fbpx
Таг: Брексит

таг: Брексит

Поголеми даноци за Британците како последица од Брексит

Британскиот министер за финансии, Џорџ Озборн, денеска изјави дека Велика Британија ќе мора да ги зголеми даноците и да ја намали јавната потрошувачка за да одговори на новите економски предизвици откако граѓаните донесоа одлука за напуштање на ЕУ. Тој изјави дека на Велика Британија по Брексит нема да ѝ „цветаат рози“ надвор од ЕУ и дека е клучно да се обезбеди...

Јункер бара од Британија итно да ја „разјасни својата позиција“ по Брексит

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, денеска во Брисел ја повика Велика Британија што е можно поскоро да ја „разјасни својата позиција“ по Брексит. Јункер пред Европскиот парламент рече дека Британија и Европската Унија остануваат пријатели, но дека земјата мора да ја каже својата позиција за да се избегне неизвесноста. „Мораме да ја разјасниме ситуацијата што е можно поскоро. Но, јас...

По Брексит, прва средба на Камерон со лидерите на ЕУ

Британскиот премиер, Дејвид Камерон, денеска ќе се сретне со лидерите на Европската Унија (ЕУ), првпат по референдумот на кој Британците одлучија да ја напуштат Унијата. Камерон и неговите европски колеги, како што пренесува „Би-би-си“, ќе разговараат за импликациите од гласањето за Брексит и за понатамошните чекори, на самитот на ЕУ во Брисел. Германската канцеларка, Ангела Меркел, вчера изјави дека нема да...

По Брексит сè повеќе се бараат ирски пасоши

Поради одлуката на Британците да излезат од Европската Унија, дојде до пораст на барањата за добивање ирски пасош за полесно влегување на територијата на Унијата, соопштија ирските власти. Службата за издавање патни исправи наведе дека е забележан невообичаено голем број барања на Британци со ирско потекло за издавање ирски пасош. Пасошот на Република Ирска овозможува барање работа во земјите на ЕУ без посебни дозволи,...

Камерон: Ние одлучуваме за почетокот на раздолжувањето

Суверено право на Велика Британија е самостојно да одлучи кога ќе го активира членот 50 од Лисабонскиот договор, рече британскиот премиер Дејвид Камерон на правата седница на претставничкиот дом во британскиот парламент, по референдумот за излегување од Европската Унија. Камерон истакна дека ваквиот исход од парламентот е далеку од тоа што тој го посакувал, но резултатите треба да се почитуваат...

Британија формира владин оддел што ќе преговара за напуштањето на ЕУ

Британската влада денеска договори воспоставување нов оддел на државни службеници, кои ќе преговараат за начинот на излегување на земјата од Европската Унија, соопшти портпаролот на британскиот премиер во оставка, Дејвид Камерон. - Премиерот даде предлог, а кабинетот го поддржа формирањето на нова единица за водење на интензивната работа на државната служба за прашањата што ќе мора да бидат разработени за да...

Меркел: Мора да дејствуваме за да ги спречиме земјите да ја напуштат ЕУ

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска на извршниот комитет на нејзината конзервативна партија, Христијанско-демократската унија (ЦДУ), соопшти дека треба да се преземат мерки што ќе ги спречат другите членки на Европската Унија, по Велика Британија, да ја напуштат заедницата, јавува денеска „Раша тудеј“. Меркел, исто така, се задржа и на несигурноста на пазарот, која настана по референдумот на Велика Британија за напуштање на...

Грчката влада загрижена за влијанието на Брексит на финансиската и на бегалската криза

Грчката влада не ја крие вознемиреноста од резултатите на британскиот референдум, со кој Британија ја напушта Европската Унија. Овој нов момент и проблем во Унијата во Грција сметаат дека ќе создаде индиректно и големи проблеми за грчката економија и за бегалската криза, бидејќи сите напори на ЕУ ќе се префрлат на друг терен. Грчкиот министер за финансии, Евклидис Цакалотос, говорејќи...

Ренци го повика Брисел да стави крај на мерките за штедење

Европската Унија треба да стави крај на штедењето по експлозијата што Брексит ја предизвика во Европа, оцени италијанскиот премиер Матео Ренци, пред денешниот состанокот со германската канцеларка Ангела Меркел и со францускиот претседател Франсоа Оланд. „Политиката на мерките за штедење го затемни хоризонтот. Таа ја претвори иднината во закана и го зајакна стравот. Без пораст, нема работа, односно без инвестиции, нема...

Папата Франциск: По Брексит, можна е балканизација на Европа

Поглаварот на римокатоличката црква, папата Франциск, денеска предупреди дека е можна „балканизација“ на Европа по одлуката на Велика Британија да ја напушти Европската Унија. Пред да замине во посета на Ерменија, папата рече дека по Брексит, можно е Шкотска и Каталонија да побараат сецесија, што би можело да предизвика „балканизација на Европа“. Според папата, ЕУ мора да најде креативни начини да...

Озборн: Британија е фискално стабилна

Британскиот министер за финансии, Џорџ Озборн, денеска соопшти дека никој не треба да се сомнева во фискалната стабилност на Велика Британија. – Британската економија може да се соочи со тоа што ја очекува. Државата ќе го активира член 50 кога ќе биде подготвена за тоа. Само Британија може да го активира членот 50. Според мене, ние треба да го направиме...

Петицијата за втор референдум во Британија собра повеќе од 3 милиони потписи

Петицијата за одржување втор референдум во Велика Британија околу членството во Европската Унија до денеска ја потпишале 3 милиони граѓани. Петицијата за втор референдум беше иницирана во петокот, неколку часа откако резултатите од гласањето претходниот ден покажаа дека 52 отсто наспроти 48 отсто од Британците се изјасниле за напуштање на ЕУ. Според она што е објавено во прилог на петицијата, од...

Кери утре во посета на Брисел и на Лондон

Американскиот државен секретар, Џон Кери, утре ќе ги посети Брисел и Лондон, по историскиот референдум во четвртокот, на кој Британците одлучија да ја напуштат Европската Унија. Се очекува Кери да упати пораки со поддршка од Соединетите Американски Држави до Лондон и до Брисел. Тој во Брисел треба да има средба со високата претставничка за надворешна политика и за безбедност на ЕУ,...

Шкотскиот парламент може да стави вето на Брексит

Првата министерка на Шкотска, Никола Стурџен, во изјава за „Би-би-си“, вели оти е можно шкотскиот парламент да го блокира излегувањето на Велика Британија од Европската Унија, по референдумот во четвртокот. На референдумот 52 отсто наспроти 48 отсто од Британците гласаа за напуштање на ЕУ. Во Шкотка, пак, сликата беше сосема поинаква, односно 62 отсто од Шкотите гласаа за останување на...

Граѓаните на Шпанија денеска избираат нов состав на парламентот

Околу 36 милиони граѓани на Шпанија денеска гласаат на нови парламентарни избори, откако на изборите одржани кон крајот на декември минатата година ниту една политичка партија не доби доволно мнозинство гласови за да формира влада. Конзервативната Народна партија, која беше на власт четири години, во декември освои најголем број од гласовите, односно 28,7 отсто или 123 пратеници, но тоа беше...

Шкотска подготвува закон за нов референдум за независност

Шкотската влада почнала да подготвува закон кој треба да овозможи нов референдум за независност на земјата, додека траат преговорите за нејзината позиција во Европската Унија, изјави денеска првата министерка, Никола Стурџен. „Новиот референдум за незавиност на Шкотска е сигурнa опција која треба да биде на маса и, еве, тоа се случува сега“, изјавила Стурџен, пренесуваат медиумите. Според неа, за да се...

Повеќе од 800.000 Британци ја потпишале петицијата за нов референдум

Повеќе од 800.000 Британци досега ја потпишале петицијата за одржување на нов референдум за членството на Велика Британија во Европската Унија, јавуваат британските медиуми. Петицијата за втор референдум беше иницирана вчера, неколку часа откако резултатите од гласањето во четвртокот покажаа дека повеќето граѓани се изјасниле за напуштање на ЕУ. Сите петиции што ќе добијат повеќе од 100.000 потписи мора да бидат разгледани...

Штајнмаер: ЕУ не смее да падне во депресија по Брексит

Европската Унија не смее да падне во депресија и да биде парализирана по одлуката на Велика Британија за излегување од Унијата, изјавил германскиот министер за надворешни работи, Франк Валтер Штајнмаер, по пристигнувањето на итниот состанок на шесте земји членки, основачи на ЕУ, во Берлин. Тие на состанокот треба да разговараат за забрзувањето на претстојниот процес за напуштање на Британија на Унијата,...

„Мудис“ го намали кредитниот рејтинг на Британија на „негативен“

Агенцијата за процена на кредитниот рејтинг „Мудис“ ги намали изгледите за британскиот рејтинг од „стебилен“ на „негативен“, јавува „Би-би-си“. Од „Мудис“ предупредуваат дека Велика Британија ќе има послаб економски пораст по рефендумот на кој граѓаните гласаа за излегување од Европската Унија (ЕУ) и оти ќе следува подолг период на економска нестабилност. Според агенцијата, резултатите од референдумот ќе имаат „негативни импликации на...

Гувернерот Богов смета дека Брексит нема да се одрази на девизниот курс

Курсот на денарот е стабилен, нема дилеми за инфлација, гарантираме дека нема да има потреси за извозниците - оцени гувернерот на Народна банка, Димитар Богов по повод излегувањето на Велика Британија од Европска Унија и можните реперкусии врз македонската економија. Според него, Македонија не може да влијае на глобалните движења, но она низ што ќе поминува економијата на Европската Унија ќе...

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...