fbpx

Европската комисија jа одобри изградбатa на гасоводната мрежа „Балкан“

-

Европската комисија ја одобри изградба на гасоводната мрежа „Балкан“, која треба да се гради во Бугарија. На инвеститорската конференција, што се одржа во Варна, Бугарија, премиерот Бојко Борисов рече дека ова одобрение веќе дава основа да почнат преговори за собирање максимални количества природен гас.

Тој вели дека ЕУ ѝ е должник на Бугарија во однос на испораките на гас бидејќи земјата била лојална и дисциплинирана и ги исполнила сите европски барања.

– Нема да дозволиме Бугарија да биде опкружена и ќе го користиме правото на вето – рече Борисов.

Борисов посочи дека во последните години Бугарија има направено инвестиции во модернизација на мрежата за пренос на гас и капацитетот е зголемен за 15 милијарди кубни метри годишно, како и дека земјата е профитабилен партнер за сите што имаат интерес за транзит на природен гас во Европа.
Бугарија има и стратешка позиција за гасниот центар, посочи премиерот.

– Ако земјата не го реализира проектот и остане само со гасната врска со Грција, повторно ќе останеме зависни – посочи бугарскиот премиер во Варна.

Бугарија очекува трилатерални состаноци меѓу Европската комисија, Бугарија и секој што е подготвен да учествува во гасниот центар.

Интерес веќе искажаа Азербејџан, Туркменистан, Иран, САД и Русија, изјави бугарскиот премиер. Тој посочи дека досега преговори со руската страна за гасниот центар не биле водени бидејќи тој бил само на ниво на идеен проект и без одобрение од Брисел.

Борисов ја повика Европската комисија да обезбеди строга имплементација на европските правила и во однос на Грција, ако Русија одлучи да извезува гас во Европа преку „Турски тек“.

Првичната идеја на овој гасовод е дел од гасот да оди за турскиот пазар, а дел за Европа преку гасен центар во близина на турско-грчката граница.

Извршниот директор на „Булгартрансгаз“, Георги Гегов, на почетокот на конференцијата рече дека се подготвени четири варијанти за реализација на проектот и начини за финансирање.

Гасниот центар „Балкан“ има цел да ги поврзе сите извори на гас во регионот на Југоисточна Европа, изјави вицепремиерот за европски фондови и економската политика на Бугарија, Томислав Дончев, при отворањето на тркалезната маса.

Според него, проектот не е конкурентен на другите гасни центри што се разгледуваат или се градат во моментов.

Дончев објасни дека изворите на гас до центарот се неколку – руски гас преку новиот гасовод или од постоечкиот балкански нафтовод (во Украина и во Романија), од Каспискиот Регион, или течен гас од терминали на Грција и на Турција, како и од сопствено производство.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Тенденциозно и без докази се обвинува дека Украина и Западот стојат зад терористичкиот напад во Москва

Одговорноста за нападот во Москва ја презеде милитантната група Исламска држава (ИСИС). Ден по нападот, на 23 март, ИСИС објави фотографија од четворицата напаѓачи. На 24 март, пак, ИСИС...