fbpx

Бугарија сака да гради автопат од Софија до бугарско – македонската граница

-

Бугарија би сакала Софија и Скопје во иднина да се поврзани со автопат и со брза железница. Забрзаната изградба на паневропскиот Коридор 8 е од особено значење за Бугарија, изјави денеска бугарската министерка за регионален развој и урбанизам Петја Аврамова. Таа денеска беше во посета на Скопје, каде со министерот за локална самоуправа Горан Милевски го потпишаа Меморандумот за соработка меѓу двете министерства.

– Сега се соочуваме со предизвикот да бараме можности за автопатот Дупница – Ќустендил – Ѓуешево за што бараме стратешки инвеститор – изјави министерката Аврамова.

Таа додаде дека Бугарија ќе има повеќе средства за патната инфраструктура во наредните години, бидејќи во тек е воспоставување на електронски систем за собирање патарини за патување низ бугарските патишта.

За разлика од Бугарија, нашата земја веќе отпочна со реконструкција и надградба на патната инфраструктура од Коридорот 8. Во моментов се реконструира патот Ранковце – Крива Паланка, а кон крајот на годинава ќе започне и реконструкцијата на постојната траса од Куманово до Ранковце.

Македонија сега гради и нов експресен пат меѓу Ранковце и Крива Паланка, а есенва ќе ја започне реконструкцијата и надградбата на постојниот пат меѓу Крива Паланка и граничниот премин Деве Баир. Сите проекти треба да завршат во 2021 година.

Од бугарската страна на граница, министерката Петја Аврамова истакна дека во моментов се работи на изградба на граничниот премин Клепало кај Берово. Бугарската агенција за патна инфраструктура врши санација на 20 километри од патот Струмјани – Раздол – бугарско – македонска граница, а дополнителни 8,8 километри од трасата бараат изградба и реконструкција на патот за да се одговори на современите барања за транспортната комуникација.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...