fbpx
Таг: бомбардирање

таг: бомбардирање

Протести во Кундуз поради смртта на 26 цивили во воздушни напади

Авганистанските власти соопштија дека најмалку 26 цивили, меѓу кои жени и деца, загинале во воздушните напади на северот на земјата. Поради тоа жителите на Кундуз протестираа пред канцеларијата на гувернерот, носејќи ги телата на жртвите. НАТО соопшти дека нападите се изведени за да се заштитат пријателските сили во операциите во Кундуз и оти ќе биде извршена истрага поради цивилните жртви. Претходно Алијансата...

Русија негира дека бомбардирала школо во Идлиб

Руското министерство за надворешни работи соопшти дека руските и сириските сили не го бомбардирале училиштето во покраината Идлиб, во кое загинаа 28 лица, од кои 22 се деца. - Руската Федерација нема никаква врска со оваа страшна трагедија, ниту со овој напад – рече портпаролката Марија Захарова. Таа истакна дека тврдењата на активистите за човекови права и на западните дипломати дека руски...

Турција ќе ги продолжи своите операции во Сирија

Турција нема да се откаже од своите операции во Сирија, изјави денеска на прес-конференција шефот на турската дипломатија, Мевлут Чавушоглу. Изјавата на Чавушоглу доаѓа откако сириски воен хеликоптер бомбардирал и убил бунтовници кои Турција ги поддржува. Во нападот кој се случил доцна синоќа, убиени се двајца бунтовници, а ранети се пет во првиот директен судир на бунтовниците и на сириските сили...

Русија ги прекина воздушните напади во Алепо

Русија соопшти дека заедно со сириските воздухопловни сили ги прекинала нападите на Алепо. Министерот за одбрана, Сергеј Шојгу, изјави дека воздушните напади се прекинати за бунтовниците и цивилите да можат да го напуштат опколениот град. Портпаролот на Кремљ, Димитриј Песков, подоцна изјави дека станува збор за манифестација на добра волја на руската војска. Извлекувањето на бунтовниците и на цивилите би требало да...

Сириски и руски авиони и денеска го бомбардираа Алепо

Руски и сириски авиони денеска извршија нови напади врз Алепо, каде во бомбардирањето на бунтовничките квартови, во последните 48 часа загина најмалку 71 цивил, соопшти денеска Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон. Повеќе од 20 воздушни удари утринава, пред зори, го потресоа Алепо, додека сириските воени сили напредуваа во североисточниот дел на градот и го зазедоа ридот над...

При бомбардирање унишетена најголемата болница во Алепо

Најголемата болница во бунтовничкиот источен дел на Алепо била мета на голема офанзива на владините сили со поддршка на Русија и целосно е уништена при денешните воздушни напади. - Болницата била директна мета за време на воздушните напади – изјави директорот на Опсерваторијата за човекови права, Рами Рахман. Според Сириско-американското лекарско здружение (САМС) во бомбардирањето загинале три лица кои биле вработени...

Русија има одговорност да ја смири ситуацијата во Сирија, сметаат Меркел и Ердоган

Русија има посебна одговорност да ги смири судирите во Сирија и да му пружи шанса на политичкиот процес, се согласиле денеска во телефонскиот разговор германската канцеларка Ангела Меркел и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. „Најновата офанзива на сирискиот режим, која се одвива со поддршка на Русија, дополнително ја влоши ситуацијата со цивилното население“, било наведено во соопштението испратено од канцеларијата на...

Продолжуваат судирите во Алепо, убиени 45 цивили

Најмалку 45 цивили, меѓу кои шест деца и пет жени, загинаа во бомбардирањето што го извршија сириските сили и нивните руски сојузници во квартовите на Алепо кои се под контрола на бунтовниците, јави Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон. Во нападите, кои траат речиси 24 часа, се погодени и два центра на спасувачките „бели шлемови“, а итната помош...

Повеќе од 30 цивили загинале во бомбардирање на Алепо

Повеќе од 30 цивили загинале синоќа во бомбардирањето на бунтовничките квартови во Алепо, јави сириската Опсерваторија за човекови права. До ова дошло само неколку часа откако сириските власти објавија прекин на примирјето што пред седум денови го издејствуваа САД и Русија. Според наводите на опсерваторијата, во бомбардирањето биле оштетени и камиони со хуманитарна помош наменета за Алепо.

Дете од Алепо стана симбол на страдањата на цивилите во Сирија

Видео од мало дете како седи извалкано во прашина и измачкано во крв во возило на итна помош, откако преживеало воздушен удар во Алепо, предизвика бројни реакции и сочувства во светот. Детето е идентификувано како Омар Дакнеш, кој има пет години. Тој вчера е ранет за време на воените напади во Алепо кои ги врши сириската војска со поддршка од...

Турција бомбардирала позиции на ПКК во Ирак

Турција бомбардирала позиции на курдските бунтовници на северот на Ирак, после серијата напади во кои загинаа 12 лица, јавуваат турските медиуми. Мета на нападите на турските авиони биле припадниците на Работничката партија на Курдистан (ПКК) во регионот Синат-Хафтани. Нападот е извршен неколку часа по нападите на турските воени возила на границата со Ирак, во кои загинати четири војници. Во одвоен истовремен...

ОН: Повеќе од 700 медицински работници се убиени во Сирија

Повеќе од 700 доктори и медицински работници се убиени во Сирија од почнувањето на војната во 2011 година, а голем број деца се регрутирани во редовите на Исламска држава, соопштија од Обединетите нации. Претседателот на Независната меѓународна комисија за истраги во Сирија при ОН, Пауло Пинјеиро, ги осуди нападите на болници и на клиники, кои, како што рече, предизвикуваат огромни страдања...

Турција ги бомбардираше положбите на ИД во Сирија

Турската војска со беспилотни летала ги бомбардираше положбите на Исламска држава во Сирија при што убиени се 63 екстремисти. Четири дронови биле испратени од базата Инџирлик во Јужна Турција да учествуваат во операциите, при што убиени се 29 екстремисти. Другите борци на Исламска држава се убиени во ракетни напади од Турција. Офанзивата почна вчера кога четири ракети беа лансирани од Сирија...

Бајден жали поради цивилните жртви при НАТО-бомбардирањата во 90-тите

Потпретседателот на САД, Џозеф Бајден, во телефонскиот разговор со премиерот на Србија, Александар Вучиќ, изразил жалење поради цивилните жртви за време на акцијата на НАТО во 1999 година, како и војните во текот на 90-те години, објавено е на интернет-страницата на Белата куќа. Бајден и Вучиќ вчера телефонски разговарале, на денот кога Србија обележа 17 години од почетокот на бомбардирањето...

Давутоглу: Досега се уапсени 11 лица поврзани со терористичкиот напад

Полицијата во Турција досега уапсила вкупно 11 лица кои биле поврзани со вчерашниот терористички напад во Анкара во кој загинаа 37 лица, а 120 се повредени. Ахмет Давутоглу, премиерот на Турција изјави дека постојат многу сериозни податоци, според кои нападот е извршен од курдски бунтовници. Тој потврди дека Турција извршила воздушни напади против кампови на Курдската работничка партија (ПКК) во северниот дел...

Турција бомбардираше позиции на Курдите во Ирак

Турски воени авиони утринава бомбардирале кампови на забранетата Работничка партија на Курдистан (ПКК) на северот на Ирак, соопшти турската војска. Во 11 воздушни напади се уништени сите 18 неодамна идентификувани мети, меѓу кои се и складиштата за муниција и засолништата, тврди војската. Турските власти, исто така, прогласија полициски час во југоисточниот дел на Сирнак, кој е претежно населен со Курди,...

Во Сирија бомбардирано складиште за гориво, 12 лица загинати

Воени авиони бомбардираа складиште за гориво во северниот дел на Сирија, кој е под контрола на опозицијата, при што загинаа најмалку 12 луѓе. Сириската Опсерваторија за човекови права соопшти дека телата се пронајдени во бомбардираниот дел во провинцијата Идлиб, додавајќи дека биле изгорени до непорепознатливост. Опсерваторијата наведува дека засега не е познато дали жртвите се цивили или борци. Лидерот на Високиот преговарачки...

Повеќе од 180 лица загинаа на првиот ден од примирјето во Сирија

На првиот ден од склученото примирје во Сирија, загинаа повеќе од 180 лица. Од Сирискиот центар за надзор на човековите права соопштија дека половина од лицата загинале во напади на Исламска држава во северните делови на земјата. Во нападот на ИД врз сирискиот град Тел Абад на границата со Турција, како и врз околните градови и села, убиени се 70 џихадисти, 20...

Бунтовниците го бомбардираа Алепо – 18 загинати

Во бунтовничките напади на делови на Алепо кои се под контрола на сириските власти, во последните 24 часа загинаа 18 лица, соопшти државната агенција САНА. Осум лица загинаа кога бунтовниците, кои ги поддржува Саудиска Арабија и Турција го бомбардирале Џамили, дел од Алепо, најголемиот град во Сирија. Повеќето жртви биле пензионери, наведува САНА, откако бомбите паднале во близина на зграда на...

Воздушни напади во Либија, 41лице убиени во Сабрата

Најмалку 40 лица загинаа во воздушни напади што утринава ги извршиле неидентификувани воини во западниот либиски град Сабрата, соопштија либиските власти. Весникот „Њујорк тајмс“, цитирајќи западни претставници, јавува дека нападот го извршиле САД. Градоначалникот на Сабрата, Хусеин ал-Тауди, соопшти дека авионите почнале да дејствуваат околу 3.30 часот, кога била погодена зграда во квартот Каср Талил, во кој живеат странски работници. Тој рекол...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...