fbpx

Воздушни напади во Либија, 41лице убиени во Сабрата

-

Најмалку 40 лица загинаа во воздушни напади што утринава ги извршиле неидентификувани воини во западниот либиски град Сабрата, соопштија либиските власти.

Весникот „Њујорк тајмс“, цитирајќи западни претставници, јавува дека нападот го извршиле САД.

Градоначалникот на Сабрата, Хусеин ал-Тауди, соопшти дека авионите почнале да дејствуваат околу 3.30 часот, кога била погодена зграда во квартот Каср Талил, во кој живеат странски работници. Тој рекол дека 41 лице загинале, а шест се повредени.

Сабрата се наоѓа во близина на границата со Тунис и е едно од подрачјата во кое има припадници на Исламска држава.
„Њујорк тајмс“ пренесе дека мета на денешниот напад бил висок оперативец од Тунис, поврзан со минатогодишните напади на ИД во оваа земја.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...