fbpx
Таг: Брексит

таг: Брексит

Барние: Лондон и Брисел треба да постигнат договор за Брексит до октомври 2018 година

Договорот за излегувањето на Велика Биртанија од Европската Унија треба да биде постигнат меѓу Лондон и Брисел до октомври 2018 година, изјавил денеска главниот преговарач на Европската комисија, Мишел Барние, на својата прва прес-конференција во Брисел, јавуваат светските агенции. „Ако Велика Британија го извести Советот на ЕУ до крајот на март 2017 година, како што претходно најави премиерката на Британија,...

Протече документ од британската влада, Лондон нема план за Брексит, јавува „Би-би-си“

Британската влада нема сеопфатен план за излегувањето на земјата од Европската Унија, а поради поделбата што постои во кабинетот, преговарачката стратегија можеби нема да биде усвоена во следните шест месеци, покажува меморандумот кој протече од кабинетот, јавува „Би-би-си“. Во меморандумот, кој е доставен до „Тајмс“ и во кој „Би-би-си“ има увид, се предупредува дека британската влада работи на 500 проекти...

Вишиот суд одлучи дека нема да се случи Брексит без согласност од парламентот

Британскиот парламент ќе мора да даде согласност за тоа дали Британија смее да го почне процесот за напуштање на Европската Унија, одлучи британскиот виш суд. Тоа значи дека владата не може сама да го активира членот 50 од Лисабонскиот договор. Судиите донесоа одлука Тереза Меј да нема можност да го активира членот 50 без претходна согласност на парламентот. „Судот не ги прифати...

Хан: Изборите се важни, но тие се само почеток во решавањето на кризата

Еврокомесарот за проширување и за добрососедска политика, Јоханес Хан, денеска по средбите со претставниците на граѓанскиот сектор, Специјалното јавно обвинителство и со лидерите на четирите политички партии, оцени дека има напредок, како во атмосферата што владее меѓу соговорниците, така и во прочистувањето на избирачкиот список и во функционирањето на медиумите и на ад-хок телото за надзор на медиумите. Тој истакна дека изборите се...

Нема да има компромиси за Лондон во процесот на излегување од ЕУ, порача Туск

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, денеска зазел цврст став во врска со преговорите за излегувањето на Велика Британија од Европската Унија, ветувајќи дека нема да има компромиси за Лондон во процесот на Брексит, јавуваат светските агенции. Туск изјавил дека задачата на европските преговарачи е да ги заштитат интересите на Европската Унија како целина и на секоја од 27-те земји-членки. Тој...

Тереза Меј очекува Брексит да се одвива непречено

Британската премиерка Тереза Меј изјави дека се надева дека процесот за излегување на Велика Британија од Европската Унија ќе помине „непречено“. Таа наведе дека очекува дека ќе бидат гарантирани правата на граѓаните на ЕУ кои веќе престојуваат во Велика Британија. Меј повтори дека ќе го почне официјалниот процес за излегување од ЕУ со членот 50 од Лисабонскиот договор најдоцна до март...

Јункер: ЕУ не смее да попушти пред барањата на Британија

Европската Унија мора да биде непопустлива кон барањата на Велика Британија кога станува збор за условите за нејзиното излегување од ЕУ, рече денеска претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер. - Не може со една нога да бидете надвор, а со друга внатре. По тоа прашање мора да бидеме непопустливи – рече Јункер на конференција во Париз, предупредувајќи ја Британија дека...

Северна Ирска би можела да стави вето на Брексит

Двајца адвокати од Белфаст тврдат дека Северна Ирска има право на вето на одлуката на Велика Британија да излезе од Европската Унија, повикувајќи се на условите од историскиот мировен договор од 1998 година. Адвокатот Ронан Лавери наведува дека со потпишувањето на Договорот на Велипеток, „признаен е суверенитетот над уставните прашања“. - Народот на Северна Ирска инсистира на контрола над уставните промени,...

Џонсон: Брексит ќе почне на почетокот од следната година

Велика Британија ќе ја почне формалната процедура за напуштање на Европската Унија на почетокот од следната година и можеби нема да има потреба преговорите за напуштање да траат две годни, рече британскиот министер за надворешни работи, Борис Џонсон. - Сега разговараме со нашите европски пријатели и партнери во очекување дека во првата половина од следната година ќе го активираме членот 50 –...

Туск: Европа ја тресат кризи, време е за дијагноза

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, ги повика лидерите на Европската Унија трезвено и отворено да ги разгледаат проблемите во блокот. Тој рече дека тоа мора да се направи по шокантната референдумска одлука на Британците да ја напуштат Унијата. Туск ги повика лидерите на ЕУ да постават „реална дијагноза за причините за Брексит“ и да ги уверат граѓаните дека од Брексит...

Јункер: Популизмот не решава, туку отвора проблеми

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, денеска порача дека иднината на Европската Унија не е загрозена по одлуката на Велика Британија да ја напушти Унијата и апелираше до Лондон што е можно побргу да ја почне процедурата за излегување, јавуваат светските агенции. Јункер во својот годишен говор за состојбата на Унијата пред Европскиот парламент во Стразбур, истакнал дека ЕУ ја...

Британската економија ќе претрпи штети од одлуката за напуштање на ЕУ, смета Тереза Меј

Британската премиерка, Тереза Меј, изјави дека британската економија ќе претрпи штета од одлуката за напуштање на Европската Унија, но таа нема да биде толку сериозна како што предвидуваат некои аналитичари. - Ни претстојат тешки времиња. Видовме дека податоците во овој, актуелен момент, даваат противречни сигнали за ситуацијата во економијата. Сметам дека таа реагира подобро отколку што имаше некои претскажувања по референдумот,...

Во Велика Британија денеска протести против Брексит

Во повеќе британски градови денеска се планирани протести против излегувањето на Велика Британија од Европска Унија. Демонстрантите бараат да се паузира истапувањето и да продолжат блиските културни и економски врски со Европа. Демонстрантите, исто така, бараат и владата повеќе да го консултира јавното мислење пред да ги почне преговорите. За денеска се планирани собири во Лондон, Единбург и во Бирмингем. Се очекува на...

Туск: ЕУ нема да почне преговори со Велика Британија пред активирањето на Брексит

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, денеска од Луксембург предупреди дека Европската Унија нема да ги почне преговорите со Велика Британија, за нејзините односи со Унијата во иднина, додека земјата официјално не ја почне процедурата за излез од ЕУ, јавуваат светските агенции. „Нашиот став е јасен. Нема преговори пред почетокот на процедурата“. изјавил Туск по средбата со премиерот на Луксембург, Ксавиер...

Џонсон: Британија не се отцепува од Европа и ќе остане посветена европска сила

Велика Британија ќе остане посветена европска сила, дури и кога ќе ја напушти Европската Унија, изјави британскиот министер за надворешни работи, Борис Џонсон, за време на неформалниот состанок на шефовите на дипломатиите на Организацијата за безбедност и соработка во Европа во Потсдам. Џонсон истакна дека излегувањето од Унијата не значи дека Велика Британија се отцепува од континентот. - Обединетото Кралство не...

Меј ќе разговара со министрите за Брексит

Британската премиерка Тереза Меј денеска ќе се состане со министрите за да ги разгледаат преговорите за излез на Велика Британија од Европската Унија, јавува „Би-би-си“. Пред летната пауза, Меј побара од министрите да идентификуваат, како што наведе, можност во своите министерства, а сега очекува извештаи од нив, меѓу другото, и за начинот на кој Велика Британија треба да преговара со...

Штајнмаер: Брексит ќе има долгорочни последици

Министерот за надворешни работи на Германија, Франк-Валтер Штајнмаер, денеска изјави дека одлуката на Велика Британија да ја напушти Европската Унија ќе има долгорочни последици кои тешко ќе можат да се проценат, порачувајќи дека и на двете страни ќе им бидат потребни нови праведни и обврзувачки правила за нивните идни односи, јавува „Ројтерс“. Шефот на германската дипломатија во обраќањето на собирот...

Меј нема да дозволи во парламентот да се гласа за Брексит

Британската премиерка Тереза Меј нема да дозволи во парламентот да се одржи гласање за Брексит пред формалното почнување на постапката за излегување на Велика Британија од Европската Унија. Како што наведува „Дејли телеграф“, Меј на противниците нема да им пружи шанса да ја блокираат одлуката за излегување. Британската премиерка консултирала правници кои велат дека таа има овластување да го почне...

Ренци, Меркел и Оланд на средба за иднината на ЕУ по Брексит

Италијанскиот премиер Матео Ренци, германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Франсоа Оланд денеска на италијанскиот остров Вентетоне, ќе разговараат за ситуацијата во Европската Унија по излегувањето на Велика Британија. - Тие ќе дојдат да ја разгледаме можноста како Европа повторно да ја лансираме од дното – изјави вчера Ренци. Дипломатски извори од Париз, за британските медиуми изјавија дека средбата има...

Меркел: Одлуката за Брексит е неотповиклива

Одлуката на Британците да ја напуштат Европската Унија е неотповиклива, изјави оцени германската канцеларка Ангела Меркел. - Пред нас е цел процес на напуштање, но таа одлука е неотповиклива – изјави Меркел и додаде дека одлуката е тест за ЕУ. Меркел рече дека жали поради потегот на Велика Британија, но истакна дека сега треба да се преговара врз основа на интереси....

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...