fbpx

Милион евра оставиле Македонците за вињети за бугарските патишта

Македонските граѓани купиле речиси 85.000 електронски вињети за користење на бугарските патишта во периодот од 1 јануари до 13 август годинава, од кои бугарската држава овие месеци инкасирала над 2 милиони лева

-

Македонските граѓани купиле 85.000 електронски вињети за користење на бугарските патишта во периодот од 1 јануари до 13 август годинава. Бугарската министерка за регионален развој и урбанизам Петја Аврамова вчера од Скопје ги пофали возачите со македонски регистарски таблички дека се едни од најревносните плаќачи на надоместокот за патишта, од кои бугарската држава овие месеци инкасирала над 1 милиони евра.

– Ова ја става Северна Македонија на петто место меѓу странските возила во продажба на е – вињета. Претходат Романија, Турција, Германија и Грција – изјави министерката Аврамова.

За разлика од патарините на македонските автопати, висината на надоместокот за користење на патиштата во Бугарија е многу помал. Возачите преку Интернет за својот автомобил можат да си купат е – вињета со траење од еден викенд, една недела, еден месец, три месеци или една година. Електронската вињета за еден месец во Бугарија чини 940 денари и овозможува неограничено користење на целокупната патна мрежа во тој период.

Новиот систем за електронска вињета во Бугарија беше воведен на 1 јануари годинава, а од него бугарската држава очекува зголемување на приходите од наплатата на надоместокот за користење на патиштата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...