fbpx
Таг: конзервативци

таг: конзервативци

Синот на Сорос не ветил дека ќе ги „искорени конзервативците од интернет“

Интервјуто на синот на Сорос, Александар за „Wall Street Journal“ во кое зборува за преземање на водството над татковата финансиска империја, е искористено за пласирање на измислени изјави за неговиот наводен „план за цензурирање на конзервативците на интернет“. Наспроти изнесеното во постот, наводните изјави дека е „стопати полош од татко му“ и дека „ќе ги искорени конзервативците од интернет“,...

Баниран на Твитер, Доналд Трамп лансираше своја социјална мрежа

Социјалната мрежа „Truth Social“, развиена од новата компанија за медиуми на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, почна да функционира во ограничена форма и веќе е достапна за преземање од продавницата за апликации на „Епл“ (Apple) во САД. Она што корисниците прво го забележале на „Truth“ е дека платформата многу наликува на Твитер, „омилената“ социјална мрежа на Трамп пред тој да...

Контроверзната социјална мрежа „Парлер“ е повторно достапна

Parler
Еден месец откако Амазон го прекина нејзиното хостирање, алтернативната социјална мрежа „Парлер“ стана повторно активна. Компанијата преку соопштение објави дека нејзината страница сега е достапна за корисниците со веќе постоечки сметки на платформата, а веќе од следната недела ќе започне и со регистрација на нови корисници. Од таму најавија и дека „Парлер“ има нов привремен извршен директор – Марк Меклер, откако...

Тереза Меј постигна договор со партијата од Северна Ирска за поддршка на владата

Британската премиерка Тереза Меј денеска постигнала договор со Демократската унионистичка партија на Северна Ирска за поддршка на партијата на нејзината малцинска влада пред гласањето за важните закони во британскиот парламент. Портпаролот на Дауининг стрит потврдил дека договорот меѓу конзервативците и унионистите е потпишан, јавуваат британските медиуми. Конзервативците на Тереза Меј го изгубија апсолутното мнозинство во Долниот дом на британскиот парламент на предвремените...

Конзервативците водат на изборите во Британија, но немаат апсолутно мнозинство

Владејачката конзервативна партија на британската премиерка Тереза Меј ќе освои 314 пратенички места, додека опозициските лабуристи ќе имаат 266, покажуваат првите анкети од предвремените парламентарни избори што се одржаа во Велика Британија, пренесува „Би-би-си“. Сепак, во овој случај конзервативците би имале помалку од досегашните 330 мандати во парламентот кој брои вкупно 650 места и останува неизвесно дали партијата на Меј...

Тереза Меј со најголема предност во трката за наследник на Дејвид Камерон

Британската министерка за внатрешни работи, Тереза Меј, има голема предност пред својата најблиска конкурентка, Андреа Лидсом, во внатрепартиската трка за наследник на премиерот Дејвид Камерон, но оваа трка е засенета од повлекувањето на инвеститорите и од падот на британската фунта. Тереза Меј, која се залагаше за останување на Велика Британија во Европската Унија, освоила 165 гласови, а Андреа Лидсом, застапничка за излегувањето...

Граѓаните на Шпанија денеска избираат нов состав на парламентот

Околу 36 милиони граѓани на Шпанија денеска гласаат на нови парламентарни избори, откако на изборите одржани кон крајот на декември минатата година ниту една политичка партија не доби доволно мнозинство гласови за да формира влада. Конзервативната Народна партија, која беше на власт четири години, во декември освои најголем број од гласовите, односно 28,7 отсто или 123 пратеници, но тоа беше...

Меркел: Постои опасност од вооружени судири на Балканот

Германската канцеларка Ангела Меркел предупреди на опасност од вооружени судири на Балканот, каде што поминуваат најголем дел од бегалците, во случај Германија да ја затвори границата со Австрија. - Тензии во земјите на Западен Балкан веќе има и не сакаме да дојде до воени судири - изјавила Меркел на собирот на Христијанско-демократската унија во Дармштат, а пренесуваат германските медиуми. Стручњаците предупредуваат...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...