fbpx
Таг: бомбардирање

таг: бомбардирање

Воздушни напади во Либија, 41лице убиени во Сабрата

Најмалку 40 лица загинаа во воздушни напади што утринава ги извршиле неидентификувани воини во западниот либиски град Сабрата, соопштија либиските власти. Весникот „Њујорк тајмс“, цитирајќи западни претставници, јавува дека нападот го извршиле САД. Градоначалникот на Сабрата, Хусеин ал-Тауди, соопшти дека авионите почнале да дејствуваат околу 3.30 часот, кога била погодена зграда во квартот Каср Талил, во кој живеат странски работници. Тој рекол...

Турција бомбардирала курдски бунтовници во Ирак

Турската војска денеска соопшти дека извела воздушни напади на позиции на курдските бунтовници на северот на Ирак, по вчерашниот бомбашкиот напад во Анкара во кој загинаа 28 лица, а 61 лице е повредено. Мета на прекуграничните напади, извршени синоќа, била група од 60 до 70 припадници на Работничката партија на Курдистан (ПКК) во регионот Хафтанин. Војската соопшти дека меѓу нив имало и повеќе...

Израелски авиони бомбардирале позиции на сириската војска

Израелските сили гранатирале позиции на сириската војска јужно од Дамаск, јави Сириската опсерваторија за човекови права. Израел и претходно беше обвинет за бомбардирање на подрачја каде се наоѓаат владините сили и либанската група Хезболах, која соработува со сирискиот претседател Башар ал Асад. Извори од сирискиот режим ги отфрлија наводите за израелските воздушни напади во таа земја. Се очекува на состанокот на работната...

Бомбардирани две болници во Сирија

Две болници се погодени во воздушни напади на северот на Сирија, јавуваат медицински извори и сведоци. Има загинати и повредени. Во Азаз, на границата со Турција, најмалку десет лица загинаа, вклучително и неколку во зградата на болницата. Од „Лекари без граници“ наведоа дека осум члена од нивниот персонал се водат за исчезнати по еден од нападите во Марат ал-Нуман. Новите воздушни удари...

Кери: Русија да престане со бомбардирањето во Сирија

Американскиот државен секретар, Џон Кери, побара од Русија да го прекине бомбардирањето во Сирија и да воспостави прекин на огнот во земјата. - Русија многу директно ми навести дека е подготвена на прекин на огнот. Иранците пред два дена во Лондон потврдија дека сега ќе поддржат прекин на огнот - истакна Кери. Тој додаде дека набргу ќе биде јасно кој...

Кери ја повика Русија да престане да ги бомбардира сириските бунтовници

Американскиот државен секретар Џон Кери ја предупреди Москва да престане со бомбардирањето на сириските бунтовнички групи, откако разговорите меѓу опозицијата и претставниците на Дамаск пропаднаа во Женева. Кери на својот руски колега, Сергеј Лавров, во телефонски разговор му рекол дека резолуцијата на Советот за безбедност на ОН повикува на безусловен прекин на огнот во Сирија за да се овозможи хуманитарната...

Обама одобри бомбардирање на ИД во Авганистан

Американскиот претседател Барак Обама даде зелено светло силите на САД во Авганистан да ги бомбардираат позициите на Исламска држава во таа земја, јавува „Вашингтон пост“, повикувајќи се на неименувани извори во Пентагон. Весникот наведува дека одлуката на Обама ќе придонесе за американската војска да стане поефективна во борбата против терористите во Авганистан. Претходно, американската авијација имаше дозвола да бомбардира само позиции...

Израел бомбардираа цели на Хамас во појасот Газа

Израелските воздухопловни сили утринава бомбардирале неколку објекти на палестинското движење Хамас во појасот Газа, јавуваат светските агенции. Нападите се извршени како одговор на синоќешните ракетни напади врз Јужен Израел. Израелската армија соопшти дека мета на денешните нападите биле два кампа за воена обука и уште две воени бази на Хамас. Палестинските извори јавуваат дека израелските напади биле насочени кон четири објекти во...

Ирак: При бомбардирање загинаа девет ирачки војници

Девет ирачки војници загинаа кога воени авиони на коалицијата против Исламска држава на чело со САД по грешка изведоа удар на ирачките трупи во близина на градот Фалуџа. - Коалицијата на воздушните сили вчера го покриваа напредувањето на копнените сили во близина на Фалуџа, затоа што ирачките хеликоптери не можеа да полетаат поради лошите временски услови. Конечниот биланс е девет...

Во бомбардирање во Сирија загинале 32 цивили

Најмалку 32 цивили се убиени на северот на Сирија, во бомбардирањето кое најверојатно го спровеле руските сили, соопшти Опсерваторијата за заштита на човековите права со седиште во Лондон. - Авионите во четврток го бомбардираа градот Рака и локалитетите Ал-Баби во провинцијата Алепо. Меѓу жртвите имало и шест деца и 11 жени, а десетина лица се ранети – соопшти директорот на...

Бомбардиран хуманитарен конвој во Сирија

Седум лица загинаа, а 10 се ранети во воздушните напади во сирискиот град Азаз, во близина на границата со Турција, јавуваат турските медиуми, додавајќи дека погоден е и хуманитарен конвој со помош за бегалци. Засега не се знае кој ги извршил воздушните напади, руски или сириски авиони.

Руските авиони уништиле 72 терористички мети во Сирија

Руските воздухопловни сили уништиле 472 терористички мети во Сирија во последните 48 часа, стои во дневниот извештај на руското министерство за одбрана. Како што јавува „Раша тудеј“, целите се уништени во вкупно 141 напад. Руското воздухопловство дејствувало во провинциите Алепо, Дамаск, Деир ез-Ора, Хама, Хомс, Идлиба, Латакија и Рака. Портпаролот на руското министерство за одбрана, Игор Конашенков, соопшти дека сите руски авиони...

Кери: Милитантите на ИД се психотични монструми

Милитантите на Исламска држава (ИД) се психотични монструми, изјавил американскиот државен секретар, Џон Кери, кој денеска е во посета на Париз, на средба со францускиот претседател, Франсоа Оланд, јавуваат светските медиуми. Посетата на Кери на Париз, како што пренесува „Би-Би-Си“, е за да се демонстрира поддршката што Вашингтон му ја дава на својот клучен сојузик по терористичките напади. Претседателот Оланд вчера соопшти дека...

Во руските воздушни напади, уништен главниот центар за обука на ИД во Сирија

Руски борбени авиони во изминатите 24 часа извеле 33 воздушни напади врз 49 цели на Исламска држава во Сирија, соопшти денеска портпаролот на руското министерство за одбрана, Игор Конашенков, јавуваат светските агенции. Конашенков соопштил дека бомбардери од типот „сухој Су-25“ во два од нападите го уништиле главниот центар за обука на милитантите на Исламска држава (ИД), кај градот Латакија, користејќи...

Германија се сомнева дека Русија ги бомбардира целите на ИД во Сирија

Германските власти соопштија дека се сомневаат во тврдењата на Русија дека во воздушните напади во Сирија ги бомбардира позициите на Исламска држава. Русија во средата почна воздушни напади во Сирија против, како што тврди, Исламска држава во таа земја, додека Западот ја обвинува Москва дека поголемиот дел од нападите се наменети за противниците на режиот на сирискиот претседател Башар ал-Асад. Со оглед...

САД: Нападот е изведен на барање на Авганистан

Американските воздушни напади во кои загинаа 22 лица во болница во градот Кундуз изминатиот викенд, е изведен на барање на авганистанските сили. Ова го изјави командантот на американските коалициони сили во Авганистан, генерал Џон Кемпбел. Кемпбел рекол дека Пентагон го коригира првичното американско соопштение во кое пишуваше дека бомбардирањето е изведено поради одбрана на американските војници на кои им бил...

Русија ги засили нападите врз Исламска држава

Руски борбени авиони во текот на ноќта извршиле 20 летови и нападнале 10 објекти на Исламска држава во градот Ал Табка. Министерството за одбрана на Русија соопшти дека авионите од видот „су-34“ ги нападнале тренинг-центарот на џихадистите и нивното складиште за муниција. - Резултат на тоа е голема експлозија во складиштето, а центарот за обука е целосно уништен – наведе портпаролот Игор...

Обама се извини за бомбардирањето на болницата во Кундуз

Американскиот претседател Барак Обама се извини за вчерашниот бомбашки напад врз болницата во авганистанскиот град Кундуз и го нарече трагичен случај. Воздушните сили на САД по грешка ја бомбардираа болницата, при што загинаа 19 лица, од кои 12 лекари, а ранети се 37 луѓе. Во текот на нападот во болницата се наоѓале 105 пациенти и 80 припадници на хуманитарната организација...

УНЕСКО: Уништувањето на храмот во Палмира е военo злосторство

Екстеремистите на Исламска држава кои го уништија древниот храм во сирискиот град Палмира, направиле воено злосторство, оцени генералната директорка на УНЕСКО, Ирина Бокова. - Уништувањето е воено злосторство и неповратен губиток за сирискиот народ и човештвото – наведе Бокова и додаде дека сторителите мораат да одговараат за своите постапки. Исламска држава ја зазеде Палмира во мај, оваа година. Античкиот град, кој...

Во Јемен загинаа 14 цивили

Четиринаесет цивили, меѓу кои има жени и деца, загинаа при бомбардирање на позициите на бунтовниците во градот Таез на југозападот на Јемен. Силите под команда на племенскиот лидер Хамуд ал-Микхлафи сега контролираат 75 отсто од градот, вклучувајќи ја и претседателската палата и резиденцијата на поранешниот претседател Али Абдула Салех кој е близок со бунтовниците. Првите конфликти околу градот Таез почнаа на...

ЕИБ: Нема доволно податоци од регионалните претпријатија за да се процени нивниот импакт на околината

Според ново истражување на Европската инвестициска банка (ЕИБ), малите и средните претпријатија во Централна, Источна и Југоисточна Европа (ЦИЈИЕ) не објавуваат доволно информации во однос на ЕСГ, мерка со...