fbpx

Обезбедивме 580 милиони евра за железничката пруга од Куманово до бугарската граница, вели Заев

-

Во интервју за бугарската приватна новинска агенција „БГНЕС“, македонскиот премиер Зоран Заев порача дека пругата од Куманово до бугарската граница би требало да биде пуштена во употреба најдоцна до 2025 година, а за изградбата на третата фаза, од Крива Паланка до Бугарија ќе бидат потрошени 405 милиони евра, од кои 345 милиони евра кредит, кој заеднички ќе го дадат Европската инвестициска банка (ЕИБ) и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР). Заев вели дека Коридорот 8 е работа што не може да се запре, дека сè е завршено, има проекти и парите се обезбедени.

Тој објаснува дека за изградбата на пругата што би ги поврзала Скопје и Софија, Северна Македонија за својот дел обезбедила вкупно 580 милиони евра, главно кредити, а и два гранта.

– Македонија обезбеди 580 милиони евра за изградбата на железничката пруга од Куманово до бугарската граница. Со тоа ќе имаме целосно железничко поврзување од Скопје до Софија. Рокот за пуштање во употреба е не подоцна од 2025 година. Првата фаза веќе се гради интензивно. Во моментот се одлучува за изведувач на втората фаза, за којашто имаме грант од 68,7 милиони евра Western Balkans Investment Fund, тоа е од Берлинскиот процес. Ние дополнително земаме уште некои 80 милиони евра кредит од ЕБРД. Третата фаза е најголема, 405 милиони евра. Овде добивме грант од 60 милиони евра од ИПА и земаме кредит од 345 милиони евра. Направивме конзорциум меѓу ЕИБ и ЕБОР. Тоа се огромни пари за Република Северна Македонија – вели Заев.

На прашањето дали има ризик сепак да биде сопрен проектот, Заев вели дека нема шанси за такво нешто.

– Никој не може да го сопре. Има проекти, сè е завршено, парите се обезбедени и овие проекти ќе се градат – категоричен е Заев.

Тој во контекст на изградбата на Коридор 8, потсетува дека се работи и на изградба на експресниот пат од Куманово до бугарска граница.

– На две делници е добиен. Едната делница ја гради „Гранит“, а другата италијанска компанија. Периодот е две години за да се изгради. И многу брзо повеќе нема да одиме по дупките до Софија, или вие од Софија кон Скопје – вели Заев.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...