fbpx

Телефонирањето во ЕУ наскоро со регулирани цени, најмногу до 19 евроценти за минута

-

Од 15 мај телефонирањето и испраќањето СМС-и од една во друга земја на Европската Унија ќе биде по регулирани цени, односно највисоката цена ќе биде 19 евроценти за минута, а највисоката цена за СМС ќе биде шест евроценти. Наспроти тоа, телефонирањето од земја-членка на ЕУ кон друга земја, и понатаму спаѓа под слободно формирање на цените од страна телеком-операторите, што значи дека најчесто разговорите во границите на ЕУ ќе бидат многу поевтини од разговорите со соседна земја, која не е членка на Унијата.

Така на пример, ако жител на Бугарија телефонира од мобилен или фиксен телефон на некој број во Германија, неговиот повик не ќе може да биде поскап од 19 центи во минута, но ако телефонира во Македонија, ќе плаќа поскапо. Односно, ако се земе актуелниот ценовник на еден мобилен оператор во Бугарија, ќе се види дека повикот во Македонија ќе чини три и пол пати поскапо од повик во Германија.

Односно, ако од 15 мај нему не ќе смее да му биде наплатено повеќе од 0,445 лева за минута разговор со земја-членка на ЕУ или 0,14 лева за СМС испратен до корисник во ЕУ, истиот разговор од мобилен телефон со некој мобилен македонски број ќе му се тарифира по „високи“ 1,55 лева за минута. Доколку, пак, телефонира на фиксен телефон во Македонија, ќе плаќа 1,19 лева за минута разговор.

По укинувањето во 2017 година на роумингот за корисниците од ЕУ на целата територија на Унијата, ова е втор чекор што ги олеснува комуникациите на граѓаните на земјите-членки.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...