Најголема средношколска журка вечерва на Школка во Градски парк

Десет имиња од скопската андерграунд сцена ќе се претстават на Школка во Градскиот парк, со почеток во 19.30 часот.

Забавата ќе трае до доцна, а ќе настапат „Alter Ego“, „The moonage“, „MyLaw x Young Dadi“, „Хајка“, „Samal“, „Џанкис Манкис“, „The Golden 4“ и Александар Топличански.

Овој хепенинг е дел од проектот„ЕУ – ДА“, во организација на „ЦРД Алтер“, а со поддршка од Град Скопје.

Проектот беше спроведен во четири скопски гимназии, и содржеше часови и дебати за ЕУ, како и квиз на знаење за Европската Унија. Победник на квизот беа учениците од гимназијата „Раде Јовчевски Корчагин“.