fbpx

Грчката влада загрижена за влијанието на Брексит на финансиската и на бегалската криза

-

Грчката влада не ја крие вознемиреноста од резултатите на британскиот референдум, со кој Британија ја напушта Европската Унија. Овој нов момент и проблем во Унијата во Грција сметаат дека ќе создаде индиректно и големи проблеми за грчката економија и за бегалската криза, бидејќи сите напори на ЕУ ќе се префрлат на друг терен.
Грчкиот министер за финансии, Евклидис Цакалотос, говорејќи на собранието на централниот комитет на СИРИЗА, изрази загриженост од случувањата околу Брексит, образложувајќи дека тоа ќе создаде стратешки проблем за целата ЕУ, а со тоа и за грчката економија.

– Брексит создава нејаснотии и неизвесности за европската економија. Загрижени сме. Треба внимателно да ги испитаме последиците за грчката економија од ова – забележа Цакалотос.

Тој посочи дека сè уште не се знае колкава ќе биде штетата од британското исклучување од ЕУ, но несомнено Грција ќе ја почувствува оваа штета. Едно од проблематичните прашања, според него, ќе биде рекапитализацијата на банките.
Сепак, тој истакна дека излезот на Британија нема да го врати на агендата прашањето за исклучување на Грција од еврозоната или ЕУ. Ова прашање, според Цакалотос, е веќе надминато со минатогодишниот договор меѓу Грција и ЕУ.

Загрижен за негативните последици од Брексит е и министерот за миграција, Јанис Музалас. Тој смета дека британската одлука ќе влијае на процесот на релокација на бегалците од Грција во ЕУ.

„Пред Брексит, ЕУ и одредени држави, како Германија, Франција и Холандија, имаа волја барем на билатерално ниво да се релоцираат кај нив барем 15.000 до 20.000 бегалци. Но, по Брексит не можам да проценам каков ќе биде ставот – изјави Музалас во интервју за весникот „Авги“.

Грчкиот министер во интервјуто најави и дека се работи на проектот на изградба на нови бегалски центри низ цела Грција, кои ќе имаат подобри услови за живот од привремените во кои има само шатори, за бегалците да бидат преместени таму и да ѝ се олесни на Северна Грција, каде се сместени најголем број луѓе, односно повеќе од 30.000 од вкупно 57.000 бегалци колку што има во цела држава.

Околу последиците за Европа по британскиот референдум, денеска во Варшава со другите европски шефови на дипломатии ќе разговара грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕиас. Коѕиас е во Полска на покана на шефот на полската дипломатија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...