fbpx

Британија не е подготвена за почеток на преговорите за излез од ЕУ

-

Британската влада сè уште не е во позиција да почне суштински преговори за излез од ЕУ, изјави денеска пефот на британската дипломатија, Филип Хамонд.

– Во овој момент не сме во позиција веднаш да почнеме суштински преговори и затоа не би било мудро да поведеме процес за активирање на членот 50 – рече Хамонд пред парламентарната комисија.

Тој додаде дека владата во наредниот период ќе мора да „развие ресурси за преговори за трговија“ и дека по тој повод ќе се обратат до пријателските земји.

Членот 50 од Лисабонскиот договор се однесува на почнување процес за излегување на некоја членка од ЕУ.
По референдумот на кој Британците се изјаснија за напуштање на европскиот блок, претставниците на ЕУ посочија дека од владата во Лондон очекуваат веднаш да го почне процесот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...