четврток, 16 април, 2026
Meta.mk

Ознака: ЕП | 20 резултати

Не е точно дека претставници на Европскиот парламент го газат знамето на Донецката Народна Република

декември 15, 2022

Оваа информација e објавена на 8 декември годинава, на Јаху Њуз. Луѓето кои го газат знамето воопшто не се претставници на Европскиот парламент, а видеото е снимено месеци по почетокот на воената инвазија на Русија врз Украина, така што ова видео не би можело да биде една од причините за инвазијата, спротивно на она што […]

Европратенички и Никола Димитров со разочарување за бугарските блокади, Александар Јорданов среќен од „убавиот“ ден

март 26, 2021

По вкрстувањето на копјата меѓу поддржувачите на Северна Македонија и поддржувачите на тезите на Бугарија за историјата на вчерашната пленарна седница на Европскиот парламент (ЕП), кога се гласаше за Извештајот за Северна Македонија од известувачот – европратеникот Илхан Ќучук, од ЕП вчера попладне повторно разочарување од бугарската блокада на евроинтеграциите на земјава, заедно со изрази […]

На состанокот на Мешовитиот парламентарен комитет благодарност за поддршката од ЕУ и разочарување од бугарската блокада

март 25, 2021

Разочарување што Северна Македонија не доби датум за почеток на преговорите со ЕУ, критики кон Бугарија за блокирањето на евроинтеграциите на земјава, но апел за конструктивно и одговорно однесување на сите партии во Собранието, пропратено со високи оценки за досега постигнатото во Северна Македонија во реформите. Ова се главните теми кои се дискутираа на денешниот […]

Илхан Ќучук од Бугарија е новиот известувач на ЕП за Македонија

октомври 17, 2019

Европратеникот Илхан Ќучук од Бугарија ќе биде новиот известувач за Македонија јави „Јуропиан Вестерн Балканс“ (European Western Balkans). Ќучук е член на групата пратеници За обнова на Европа (Renew Europe), порано позната како Алијанса на либералите и демократите (АЛДЕ). И поранешниот ивестувач за Македонија на Европарламентот, Иво Вајгл, и припаѓаше на оваа група пратеници. Ќучук […]

ЕП: Руската пропаганда во ЕУ од јануари досега двојно поголема отколку во 2018

октомври 10, 2019

Странското мешање во изборите се заканува на демократските општества во Европа, а ги потпомага анти ЕУ силите, десничарските екстремисти и популистите. Русија, која е најголем извор на дезинформации, годинава двојно ги удвоила своите напори, па од почетокот на годинава досега се забележани 998 случаи на дезинформации поврзани со Русија, наспроти вкупно 434 случаи во 2018 […]

Определени политичките групи од кои ќе бидат известувачите на ЕП за Западен Балкан

октомври 1, 2019

Како што јавува порталот Европски Западен Балкан (EWB) Европскиот парламент веќе определил од која политичка група ќе доаѓаат известувачите за земјите од Западен Балкан.Така, за Македонија, како и во претходниот мандат на Парламентот, известувачот ќе го даде Групата за обнова на Европа (поранешниот Сојуз на либералите и демократите), а за Косово ќе известува парламентарец претставник […]

Ковачев го прогласи Пендаровски „за заведен или неписмен“

септември 27, 2019

Со остри зборови европратеникот од бугарската владејачка партија ГЕРБ, односно од Европската народна партија, Андреј Ковачев се нафрли на македонскиот претседател Стево Пендаровски, поради неговата изјава дека „земањето бугарски пасоши од страна на Македонци поради интерес е во истиот историски контекст во кој Гоце Делчев во 1900-та година не можел да се напише нешто друго […]

По изборите, промена на силите во Европскиот Парламент

мај 27, 2019

Европскиот Парламент ја задржа ориентацијата што ја имаше досега, не се очекува промена на европската политика кон Северна Македонија, иако во некои важни европски земји, националистите победија пред проевропските партии. Вака граѓанските организации и советниците на премиерот Зоран Заев и претседателот Стево Пендаровски ги коментираат резултатите од европските избори, пишува „Порталб“. Шефот на делегацијата на […]

Димитров: Политичарите може да живеат од нерешен спор, ама и да го решат

август 29, 2018

Политичарите можат да направат цела кариера и да живеат од нерешен спор, а можат и да се вложат и да го решат, заштитувајќи го најважното за двете страни, за граѓаните на нивните држави да живеат подобро, порача министерот за надворешни работи, Никола Димитров, зборувајќи пред Комисијата за надворешни работи во Европскиот парламент (AFET), на чија […]

ЕП ја почна битката против враќање на километражите на автомобилите

јуни 1, 2018

Европскиот Парламент (ЕП) вчера изгласа резолуција со која бара од Европската Комисија (ЕК) во рок од една година да изготви законска рамка со која ќе се забрани враќањето на километражите на автомобилите и километражата ќе се контролира при секој технички преглед. Проблемот е толку голем, што во земји како Бугарија, Словачка и Полска, бројката на […]

Захариева: Реално е очекувањето преговорите со Македонија да почнат до јули

јануари 23, 2018

Мислам дека е многу реално преговорите со Македонија да започнат за време на бугарското претседавање со ЕУ и, секако да го видиме извештајот во кој ќе биде вклучен и акциониот план 3-6-9 и кој е поврзан со реформите во администрацијата, разузнавачката служба и судскиот систем. Ние ќе бидеме среќни и целосно ќе го поддржиме тој […]

Ветер во грб побара Димитров од европарламентарците

октомври 10, 2017

„Градењето модерна европска демократија е, пред сè, во интерес на нашите граѓани, во интерес на земјите од регионот и од интерес на ЕУ. Стабилна, економски просперитетна и успешна Република Македонија подразбира стабилен и просперитетен регион“, порачал министерот за надворешни работи, Никола Димитров, во денешното обраќање пред Комитетот за надворешни работи во Европскиот парламент (АФЕТ), соопшти […]

Европскиот парламент денеска ќе гласа за резолуцијата за Македонија

јуни 14, 2017

Европскиот парламент (ЕП) денеска во Стразбур ќе гласа за резолуцијата за Република Македонија, која е препорака на парламентот поврзана со извештајот на Европската комисија за 2016 година. За резолуцијата предложена од европратеникот Иво Вајгл од Словенија, инаку специјален известувач на ЕП за Македонија, се дебатираше на 5 април, а денеска се очекува нејзино изгласување во […]

Од утре до 10 јули, Франција е домаќин на Европското првенство во фудбал

јуни 9, 2016

Oд утре до 10 јули, Франција ќе биде домаќин на 15. Европското првенство во фудбал. Тоа ќе биде трет континентален шампионат што ќе се игра во француската држава. Само уште Белгија и Италија повеќе од еднаш биле организатори на ЕП. Првпат во историјата, на едно ЕП ќе учествуваат 24 репрезентации. Тие ќе бидат поделени во […]

ЕП ќе формира комисија за документите од Панама

јуни 8, 2016

Комисија составена од 65 члена ќе има 12 месеци за да изработи и да достави извештај до Европскиот парламент за документите од Панама, соопштија од прес-службата на ЕП. Комисијата ќе разгледува обвиненија за непочитување на законите на ЕУ против перење пари и избегнување даноци. Мандатот на комисијата беше одобрен на 2 јуни од претседателот и […]

Вајгл до Величковски: Не кажав дека Заев е единствениот одговорен за неуспехот во Брисел

јуни 13, 2015

„Морам силно да ја отфрлам Вашата инсинуација дека сум бил пристрасен во корист на Владата на господинот Груевски, за време на нашиот процес на посредништво и мојата работа на Извештајот за Македонија во Европскот парламент (ЕП) и пред да сугерирате нешто такво, би требале да ги прашате претставниците на партиите што заедно и јас лично ги […]

Страна 1 од 1