fbpx

Приведени 125 илегални мигранти во Бугарија

-

Бугарските власти привеле 125 странци во Софија за илегално минување во земјата, без да поднесат барање за азил. Ваквиот чекор се толкува како сигнал за нејзината посветеност да се справи со бранот мигранти со кој се зафатени нејзините соседи.

Генералниот секретар на Министерството за внатрешни работи на Бугарија, Георги Костов, рече дека мигрантите, кои биле приведени доцна синоќа, ќе бидат испрашани, а потоа можеби ќе им се додели статус на бегалци.

Бугарија испрати воени трупи на границите за да се справи со мигрантската криза, соопшти вчера бугарското МВР, додавајќи дека трупите ќе се фокусираат на илегалните мигранти, кои пристигаат во земјата преку Турција. Бугарија на 160-километарската граница со Турција ја продолжи безбедносната ограда, постави камери и сензори за движење.
Ова не е прв случај на апсење мигранти, но првпат нивната бројка е толку голема.

Министерката за внатрешни работи, Румијана Балварова, соопшти дека Бугарија размислува да отвори шест центри за регистрација „за да се спречи тоа што се случува во Македонија и во Србија“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...