Тереза Меј и Андреа Лидсам, единствени кандидатки за премиер на Велика Британија

-

Велика Британија повторно ќе има жена премиер, првпат по Маргарет Тачер, откако во трката за нов лидер на Конзервативната партија останаа две жени, министерката за внатрешни работи, Тереза Меј, и министерката за енергетика, Андреа Лидсам, јавуваат британските медиуми.

На денешното гласање, Меј добила 199, а Лидсам 84 гласови, додека од трката, со 46 освоени гласови, излегол министерот за правда, Мајкл Гов.

Меј имаше висока предност и по првата рунда од гласањето, кога бројот на кандидати за лидери на партијата беше намален од петмина на тројца.

Меј и Лидсам сега ќе водат кампања низ целата земја за гласовите на околу 150.000 членови на партијата.

Која ќе биде новата лидерка на партијата и премиерка на Велика Британија, прва по Маргарет Тачер, која беше на оваа функција од 1979 до 1990 година, ќе биде познато на 9 септември.

Актуелниот премиер на Велика Британија, Дејвид Камерон, по референдумот на 23 јуни, кога Bританците гласаа за излегување на Европската Унија, најави дека ќе ја напушти функцијата до октомври годинава.

Повторно недоличен говор во Собранието: Од поздрави го татко ти, до миење нозе, па сè до смрт

Во Собранието на Северна Македонија никако да сопре употребата на недоличен говор и навреди меѓу пратениците. Деновиве пратениците Талат Џафери од Европскиот фронт и Ријад Шаќири од ВЛЕН употребија недолични изјави...

Од еден до 85 милиони евра би чинеле решенијата за линданот во Пеленица

Од еден до 85 милиони евра би чинело решавањето на проблемот со токсичниот линдан во Пеленица, покрај Драчево. Единствената депонија со овој пестицид, која е лоцирана надвор од дворот на ОХИС,...

Кривична пријава против полицајка, од главниот магацин во Карпош недостасувала автоматска пушка

Министерството за внатрешни работи (МВР) информираше дека до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднело кривична пријава против А.Д. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично...

Владата ја донесе Програмата за работа за 2025 година

Економското заживување на земјата е наш врвен приоритет, поттикнување на силен циклус на економски раст, подобрување на севкупната транспортна инфраструктура, зголемување на животниот стандард, подобар и поквалитетен живот за секого, квалитетни...

Повторно недоличен говор во Собранието: Од поздрави го татко ти, до миење нозе, па сè до смрт

Во Собранието на Северна Македонија никако да сопре употребата на недоличен говор и навреди меѓу пратениците. Деновиве пратениците Талат Џафери од Европскиот фронт и Ријад Шаќири од ВЛЕН употребија...