fbpx

Борис Џонсон: Многу време е потребно за да им се извинам на сите

-

Новиот министер за надворешни работи на Велика Британија, Борис Џонсон, денеска се извини за навредливите изјави што во минатото ги дал за разни светски лидери и доби поддршка од најблискиот британски сојузник, САД, за комплицираниот пат за излегување на земјата од Европската Унија.

Џонсон денеска го прими државниот секретар на САД, Џон Кери, во Лондон и во таа пригода рече дека луѓето можат слободно да „копаат“ по неговите минати изјави и оти „премногу долго би траело“ извинувањето на сите што можеби биле навредени од неговите бројни недипломатски зборови.

Тој рече дека сега се фокусира на решавање на прашањата како што се хуманитарната криза во Сирија и проблемите во Јемен. Според него, во моментот е многу поважно да се фокусира на тие прашања отколку на која било негова изјава од минатото.

Актуелниот шеф на британската дипломатија своевремено изјави дека претседателската кандидатка на Демократската партија на САД, Хилари Клинтон, изгледа како „садистичка болничарка во ментална институција“, потоа се исмејуваше со потеклото на американскиот претседател Барак Обама, а напиша и особено вулгарни стихови за турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Американскиот државен секретар застана во одбрана на Џонсон и двапати го пофали неговиот интелект, а исто така ја истакна целосната приврзаност на САД и „специјалниот однос“ на двете земји.

– Продолжуваме да ги унапредуваме прашањата од заеднички интерес и да соучествуваме во заедничките предизвици – рече Кери.

Двајцата претставници подоцна се состанаа со колегите од Франција, Германија, Италија и од ЕУ за да разговараат за Сирија, а имаа и одвоени средби со министрите од Саудиска Арабија и од Обединетите Арапски Емирати, со кои разговараа за состојбата во Јемен.

Кери, кој денеска ја завршува посетата на Лондон, е прв странски претставник во посета на Велика Британија откако Тереза Меј ја презеде премиерската функција.

Џонсон в четврток ќе престојува во Вашингтон, каде со американските претставници ќе разговара за борбата против Исламска држава, соопшти денеска неговата прес-служба.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Србин измамен во центарот на Скопје, одземени му биле 300 евра

С.А.(63) од Србија вчера во полициска станица пријавил дека бил измамен од две лица од кои бил пресретнат околу 10.30 часот на подрачјето на Центар, информира МВР. Според пријавеното, едното...