fbpx

Граѓаните на Шпанија денеска избираат нов состав на парламентот

-

Околу 36 милиони граѓани на Шпанија денеска гласаат на нови парламентарни избори, откако на изборите одржани кон крајот на декември минатата година ниту една политичка партија не доби доволно мнозинство гласови за да формира влада.

Конзервативната Народна партија, која беше на власт четири години, во декември освои најголем број од гласовите, односно 28,7 отсто или 123 пратеници, но тоа беше недоволно за сама да формира влада.

Премиерот во заминување и лидер на конзервативците, Маријано Рахој, не успеа да најде сојзници меѓу другите партии и да формира коалиција поради низата скандали поврзани со корупција.

Неуспех доживеа и лидерот на социјалистите, Педро Санчез, чија партија беше втора по освоени гласови во декември.

Парламентарните избори во Шпанија се одржуваат три дена по референдумот во Велика Британија на кој Британците гласаа за излегување од Европската Унија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...