регионот Јамбола за да ги спречи илегалните преминувања на мигрантите. Во истата област веќе постои ограда со должина од 30 километри. Регионалниот гувернер Димитер Иванов рече дека е изграден и пристапен пат и додаде дека поради тешкиот и непристапен терен како и поради непостојаната сообраќајна инфраструктура градењето било комплицирано. Бугарија гради...

Екстрадираниот Даневски бил уапсен при рутинска сообраќајна контрола

Поранешниот директор на Ветеринарната управа Зоран Даневски, од пред неколку дена е во штипскиот затвор, по негова екстрадиција од Бугарија каде се криеше од македонските власти кои го бараа со меѓународна потерница поради злоупотреби во агрокомбинатот „Џумајлија“, каде беше извршен директор. Во штипскиот затвор веќе една година се наоѓа неговиот постар брат, Слободан Даневски поранешен пратеник и градоначалник...

Даниел Митов: Македонија мора да ги исполни реформите договорени со ЕУ

Бугарија апелира македонските политичари да постигнат договор и да спроведат регуларни избори за да се надмине политичката криза и Македонија да може да продолжи непречено на нејзиниот пат кон Европската Унија и кон НАТО. Ова го порача бугарскиот министер за надворешни работи, Даниел Митов, во интервју за „Мета“. Митов вели дека Бугарија продолжува да ја поддржува Македонија за членство во ЕУ, меѓутоа...

Попоски: Тензиите кај Идомени да не влијаат на дијалогот за градење доверба со Грција

Шефовите на дипломатиите на Македонија, Грција, Албанија и на Бугарија денеска во Солун разговараат за зајакнување на меѓуграничната соработка за бегалската криза. На средбата учествува македонскиот министер за надворешни работи, Никола Попоски, и делегација од македонското Министерство за внатрешни работи, кои ќе дискутираат за надминување на предизвиците од бегалското прашање, спречување на нелегалниот шверц на бегалци и на мигранти,...

Борисов: На Груевски не сакам ни добар ден да му кажам

Бугарскиот премиер Бојко Борисов вчера во Софија изјави дека воопшто не комуницира со македонскиот премиер Никола Груевски. - Кој што ме познава, знае дека со Груевски не зборувам. Не сакам ни добар ден да му кажам. Тие што ме познаваат, знаат дека избегнувам секаква средба – рече Борисов, додавајќи дека Груевски повеќепати барал да се сретнат. Борисов рече дека не му...

Плевналиев во разговор со Иванов изразил загриженост за случувањата во Скопје

Бугарскиот претседател, Росен Плевналиев, во телефонски разговор со претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов, изразил загриженост за случувањата во Скопје и надеж за намалување на тензиите. „Како добар сосед и во својство на претседател на Процесот за соработка на Југоисточна Европа, Бугарија е подготвена да соработува за наоѓање решение“, истакнал Плевналиев за време на разговорот.  Решението, според него, е во дијалогот, во...

Борисов: Податоците од Иванов за мигрантските рути ги предадов на ДАНС

Информациите добиени од македонскиот претседател, Ѓорге Иванов, за новите мигрантски рути, ги предадов на службите, изјави денеска во бугарскиот парламент премиерот на земјата, Бојко Борисов, пренесува „БГНес“. - Тоа што пред неколу дена претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, ме замоли, јас го пренесов на средбата на Европскиот совет. Нивните служби ги добија новите рути. Сето тоа е доставено на...

Иванов: Сакам Бугарија да ја прегрне Македонија и да ја поддржува

Претседателот Ѓорге Иванов во интервју за бугарската новинска агенција „БГНес“ изјави дека не постојат јазични бариери со Бугарија и оти таа треба најмногу да ја поддржува Македонија и да ја прегрне. - Сакам Бугарија да биде државата што најмногу ќе ја поддржува Македонија, Како што се вели, да ја прегрне Македонија. Ние немаме јазична бариера. Имаме отворени прашања од минатото. Не можеме да...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...