Бугарија ќе донира хуманитарна помош за мигрантите во Македонија

Хуманитарна помош за мигрантите што се сместени во транзитните центри на територијата на Македонија, денеска ќе донира Република Бугарија.

Донацијата ќе биде предадена во транзитниот центар за мигранти што се наоѓа во Табановце, во близина на Куманово.

Минатата недела бугарскиот премиер Борко Борисов во телефонскиот разговор со македонскиот претседател Ѓорге Иванов најави дека Бугарија ќе испрати хуманитарна помош за бегалците во Македонија.