fbpx

Борисов: Бугарија ќе испрати војници на границата со Грција

-

Бугарија ќе испрати повеќе од 400 војници и други припадници на безбедносните сили да ја чуваат границата со Грција, поради стравот дека протекот на мигранти долж балканската рута ќе се зајакне со стоплувањето на времето, изјави денеска бугарскиот премиер Бојко Борисов.

– Стотина луѓе, повеќе од 400 од редовите на војската, паравоената полиција и од полицијата, ќе останат овде – изјави премиерот Борисов, по воената вежба на бугарските безбедносни сили.

Должината на границата меѓу Грција и Бугарија изнесува 470 километри, која главно ја сочинуваат планини, а само една третина би можела да биде проодна за мигрантите.

Минатиот месец, бугарскиот парламент ѝ даде овластувања на војската за да помогне во чување на границата со Грција бидејќи војниците порано можеа да пружаат само техничка и логистичка поддршка.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...