Бугарија се подготвува да подигне „мала ограда“ на границата со Грција

Бугарија е подготвена да постави „мала ограда“ на границата со Грција доколку поголема група мигранти се обиде да влезе во земјата, изјави денеска бугарскиот премеир Бојко Борисов.

Борисов во парламентот рекол дека проблемот со бегалците во Бугарија доаѓа од Грција.

– Грчката влада веќе неколку месеци не презема мерки, а распоредувањето бродови на НАТО во Егејското Море исто така не дава резултати – рече Борисов, одговарајќи на пратеничко прашање.

Бугарскиот премиер истакна дека се следи движењето на бегалците и оти бугарските служби редовно добиваат информации за тоа.

Борисов изрази надеж дека со неговиот предлог за антитерористички закон ќе се надминат сите проблеми со кои се соочуваат безбедносните служби, кога станува збор за можни терористички закани.