Верушевски до Иванов: Моето влијание во службите никогаш не било поголемо од денес

-

Моето влијание во разузнавачките служби никогаш не било поголемо од денес, стои во реакцијата на поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Зоран Верушевски, на изјавата на претседателот Ѓорге Иванов, дадена во дел од интервјуто за „Дневник“.

„Хорхе во „Дневник“ ме споменува – би сакал да му одговорам со една реченица: Иванов ја лаже домашната и меѓународната јавност – јас признавам дека денес моето влијание во разузнавачките служби никогаш не било поголемо од првиот септемвриски ден во 1981 година кога почнав со разузнавањето“, вели Верушевски во изјавата дадена преку неговиот адвокат Филип Медарски.

Иванов во интервјуто вели дека целокупниот систем на разузнавачките служби бил тектонски нарушен од активностите на Верушевски и на неговата група.

„Но, го издржавме тој удар и следуваат реформи во тој сектор. Мигрантската криза беше и шанса да ги видиме капацитетите со кои располагаме во овие служби, сега откако Верушевски не е влијателен таму“, вели Иванов во интервјуто.

Зоран Верушевски е обвинет во случајот „Пуч“, заедно со лидерот на опозицијата, Зоран Заев, и со уште две лица.

Контраспин: Проблемот околу парите за „бустање“ на Фејсбук е спин на големите партии

Имајќи предвид дека сумите за рекламирање на социјалните мрежи се далеку под оние за медиумите, било за политичко рекламирање на сметка на државата било за избори, било за рекламирање на Владата...

ЕУ и НАТО не се мешаат во изборите во Романија и Германија

Претседателските избори во Романија не беа откажани од страна на НАТО и ЕУ како што невистинито се тврди во објавата, туку беа откажани од страна на Уставниот суд на Романија. Причините...

Продолжува трендот на носење закони по скратена постапка во Собранието

Во периодот од 1 септември 2024 до 14 февруари 2025 биле разгледани или разгледувани 108 предлог на закони по скратена постапка, наспроти 79 во редовна постапка. Иако е периодот краток и...

Измама: НЛБ банка не подарува дупли износи

На официјалната Фејсбук страница на НЛБ банка која има повеќе од 80 илјади следбеници, објавено е известување за оваа измамничка објава, пренесува Вистиномер.   Анализираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се вели:  ГИ ДУБЛИРАМЕ ИЗНОСИТЕ ЗА...

Контраспин: Проблемот околу парите за „бустање“ на Фејсбук е спин на големите партии

Имајќи предвид дека сумите за рекламирање на социјалните мрежи се далеку под оние за медиумите, било за политичко рекламирање на сметка на државата било за избори, било за рекламирање...