Бомбардирани две болници во Сирија

Две болници се погодени во воздушни напади на северот на Сирија, јавуваат медицински извори и сведоци. Има загинати и повредени.

Во Азаз, на границата со Турција, најмалку десет лица загинаа, вклучително и неколку во зградата на болницата.

Од „Лекари без граници“ наведоа дека осум члена од нивниот персонал се водат за исчезнати по еден од нападите во Марат ал-Нуман.

Новите воздушни удари доаѓаат еден ден откако САД, Русија и другите светски сили постигнаа согласност за запирање на непријателствата во Сирија.