fbpx

Израелски авиони бомбардирале позиции на сириската војска

-

Израелските сили гранатирале позиции на сириската војска јужно од Дамаск, јави Сириската опсерваторија за човекови права.

Израел и претходно беше обвинет за бомбардирање на подрачја каде се наоѓаат владините сили и либанската група Хезболах, која соработува со сирискиот претседател Башар ал Асад.

Извори од сирискиот режим ги отфрлија наводите за израелските воздушни напади во таа земја.

Се очекува на состанокот на работната група за примена на прекинот на огнот во Сирија, закажан за петок, да се разговара за воспоставување зона на забранети летови над Сирија, која според руските власти не може да се донесе без присуство на сириската влада и на Обединетите нации.

Германската канцеларка Ангела Меркел рече дека состојбата во Сирија е неприфатлива и го повтори повикот за воспоставување зона за забранети летови за да се заштитат цивилите.

Светските сили на 12 февруари договорија прекин на непријателствата за да се поттикне мировниот процес во Сирија и доставувањето хуманитарна помош во опколените градови. Сепак, не успеаја да постигнат договор за целосен прекин на огнот, ниту за ставање крај на руските воздушни удари.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...