fbpx

Речиси половина од жртвите во Ница се странци

-

Од 84 жртви од терористичкиот напад во Ница, 38 се странски државјани, соопшти француското министерство за надворешни работи.

Настраданите се по потекло од 19 земји и тоа од Алжир, Германија, Ерменија, Белгија, Бразил, Естонија, САД, Грузија, Италија, Казахстан, Мадагаскар, Мароко, Полска, Романија, Русија, Швајцарија, Тунис, Турција и од Украина, стои во соопштението од француското МНР и се додава дека списокот не е конечен.

Сепак, во овој момент, сите жртви, без разлика дали станува збор за повредени или починати лица, потекнуваат од вкупно 29 земји, се додава во соопштението.

Минатата недела 31-годишниот Тунижанец, Мохамед Лахуаиеј Булел, со камион прегази и уби 84 лица, а повреди стотина на шеталиштето во Ница.

Нападот беше извршен на 14 јули, националниот празник, Ден на падот на Бастиља.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...