Ковачев го прогласи Пендаровски „за заведен или неписмен“

-

Со остри зборови европратеникот од бугарската владејачка партија ГЕРБ, односно од Европската народна партија, Андреј Ковачев се нафрли на македонскиот претседател Стево Пендаровски, поради неговата изјава дека „земањето бугарски пасоши од страна на Македонци поради интерес е во истиот историски контекст во кој Гоце Делчев во 1900-та година не можел да се напише нешто друго освен Бугарин“. Ковачев рече дека исказот на македонскиот претседател е навредлив и за македонските Бугари и нивните предци што живееле „во тие земји“, како и за сегашните македонски Бугари.

-Ужасна е некомпетентноста на претседателот Пендаровски – или некој го завел или тој самиот е неписмен. Свесен сум какви политички цели следат. Не сакаат да ја признаат историската академска вистина. Тие се во тешка политичка криза – владата е под голем притисок од опозицијата за предвремени парламентарни избори, за тоа што ќе се случи во октомври во Брисел – дали Македонија и Албанија ќе добијат датум за преговори за зачленување во ЕУ, и се обидуваат да ја зацврстат поддршката од македонското општество за нив – рече бугарскиот пратеник во Европскиот парламент во емисијата „Ова е Бугарија“ на бугарското радио „Фокус“.

Ковачев вели дека Бугарија не сака да го менува етничкото самоопределување на Македонците „зашто тие имаат право на тоа“ но не чини да ја одрекуваат и да ја манипулираат историјата на нивните претци“.

– Ако се продолжи по истиот пат од времето на Титова Југославија и по ова, не се знае колку бргу Северна Македонија би можела да се интегрира во ЕУ – вели Ковачев.

Претседателот Пендаровски инаку предизвика поприлична контроверзија во Македонија, а пофални реакции во Бугарија (вклучително и од европратеникот Андреј Ковачев) во јуни, кога во емисијата „360“ на Алсат – М рече дека Гоце Делчев се изјаснувал за Бугарин, ама се борел за самостојна македонска држава.

– Значи, неспорна историска вистина е, за сите што имаат малку познавање од тој историски период, дека Гоце Делчев се изјаснувал како Бугарин. Но, дали не е историска вистина, стопроцентна, дека Гоце Делчев се борел за македонска држава? Автономија, независна држава, па дури на крајот оставил аманет неговите коски да почиваат во независна Македонија – рече Пендаровски (од 19-та секунда во видеото)

Лажна е фотографијата со холивудскиот знак во пламен

Организацијата која го одржува знакот и управува со своите веб-камери, објави на Инстаграм дека фотографиите на споменикот во пламен се лажни Анализираме објава на Фејсбук која споделува фотографија од знакот Холивуд во Лос Анџелес како гори...

Претседателот на УПОЗ ги отфрла обвинувањата од владата за политизација на протестите

Синдикатот на УПОЗ ги отфрла обвинувањата од владата за политизација на протестите, истакна претседателот Трпе Деаноски на денешниот протест пред Министерството за култура. „Секој обид на Владата или политичките партии да докажат...

Ова видео од пожарите во Лос Анџелес е креирано со вештачка интелигенција

Видеото не се појавува во ниту една снимка од кредибилни новински агенции или светски медиуми, коишто широко известуваат за пожарите во Лос Анџелес. Проверувачите на факти на Њуз Метер пишуваат дека...

Израелскиот премиер негира дека Хамас се согласил на договорот со Газа за целосен прекин на огнот

Од канцеларијата на израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, негираат дека Хамас се согласил на предлогот за прекин на огнот во Газа, откако еден израелски функционер изјави дека палестинската милитантна група дала одобрение,...

Лажна е фотографијата со холивудскиот знак во пламен

Организацијата која го одржува знакот и управува со своите веб-камери, објави на Инстаграм дека фотографиите на споменикот во пламен се лажни Анализираме објава на Фејсбук која споделува фотографија од знакот Холивуд во Лос Анџелес...