fbpx

Министрите на ЕУ ја повикаа Британија што е можно поскоро да излезе од Унијата

-

Шефовите на дипломатиите на шесте земји членки основачи на Европската Унија денеска по состанокот во Берлин со заедничка изјава порачаа дека очекуваат од владата на Велика Британија што е можно поскоро да се изјасни и да ја спроведе одлуката од референдумот за излез од ЕУ.

„Одредбите од Лисабонскиот договор (членот 50) предвидуваат одредена постапка во процесот на заминување. Ние сме подготвени да работиме со институциите откако преговорите ќе почнат за да ги дефинираме и да ги разјасниме идните односи меѓу ЕУ и Велика Британија“, стои во заедничката изјава на претставниците на Германија, Франција, Италија, Белгија, Луксембруг и на Холандија.

Шефот на германската дипломатија, Франк Валтер Штајнмаер, на прес-конференцијата по состанокот изјави дека процесот треба да почне што е можно поскоро за да не останат другите членки во лимбо ситуација, туку да можат да се „концетрираат на иднината на Европа“.

„Ние остануваме на нашето цврсто убедување дека Европската Унија овозможува историски уникатна и незаменлива рамка за обезбедување слобода, просперитет и безбедност во Европа, за обликување на мирни и заемно корисни врски меѓу нејзините народи и за придонес кон мирот и стабилноста во светот. Ние ќе продолжиме со нашите напори за посилна и кохезивна Европска Унија со 27 земји членки, обединети околу заедничките вредности и владеењето на правото“, стои во заедничката изјава.

Во меѓувреме, како што пренесува „Би-би-си“, германската канцеларка Ангела Меркел во врска со процесот на напуштање на Велика Британија на ЕУ, изјавила дека тој не треба да трае вечно, но дека таа нема намера да притиска за кратки рокови.

„Нема потреба да бидеме особено непријатни на кој било начин во преговорите, тие мора да се спроведуваат правилно“, изјавила Меркел.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...