fbpx
Таг: Бугарија

таг: Бугарија

Бугарија најави црвени линии за ЕУ-преговорите на Македонија, и во Грција исти тонови

И бугарскиот претседател Румен Радев и премиерот Бојко Борисов по консултативната средба во претседателскиот кабинет претпладнево излегоа со најави за црвени линии во поглед на бугарската поддршка за зачленување на Македонија во ЕУ, иако не го посочија специфично 17 октомври, кога од ЕУ се очекува датум за преговори за Македонија, како момент за бугарско вето. И од Грција стасаа повторни...

Бугарското ВМРО ќе ја напушти владата ако Софија ја поддржи Македонија за членство во ЕУ

Бугарскиот вицепремиер за јавен ред и безбедност и министер за одбрана, истовремено и претседател на бугарската политичка партија ВМРО-БНД, Красимир Каракачанов, викендов порача дека тој и неговата партија нема да го поддржат членството на Северна Македонија во ЕУ. Тој побара истиот став да го усвои и владата на Бугарија, а во спротивно неговата партија ќе ја напушти владејачката коалиција. Каракачанов...

За Гоце Делчев тој самиот и историјата зборуваат подобро од бугарските историчари

Во гостување во утринската програма на бугарската телевизија бТВ на 24 септември годинава, професорот Кирил Топалов, член од бугарската страна на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања, која се состои од експерти од Бугарија и Македонија, зборуваше за работата на Комисијата и за средбата со претседателот на Бугарија, Румен Радев. Притоа Топалов ги повтори речиси идентично сите...

Ковачев го прогласи Пендаровски „за заведен или неписмен“

Со остри зборови европратеникот од бугарската владејачка партија ГЕРБ, односно од Европската народна партија, Андреј Ковачев се нафрли на македонскиот претседател Стево Пендаровски, поради неговата изјава дека „земањето бугарски пасоши од страна на Македонци поради интерес е во истиот историски контекст во кој Гоце Делчев во 1900-та година не можел да се напише нешто друго освен Бугарин“. Ковачев рече...

Во Софија бугарско-македонската комисија ќе расправа за Гоце Делчев

Во Софија на најновиот состанок на заедничката македонско-бугарска експертска комисија, денеска ќе се расправа за ликот и делото на Гоце Делчев и чиј е овој македонски револуционер, кој се борел за автономна Македонија. На вчерашниот дел од дводневниот состанок, експертите во Софија работеле по претходно разменетите предлог идеи за усогласување на препораки за учебниците за седмо одделение во Република Македонија...

Истражување предупредува на влијанието на руските пропагандни кампањи врз готовноста на црноморските членки на НАТО 

Известувајќи за неодамнешно истражување за состојбите на Црноморската флота на Романија и Бугарија, бугарскиот весник „Дневник“ како особен проблем го посочува влијанието на кампањите за дезинформации со кои Кремљ ги дестабилизира тие општества.  Според научниот труд од областа на безбедноста „Селективното  морско слепило на НАТО – проценка на новите морнарици на алијансата“ (NATO’s Selective Sea Blindness – Assessing the Alliance’s New Navies) од Томас-Дурел Јанг, објавено во...

Милион евра оставиле Македонците за вињети за бугарските патишта

Македонските граѓани купиле 85.000 електронски вињети за користење на бугарските патишта во периодот од 1 јануари до 13 август годинава. Бугарската министерка за регионален развој и урбанизам Петја Аврамова вчера од Скопје ги пофали возачите со македонски регистарски таблички дека се едни од најревносните плаќачи на надоместокот за патишта, од кои бугарската држава овие месеци инкасирала над 1 милиони...

Бугарија сака да гради автопат од Софија до бугарско – македонската граница

Бугарија би сакала Софија и Скопје во иднина да се поврзани со автопат и со брза железница. Забрзаната изградба на паневропскиот Коридор 8 е од особено значење за Бугарија, изјави денеска бугарската министерка за регионален развој и урбанизам Петја Аврамова. Таа денеска беше во посета на Скопје, каде со министерот за локална самоуправа Горан Милевски го потпишаа Меморандумот за...

Македонија сака да учествува во изградбата на нуклеарката „Белене“ во Бугарија

Државната компанија ЕСМ испратила писмо за намери за учество во проектот за изградба на бугарската нуклеарна централа „Белене“. Информацијата денеска ја изнесе бугарската министерка за енергетика Теменушка Петкова, а новинската агенција МИА преку изјава од македонската влада ја потврди ваквата вест. Како што јавуваат бугарските медиуми, македонското ЕСМ е едно од 13 - те компании што се пријавиле на повикот...

Македонија не ѝ упати протесна нота на Бугарија

Српскиот портал „Телеграф“ неодамна (15.07.2019) објави текст со погрешен наслов: „Заев ѝ упати протесна нота на Бугарија: Ние не сме Северни Македонци“. Станува збор за напис кој се повикува на македонскиот портал „Фактор“ и во содржинскиот дел точно ја пренесува изјавата на премиерот Зоран Заев, во која тој фактички најавува дека ќе испрати протесна нота до Софија, поради тоа што...

Обезбедивме 580 милиони евра за железничката пруга од Куманово до бугарската граница, вели Заев

Во интервју за бугарската приватна новинска агенција „БГНЕС“, македонскиот премиер Зоран Заев порача дека пругата од Куманово до бугарската граница би требало да биде пуштена во употреба најдоцна до 2025 година, а за изградбата на третата фаза, од Крива Паланка до Бугарија ќе бидат потрошени 405 милиони евра, од кои 345 милиони евра кредит, кој заеднички ќе го дадат...

К’нев: Ромите, муслиманите и Македонците се најчеста мета на дезинформации во Бугарија

Красимир К’нев е еден од основачите и сегашен претседател на Бугарскиот хелсиншки комитет (БХК). Докторирал на софискиот универзитет „Свети Климент Охридски“ и специјализирал човекови права на  универзитетот „Колумбија“ во Њујорк. Покрај претседателствувањето со БХК, тој предава човекови права на „Свети Климент Охридски“, а предавал и на универзитетот во Пловдив „Пајсиј Хилендарски“, универзитетот во Сараево, Централноевропскиот универзитет и на универзитетот...

Иван Георгиев: Во Бугарија речиси и нема борба против дезинформациите

Иван Георгиев е водител и репортер на една од најголемите телевизии во Бугарија, бТВ. Во последните неколку години известувал и имал емисии за некои од водечките настани во регионот, од тоа во значителен обем и во Македонија, како и во светот. Дипломирал новинарство на софискиот универзитет „Свети Климент Охридски“ и добитник е на бројни новинарски награди – меѓу нив...

Димитров: Со меѓусебна почит можат да се решат сите прашања со Бугарија

Министерот за надворешни работи Никола Димитров смета дека нашата земја со Бугарија споделува заеднички цели и оти ќе се изнајде пат, со меѓусебно пријателство и почит, да се решат проблемите кои избија во последниот период. – Убеден сум дека со Бугарија споделуваме крупни заеднички цели. Како соседи што потпишаа Договор за пријателство, кој допира и до многу деликатни и емотивни...

Анализа: Северна Македонија и Бугарија повторно се скараа за историјата

Двете балкански земји Северна Македонија и Бугарија, кои пред две години потпишаа договор за добрососедство, се судрија околу потеклото на историската личност на Гоце Делчев, прашање кое го заостри речникот на високи државни политичари во земјата, пишува „Порталб“. Бранот реакции прва го започна бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева, која на неколку јавни настапи изјави дека е неприфатлив предлогот...

Борисов: Македонците треба уште да созреат за датум за преговори со ЕУ

Бугарскиот премиер Бојко Борисов синоќа во Брисел во изјави за новинарите порачал дека Македонците треба уште да созреат за да добијат датум за почеток на преговори за приклучување на ЕУ, јави бугарската новинска агенција „БГНЕС“. -Тие треба уште многу работи да поправат. Не ме разбирајте погрешно, но сè додека се спори дали е Гоце Делчев Бугарин или Македонец - таа...

Захариева: Подобро е што Северна Македонија и Албанија не се разделени

Ќе биде историска грешка ако преговорите за присоединување на Северна Македонија и Албанија кон Европската Унија не почнат сега, но добро е што во моментот двете земји не се разделени, порача вчеравечер во изјава за бугарското радио „Хоризонт“ бугарската вицепремиерка и министер за надворешни работи Екатерина Захариева. Таа ваквата порака ја упати спроти заседанието на Европскиот совет, кој се одржува...

Патарини: Кај нас грабеж, во соседството попуст за редовните возачи (инфографик)

Македонија е една од ретките балкански земји каде што не е воведена месечна или годишна карта за плаќање патарина. Така, возачите што секојдневно патуваат од Тетово, Велес, Куманово, Гостивар или Гевгелија за Скопје треба да платат и по неколку пати повисока цена за користење на услугите на патиштата во споредба со соседните балкански земји. Во Бугарија, на пример, електронската...

Грција направи тест-летови, а не летови за заштита на македонското небо

Во големиот број вести објавени вчера, па и денеска, во бугарските медиуми за вчерашните тест-летови на грчки воени авиони - ловци на небото над Македонија, заради испитување на комуникациите и радарското покривање, речиси сите без еден ги пренесоа коректно фактите и во насловите и во текстовите.Сите напоменуваа дека станува збор за подготовки за заштита на небото над Македонија како...

Телефонирањето во ЕУ наскоро со регулирани цени, најмногу до 19 евроценти за минута

Од 15 мај телефонирањето и испраќањето СМС-и од една во друга земја на Европската Унија ќе биде по регулирани цени, односно највисоката цена ќе биде 19 евроценти за минута, а највисоката цена за СМС ќе биде шест евроценти. Наспроти тоа, телефонирањето од земја-членка на ЕУ кон друга земја, и понатаму спаѓа под слободно формирање на цените од страна телеком-операторите,...