fbpx
Таг: Брексит

таг: Брексит

Британија го именуваше амбасадорот во Франција за нов претставник во ЕК

Велика Британија го именуваше својот актуелен амбасадор во Франција, Џулијан Кинг, за нов претставник на земјата во Европската комисија, јавуваат светските агенции. „Сер Џулијан Кинг е искусен дипломат, кој има особено искуство во европските работи и премиерот Дејвид Камерон смета дека тој ќе претставува значајно засилување во комисијата“, соопштиле од кабинетот на Камерон. Кинг во ЕК доаѓа на местото на Џонатан...

Тереза Меј и Андреа Лидсам, единствени кандидатки за премиер на Велика Британија

Велика Британија повторно ќе има жена премиер, првпат по Маргарет Тачер, откако во трката за нов лидер на Конзервативната партија останаа две жени, министерката за внатрешни работи, Тереза Меј, и министерката за енергетика, Андреа Лидсам, јавуваат британските медиуми. На денешното гласање, Меј добила 199, а Лидсам 84 гласови, додека од трката, со 46 освоени гласови, излегол министерот за правда, Мајкл...

Британија не е подготвена за почеток на преговорите за излез од ЕУ

Британската влада сè уште не е во позиција да почне суштински преговори за излез од ЕУ, изјави денеска пефот на британската дипломатија, Филип Хамонд. - Во овој момент не сме во позиција веднаш да почнеме суштински преговори и затоа не би било мудро да поведеме процес за активирање на членот 50 – рече Хамонд пред парламентарната комисија. Тој додаде дека владата...

Тереза Меј со најголема предност во трката за наследник на Дејвид Камерон

Британската министерка за внатрешни работи, Тереза Меј, има голема предност пред својата најблиска конкурентка, Андреа Лидсом, во внатрепартиската трка за наследник на премиерот Дејвид Камерон, но оваа трка е засенета од повлекувањето на инвеститорите и од падот на британската фунта. Тереза Меј, која се залагаше за останување на Велика Британија во Европската Унија, освоила 165 гласови, а Андреа Лидсом, застапничка за излегувањето...

Аселборн: Фараж донесе кукавичка одлука

Министерот за надворешни работи на Луксембург, Жан Аселборн, ја оцени како кукавичка одлуката на лидерот на британската Партија за независниот на Обединетото Кралство (УКИП), Најџел Фараж, да се повлече од лидерската функција на партијата. - Ненадејно, политичари како што се Борис Џонсон и Најџел Фараж, како полжави се повлекуваат во своите куќички – рече Асeлборн за германскиот весник „Тагшпигел“. Луксембуршкиот министер...

Хан: Брексит не значи крај на проширувањето на ЕУ

Европскиот комесар Јоханес Хан денеска оцени дека излегувањето на Велика Британија од ЕУ не значи дека е запрен процесот на проширување на Унијата, туку оти постојат многу причини за да се продолжи. Хан, отворајќи го бизнис-форумот во рамки на Самитот за Западен Балкан во Париз, нагласи дека и понатаму постои европска перспектива за земјите од Западен Балкан и покрај тоа што...

Лагард: Земјите членки на ЕУ подобро да комуницираат во интерес на економијата

Од суштинско значење за економијата е земјите членки на Европската Унија прашањето со Брексит да го решат со крената глава, изјави првиот човек на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристин Лагард. Taa даде забелешка за недостигот од комуникација во EУ и за префрлувањето на одговорноста од едни на други. Според неа, треба да се согледа економската реалност и да се работи на подобра соработка...

Масовни протести во Лондон, демонстрантите бараат останување во ЕУ

Неколку илјади демонстранти маршираа денеска во централниот дел на Лондон во знак на протест поради резултатите од реферндумот што се одржа минатата недела, а по кој Велика Британија треба да излезе од Европската Унија. Најголем дел од учесниците на протестот беа облечени во сино, односно во боите на знамето на Европската Унија, кое дел од нив го носеа на себе. Тие порачаа дека...

„Стандард енд Пурс“ го намали рејтингот на ЕУ

Рејтинг-агенција „Стандрд едн Пурс“ синоќа го намали кредитниот рејтинг на Европската Унија од ниво АА+ на АА поради несигурноста во ЕУ по одлуката на Британците да излезат од Унијата. „По одлуката на британските гласачи за напуштање на ЕУ, направивме преоценка на нашето мислење за кохезијата на Унијата и сметаме дека блокот може да има помала буџетска флексибилност по повлекувањето на...

Словачка од денеска го презема претседавањето со ЕУ

Словачка од денеска го презема претседавањето со Европската Унија, кое ќе трае до 1 јануари 2017 година. Претходните шест месеци со ЕУ претседаваше Кралството Холандија. Главна тема на која ќе биде фокусирана Словачка, во текот на своето претседавање со Унијата, ќе биде кризата по референдумот во Велика Британија, на кој граѓаните одлучија земјата да ја напушти ЕУ. Словачкиот министер за надворешни...

Оланд е против организирање референдум за членството на Франција во ЕУ

Францускиот претседател Франсоа Оланд изјавил дека е против организирање референдум околу членството во Европската Унија, по примерот на Велика Британија, пренесува хрватскиот национален сервис ХРТ. Оланд, во врска со ова прашање, додал дека претседателските избори, закажани за следната година, ќе бидат можност гласачите да одлучат каква европска политика сакаат. Во Франција, како што пренесува ХРТ, сè погласни се повиците за референдум за...

Борис Џонсон не влегува во трката за наследник на Дејвид Камерон

Поранешниот градоначалник на Лондон и предводник на кампањата за излез на Велика Британија од ЕУ, Борис Џонсон, денеска соопшти дека нема да се кандидира за нов лидер на британската Конзервативната партија. Џонсон, кој беше еден од фаворитите за наследник на Дејвид Камерон, по консултациите со пратеници, денеска соопшти дека, имајќи ја предвид ситуацијата во парламентот, не смета дека може да...

Брисел очекува Лондон што побргу да се изјасни

Лидерите на 27 земји членки на ЕУ ја повикаа Велика Британија што побргу да го извести Брисел за намерата за повлекување на Унијата и порачаа дека се одлучни да останат обединети, откако Британците на референдум гласаа за Брексит. По вчерашниот самит во Брисел, тие го предупредија Лондон дека ако сака да остане во единствениот пазар по излегувањето од Унијата, ќе...

Брисел по Брексит би можел да притиска за воведување на еврото во цела ЕУ

Осум земји членки на Европската Унија кои не го користат еврото како официјално средство за плаќање, поради Брексит, ќе мора веднаш да ја воведат заедничката европска валута, пишува весникот „Дејли експрес“. Весникот наведува дека Данска, Шведска, Бугарија, Хрватска, Чешка, Унгарија, Полска и Романија би можеле да се најдат пред ултиматум кој ќе им го наметне претседателот на Европската комисија, Жан-Клод...

Стурџен: Шкотска е одлучна да остане во ЕУ

Шкотската премиерка, Никола Стурџен, која денеска допатува во Брисел, рече дека Шкотска е одлучна и сака да остане во Европската Унија. Лидерите на ЕУ денеска првпат се среќаваат без претставници на Велика Британија. За време на првиот ден од самитот, тие го повикаа британскиот премиер Дејвид Камерон да го забрза изборот за негов заменик и да почне процесот на раздолжување. Се...

Кери: Можно е Британија никогаш да не замине од ЕУ

Одлуката на британските гласачи Велика Британија да ја напушти Европската Унија, може и никогаш да не се оствари, оцени американскиот државен секретар Џон Кери. Американскиот државен секретар, по средбата со британскиот премиер Дејвид Камерон, рече дека Британија не брза да го почне процесот на излегување, иако за тоа се изјаснија 52 отсто од Британците. - Ова е еден многу „комплициран развод“....

По Брексит, Могерини бара да се засили одбраната на ЕУ

Европската Унијата мора да стори повеќе за својата одбрана, порача денеска високата претставничка за надворешна политика и за безбедност на ЕУ, Федерика Могерини. Изјавата на Могерини доаѓа по одлуката на Британија да ја напушти ЕУ, по што Унијата ќе остане без една голема воена сила. „Како Европејци мораме да преземеме поголема одговорност за нашата безбедност. Мораме да бидеме подготвени да одвратиме,...

Полска бара оставки од лидерите на Европската комисија

Раководството на Европската комисија треба да поднесе оставка затоа што не успеа и не можеше да го зачува единството на ЕУ, изјави денеска шефот на полската дипломатија, Витолд Вашчиковски, додавајќи дека одлуката на Британците да излезат од Унијата е доказ за неуспехот на лидерите во Брисел. - Се прашуваме дали ова раководство на ЕК, кое само пред еден месец ги...

Европскиот парламент бара што поскоро да почне процесот Брексит

Европскиот парламент денеска ја повика Велика Британија што поскоро да го почне процесот за излез од Европската Унија. „Волјата на граѓаните мора во целост да се почитува, почнувајќи со што побрзото активирање на член 50“, се наведува во резолуцијата што денеска пратениците на ЕП со 395 гласа „за“ и со 200 „против“ ја усвоија на вонредна седница. Само 71 пратеник...

Меркел: Британија не ќе може да избере кои привилегии ќе ги задржи

Велика Британија нема да може да избира кои европски привилегии може да ги користи, а кои да ги отфрли, изјави денеска германската канцеларка Ангела Меркел, говорејќи за текот на преговорите меѓу Брисел и Лондон за напуштање на Унијата. - Тој што сака да го напушти своето семејство, не може да очекува дека ќе ги задржи привилегиите, а ќе нема обврски. Ние ќе обезбедиме...

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...