fbpx
Таг: Брексит

таг: Брексит

Mej: Британија со Брексит не ја напушта Европа

Британската премиерка Тереза Меј денеска во Братислава изјави дека Велика Британија со Брексит не ја напушта Европа. - Остануваме во НАТО. Велика Британија и понатаму ќе стои до своите сојузници на источното крило на НАТО. Неодамна одобривме засилување на британската армија за источното крило и редовно ќе праќаме наши војници на вежбите во Словачка и кај другите сојузници – рече...

ЕK го именува Мишел Барние за преговарач за Брексит

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, денеска го именуваше францускиот политички ветеран и поранешен претставник на Европската Унија, Мишел Барние, за главен преговарач со Британија за излезот на земјата од ЕУ. Јункер за 65-годишниот Французин рече дека е „вешт преговарач со богато политичко искуство“. Барние би требало да ја преземе функцијата во октомври, иако објективно работата му почнува во моментот кога...

„Рајанер“ го намалува бројот на летови од Лондон поради Брексит

Најголемата европска нискобуџетна авиокомпанија „Рајанер“ денеска најави дека ќе го намали бројот на летови од лондонскиот аеродром „Станстед“ и дека ќе се фокусира на пораст на прометот на аеродромите надвор од Британија, по изненадувачката одлука на Велика Британија да ја напушти Европската Унија. Измената на деловната стратегија ја најави генералниот директор Мајкл Олери, во рамките на претставувањето на резултатите на компанијата...

Јункер: Само Британија може да го иницира процесот на излез од ЕУ

Нема краен рок до кога Велика Британија треба да ги почне преговорите за излез од Европската Унија, соопшти претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер. Јункер, во интервјуто за „Франс 2“, рече дека членот 50 од Лисабонскиот договор, со кој е уредена процедурата за излез од ЕУ, може да го активира само Велика Британија. - Би сакал Обединетото Кралство да ни достави...

Оланд ѝ порача на Меј што побргу да ги почнат преговорите за Брексит

Францускиот претседател Франсоа Оланд синоќа изјави дека разбира оти на Велика Британија ѝе потребно време за да се подготви за преговорите за излез од ЕУ, но тоа би требало тоа да го направи што поскоро. Оланд ова го изјави на заедничката прес-конференција со новата британска премиерка Тереза Меј во Париз. Тој ја повтори позицијата на Франција дека Британија може да има...

Лагард повикува да се заврши неизвесноста околу Брексит во интерес на економијата

Директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристин Лагард, денеска повика да се заврши неизвесноста по гласање на Британците за излегување од ЕУ, бидејќи тоа го забавува светскиот економски пораст. - Наша препорака е оваа неизвесност околу Брексит што побргу да заврши за да ги знаеме условите за тргување и начините на кои Обединетото Кралство ќе продолжи да дејствува во рамките...

Невработеноста во Велика Британија под 5 проценти првпат од 2005 година

Стапката на невработеност во Велика Британија заклучно со мај oпадна на 4,9 проценти, што е најниско ниво од 2005 година, соопшти денеска британската канцеларија за статистика. Како што наведува њујоршката агенција „Блумберг“, британскиот пазар на труд продолжил да покажува сигнали на закрепнување по одлуката Велика Британија да излезе од Европската Унија. Кога станува збор за платите, порастот на основните примања неочекувано...

Борис Џонсон: Многу време е потребно за да им се извинам на сите

Новиот министер за надворешни работи на Велика Британија, Борис Џонсон, денеска се извини за навредливите изјави што во минатото ги дал за разни светски лидери и доби поддршка од најблискиот британски сојузник, САД, за комплицираниот пат за излегување на земјата од Европската Унија. Џонсон денеска го прими државниот секретар на САД, Џон Кери, во Лондон и во таа пригода рече дека...

Меј в среда на средба со Меркел, в четврток со Оланд

Новоизбраната премиерка на Велика Британија, Тереза Меј, и германската канцеларка Ангела Меркел в среда ќе се сретнат во Берлин. Портпаролот на Меј изјави дека на средбата ќе биде разговарано за начинот на заедничка работа во пресрет на подготовките на Велика Британија за напуштање на Европската Унија и додаде дека тоа ќе биде нејзина прва официјална посета на друга држава. И портпаролот...

Борис Џонсон за светските медиуми и за политичарите е виц

Весниците и политичарите ширум светот реагираат, многумина со изненадување, на именувањето на Борис Џонсон за шеф на дипломатијата на Велика Британија. Многу весници ги наведуваат бројните гафови на Џонсон и неговите невкусни шеги, како што е навредата на претседателот на Турција, коментарите за потеклото на американскиот претседател Барак Обама, како и за претендентката за претседателски кандидат на Демократската партија на...

Меркел ја покани Меј во Берлин

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска соопшти дека ја поканила новата британска премиерка Тереза Меј на разговори во Берлин и порачала дека се радува на нивната соработка. - Наша задача е тесно да соработуваме со владите на сојузничките земји – рече Меркел на прес-конференција во киргистанскиот главен град Бишек, додавајќи дека бројните проблеми во светот ја направиле таквата соработка неопходна. Меркел истакнала дека...

Тереза Меј е новиот премиер на Велика Британија

Кралицата Елизабета Втора денеска ѝ додели мандат за формирање на нова влада на Тереза Меј, досегашната министерка за внатрешни работи, соопштија од Бакингамската палата. - Планирам да ја водам Британија во истиот дух како и Камерон – истакнала Меј по именувањето на премиерската функција. Тереза Меј остана единствен кандидат за нов лидер на Конзервативната партија, а со тоа и за нов...

Камерон: Граѓаните на ЕУ што живеат во Британија нема да бидат протерани

Британската влада се труди да осигура граѓаните на ЕУ да можат да останат во Британија откако земјата изгласа да излезе од европскиот блок, но тоа ќе зависи од реципрочните права за Британците во Европа, рече денеска британскиот премиер во заминување, Дејвид Камерон. Тој во своето последно обраќање пред парламентот рече дека „апсолутно не постои шанса“ да се поништат резидентните права...

Британија денеска добива нова премиерка

Велика Британија денеска добива нова премиерка, Тереза Меј, која ќе го наследи Дејвид Камерон, кој, пак, најави оставка откако на референдумот на 23 јуни Британците се изјаснија за излез од Европската Унија. Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека очекува што побрзо излегување на Британија од Унијата и активирање на членот 50 од Лисабонскиот договор, откако Меј ќе ја преземе функцијата. - Референдумот...

Британија е ограничена во преговорите за трговски договор со ЕУ

Способноста на Велика Британија да преговара за нова трговска спогодба по одлуката на референдумот за напуштање на Европската Унијата е ограничена сè додека не се почне формалниот процес од членот 50 за напуштање на блокот, изјави британскиот министер за надворешни работи, Филип Хамонд. Шефот на британската дипломатија нагласи дека мора „внимателно“ да го избира патот во разговорите со другите држави,...

„Би-би-си“: Тереза Меј в среда ќе биде именувана за нов премиер на Велика Британија

Британската министерка за внатрешни работи, Тереза Меј, в среда навечер ќе биде именувана за нов премиер на Велика Британија, откако истиот ден актуелниот премиер Дејвид Камерон ќе ја депонира својата оставка, јавува „Би-би-си“. Во изјава дадена надвор од премиерската резиденција на Даунинг стрит 10, Камерон рекол дека в среда на кралицата ќе ѝ ја понуди својата оставка во Бакингамската палата. Тереза...

Орбан: Европската комисија е виновна за кризата во ЕУ

Унгарскиот премиер Виктор Орбан ја обвини Европската комисија за кризата во Европската Унија и ги повика земјите членки да ги повлечат овластувањата од рацете на Брисел. Во текстот објавен во весникот „Франкфуртер алгемајне цајтунг“, тој повика да се стави точка на „идеализирањето на европскиот проект“ и укажува дека излегувањето на Британија од ЕУ е доказ за пропустите на Европската комисија. Според Орбан,...

Меркел: Новиот премиер на Британија ќе го активира членот 50 од Лисабонскиот договор

Германија очекува Велика Британија, откако ќе избере нов премиер, да го активира членот 50 од Лисабонскиот договор, со што ќе почне процесот на излегување од ЕУ, изјави германската канцеларка Ангела Меркел. - Очекувам тоа да се случи. Свесна сум за реалноста и цврсто верувам дека процесот ќе биде почнат – рече Меркел, одговарајќи на прашање дали мисли дека има шанси Брексит да...

Британија останува посветена на европската безбедност

Британскиот премиер Дејвид Камерон денеска изјави дека неговата земја ќе остане посветена на европската сигурност по гласањето за излез од ЕУ. - Тоа што ќе го кажам е дека Британија ја напушта ЕУ, но не ѝ врти грб на Европа, ниту на европската одбрана и сигурност – рече Камерон по доаѓањето на самитот на НАТО во Варшава. Камерон, кој се залагаше...

„Форин аферс“: Брексит може да ја оттргне Македонија од ЕУ и да ја турне во конфликт

Големите настани во Европа, како што беше падот на Берлинскиот ѕид, имаат тенденција да поттикнат насилство на Балканот, наведува магазинот „Форин аферс“ во анализата за влијанието на Брексит врз Балканот и врз неговите евроатлантски аспирации. Во написот, чиј коавтор е Огнен Врангелов, докторанд по политички науки на Универзитетот „Квинс“, се наведува дека ефектите од Брексит ќе бидат помалку насилни и...

Руските трупи влегоа во воздушната база во Нигер каде се стационирани американски војници

Рускиот воен персонал влезе во воздухопловната база во Нигер каде се сместени американски војници, по одлуката на нигерската хунта да ги протера американските сили од земјата, пишува Гардијан. Воените офицери...