fbpx
Таг: Брексит

таг: Брексит

Брисел порача: Опстанокот на ЕУ не е доведен во прашање

Доналд Туск, претседателот на Европскиот совет, Мартин Шулц, претседател на Европскиот парламент, Марк Рут, претседавач со ротирачкото претседателство на Советот на ЕУ, и Жан Клод Јункер, претседавач со Европската комисија, по состанокот во Брисел, изјавија дека жалат поради одлуката на Британците да ја напуштат Европската Унија. „Во еден слободен и демократски процес, Британците изразија желба да ја напуштат Европската Унија....

Брексит ги урна светските берзи, фунтата изгуби дел од вредноста

Брексит предизвика економски тектонски движења на светските берзи, со голем пад на вредноста на индексите, но и на британската валута која е на најниско ниво од 1985 година. Фунтата падна за речиси 9 отсто и чини 1,34 долари, што претставува најниско ниво во последните 31 година. Стручњаците предупредуваат дека вредноста на фунтата ќе падне и до 1,2 долари. Еврото, исто така, изгуби...

Меркел жали за Брексит, но најави блискост на Брисел со Лондон

Европа не треба да извлекува брзи и едноставни заклучоци што ќе создадат нови поделби во ЕУ, изјави германската канцеларка Ангела Меркел откако Британците одлучија да ја напуштат Европската Унија. Таа изрази длабоко жалење и порача дека ЕУ во иднина ќе има блиски односи со Велика Британија. - Сè до излегувањето од ЕУ, Велика Британија ги има сите права и обврски како членка...

Попоски за Брексит: Македонија изгуби поддржувач во процесот на проширување на ЕУ

Шефот на македонската дипломатија, Никола Попоски, за излегувањето на Велика Британија од Европската Унија, рече дека со Брексит, ЕУ ќе изгуби значајна земја членка, пренесува „Прес 24“. „За Балканот и за Македонија тоа значи загуба на еден поддржувач на процесот на проширувањето на Унијата. Очигледно е дека треба да се чујат и забелешките на тие кои ценат дека постои демократски дефицит...

„Сега шу праиме?!?“, му твитна Јанкулоска на британскиот амбасадор Гарет

Поранешната министерка за внатрешни работи и висок функционер на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Јанкулоска, денеска преку свои објави на социјалните мрежи „Твитер“ и „Фејсбук“ се потсмева со одлуката на Велика Битанија за излегување од Европската Унија. „Сега Шу праиме?!?“, му твитна таа на амбасадорот на Велика Британија во земјава, Чарлс Гарет. https://twitter.com/G_Jankuloska/status/746289977533796352 Јанкулоска на својот фејсбук-профил, пак, напиша „Добро утро Европо“ (Good morning Europe),...

Фараж призна дека ја излажале британската јавност за Брексит

Шефот на Партијата за независноста на Обединетото Кралство, Најџел Фараж, која силно се залагаше за излегување од Европската Унија, денеска при гостувањето во емисијата „Добро утро Британијо“, призна дека едно од ветувањата на кое се темелела нивната кампања за излез, најверојатно нема да се оствари. Поборниците за Брексит ветуваат дека 350 милиони фунти, кои секоја недела се праќаат во ЕУ,...

„Би-би-си“: Како може Брексит да влијае на најелитната фудбалска лига во светот?

Одлуката за излегување на Европската Унија, што вчера ја донесоа британските граѓани, освен што ќе влијае на финансиите и на социјалните услови на островот, можно е да ја погоди и најелитната фудбалска лига во светот - англиската Премиер-лига, оценуваат телевизиските куќи „Би-би-си“ и „Скај њуз“. Лигата, велат анализите, најпрво ќе биде погодена од околноста што фудбалерите што доаѓаат од континенталниот дел на Европа...

Хамонд: Помал притисок за Путин

Шефот на британската дипломатија, Филип Хамонд, изјави дека рускиот претседател Владимир Путин утрово „почувствувал помал притисок“, по веста дека Велика Британија гласала за излез од ЕУ. Хамонд рече дека Путин добил малку повеќе надеж што се однесува до изгледите за укинување на санкциите на Европската Унија против Русија, пренесува „Би-би-си“. Велика Британија на вчерашниот референдум, со 52 отсто гласови „за“ и...

По Брексит, Шпанија предлага поделба на суверенитетот над Гибралтар

Шпанскиот министер за надворешни работи, Хосе Мануел Гарсија-Маргаљо, денеска предложи поделба на суверенитетот над Гибралтар, откако граѓаните на Велика Британија се изјаснија на референдум за излегување од Европската Унија. Тој рече дека со тоа би ѝ се овозможило на оваа британска прекуморска територија да го задржи пристапот до единствениот пазар на ЕУ. - Нашата формула е ко-суверенитет на Британија и на...

Тажна вест за Европа, ЕУ се подготвува за иднина без Британија

Одлуката на Велика Британија да ја напушти Европската Унија предизвика шок и освестување во ЕУ дека се потребни промени во Брисел. Евроскептиците во ЕУ сметаат дека и нивните земји треба да ја напуштат Унијата. Претседателот на Европскиот парламент, Мартин Шулц, рече дека ЕУ ги почитува резултатите, но тоа си носи и свои одговорности. - Обединетото Кралство одлучи да оди по свој...

Камерон најави оставка, Шкотска и Северна Ирска размислуваат за отцепување

Дејвид Камерон утрово соопшти дека ќе поднесе оставка на функцијата премиер до октомври, откако граѓаните на Велика Британија изгласаа земјата да ја напушти Европската Унија. Во говорот по одлуката на Британците за Брексит, Камерон рече дека волјата на британскиот народ мора да се почитува и оти тоа е упатство што мора да се почитува. Тој рече дека треба да се избере нов...

Итен состанок на лидерите на ЕУ по Брексит

Лидерите на Европската Унија денеска во Брисел ќе одржат вонреден состанок по одлуката на британските гласачи Велика Британија да ја напушти Унијата. Европската комисија, исто така, за денеска закажа вонредна седница. Средбата ја свикал претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, а не неа ќе присуствуваат претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, претседателот на Европарламентот, Мартин Шулц, како и холандскиот премиер...

Велика Британија ја напушта Европската Унија

Граѓаните на Велика Британија на вчерашниот референдум изгласаа земјата да излезе од Европската Унија, покажуваат прелиминарните резултати. Нецелосните резултати од четири петини од избирачките места покажуваат дека 52 отсто од Британците гласале за излегување од ЕУ, наспроти 48 отсто за останување. Останува да се пребројат гласовите од уште неколку избирачки места, меѓутоа од досегашните резултати повеќе од извесно е...

Анкета: 52 отсто од Британците се за останување во ЕУ

Педесет и два отсто од Британците се за останување на Велика Британија во Европска Унија, додека 48 отсто се за излез на земјата од Унијата, покажа денеска објавената анкета на агенцијата за испитување на јавното мислење „Ипсос МОРИ“. Анкетата, која е направена за потребите на весникот „Ивнинг стандард“, била спроведена пред два дена.

Референдум во Британија: Да се остане или не во ЕУ

Британците денеска одлучуваат дали ќе останат во Европската Унија или ќе излезат од заедницата. Нивниот одговор би можел во значајна мера да ја одреди иднината не само на Велика Британија, туку и на Европа. Право на глас имаат сите британски, ирски и граѓани на Комонвелтот, постари од 18 години. Според последните анкети, британската јавност е целосно поделена. Тие што сакаат да...

Оланд: Брексит значи и губење на единствениот пазар на ЕУ

Францускиот претседател Франсоа Оланд денеска предупреди дека ако Британците на референдумот гласаат за напуштање на ЕУ, тоа ќе го загрози пристапот на Велика Британија на единствениот пазар на Унијата. - За Велика Британија би било многу ризично да го изгуби пристапот до единствениот пазар. Сите треба да бидат свесни за тоа – рече францускиот претседател. Утре се одржува референдумот на кој...

Хамонд: По Брексит нема враќање назад

Излегувањето на Велика Британија од Европската Унија ќе биде конечно и потоа нема враќање назад, предупреди денеска шефот на британската дипломатија, Филип Хамонд. - Кога еднаш ќе донесеме таква одлука, нема враќање назад. Велика Британија никогаш повеќе нема да може да се врати во ЕУ, освен под услови кои се неприфатливи, како што е обврската за приклучување во еврозоната и...

Штајнмајер: Брексит ќе го загрози европскиот проект

Излегувањето на Велика Британија од Европската Унија сериозно би го загрозил европскиот проект, изјави шефот на германската дипломатија, Франк Валтер Штајнмајер. - Доколку Британците одлучат да излезат од ЕУ, тогаш ние не можеме следниот ден само да продолжиме да работиме како вообичаено, со едно членка помалку – вели Штајнмајер. Тој смета дека ЕУ, во случај на Брексит, мора да спречи процес...

ММФ: Брексит би ја зголемил неизвесноста во глобалната економија

Излегувањето на Велика Британија од Европската Унија би ја зголемило неизвесноста во време на глобална економска слабост, изјави денеска заменик-директорот на Меѓународниот монетарен фонд, Дејвид Липтон. - Многу е тешко да се предвидат потенцијалните ефекти, но таа неизвесност би преставувала негативен фактор и би настапила во време кога глобалното економско закрепнување е и понатаму бавно и слабо – изјави Липтон на...

Камерон: Заговорниците на „брексит“ ги лажат гласачите

Британскиот премиер Дејвид Камерон ги обвини заговорниците за излегувањето на Велика Британија од Европска Унија дека ги лажат гласачите, но додаде дека не е загрижен дека приврзаниците за останување во Унијата ќе ја загубат трката. Анкетите даваат мешани прогнози, но обложувачките квоти за одлука за излез од Унијата на референдумот на 23 јуни се смалија од 4:1 на 2:1. Камерон, кој...

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...