Повеќе од 800.000 Британци ја потпишале петицијата за нов референдум

-

Повеќе од 800.000 Британци досега ја потпишале петицијата за одржување на нов референдум за членството на Велика Британија во Европската Унија, јавуваат британските медиуми.

Петицијата за втор референдум беше иницирана вчера, неколку часа откако резултатите од гласањето во четвртокот покажаа дека повеќето граѓани се изјасниле за напуштање на ЕУ.

Сите петиции што ќе добијат повеќе од 100.000 потписи мора да бидат разгледани пред парламентот, пишуваат медиумите.

Во петицијата, британската влада се повикува да одржи уште еден референдум за членството во ЕУ, користејќи го прописот според кој е можно повторно да се постави прашањето пред јавноста доколку ниту една страна не освоила повеќе од 60 отсто од гласовите и ако одзивот бил помал од 75 отсто.

Според конечните резултати, 51,9 отсто или 17,4 милиони Британци на 23 јуни гласаа за излез од ЕУ, додека 48 отсто, или 16,1 милиони гласачи гласаа за останување.

Одзивот на референдумот беше 72,2 отсто.

Повеќе од 60 отсто од странските инвеститори со намалени нарачки и недостиг на работна сила

Повеќе од 60 отсто од странските инвеститори во земјава имале намален број на нарачки и недостаток на работна сила во 2024 година во споредба со првичните планови. Ова го покажа анкетата...

Сојузниците на НАТО инсистираат на тоа дека Украина и Европа мора да бидат дел од мировните преговори

Неколку сојузници на НАТО денес истакнаа дека Украина и Европа не треба да бидат исклучени од какви било мировни преговори, пишува Асошиејтед Прес. Европските влади се вознемирени откако администрацијата на Трамп сигнализираше...

ОЈО Скопје нареди вонредни инспекциски надзори над загадувачите на воздухот во Скопје

Во текот на денешниот ден, по барање на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје се вршат координирани вонредни инспекциски надзори од страна на Државниот инспекторат за животна средина и општинските...

Власта брза да го смени Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер

Без никаква најава, вчера на собраниската пленарна седница кој е во тек, како дополнување на дневниот ред, по брза постапка се поставени измени на Законот за слободен пристап до информации од...

Повеќе од 60 отсто од странските инвеститори со намалени нарачки и недостиг на работна сила

Повеќе од 60 отсто од странските инвеститори во земјава имале намален број на нарачки и недостаток на работна сила во 2024 година во споредба со првичните планови. Ова го...