fbpx

Камерон: Граѓаните на ЕУ што живеат во Британија нема да бидат протерани

-

Британската влада се труди да осигура граѓаните на ЕУ да можат да останат во Британија откако земјата изгласа да излезе од европскиот блок, но тоа ќе зависи од реципрочните права за Британците во Европа, рече денеска британскиот премиер во заминување, Дејвид Камерон.

Тој во своето последно обраќање пред парламентот рече дека „апсолутно не постои шанса“ да се поништат резидентните права на граѓаните на ЕУ и тие да бидат депортирани откако Британија ќе го напушти блокот.

– Работиме напорно да го направиме тоа што го сакаме, а тоа е да им гарантираме на граѓаните на ЕУ дека се почитуваат нивните права, правата на сите што дошле во оваа земја – рече Камерон.

Тој додаде дека е важно да има реципроцитет за британските граѓани во Европа.

Во текот на денот, премиерската функција од Камерон ќе ја преземе досегашната минитерка за внатрешни работи Тереза Меј.
Камерон, кој се залагаше за останување во ЕУ, најави дека се повлекува по референдумот на кој Британците се одлучија за напуштање на Европската Унија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...