fbpx

Русија ги прекина воздушните напади во Алепо

-

Русија соопшти дека заедно со сириските воздухопловни сили ги прекинала нападите на Алепо.

Министерот за одбрана, Сергеј Шојгу, изјави дека воздушните напади се прекинати за бунтовниците и цивилите да можат да го напуштат опколениот град.

Портпаролот на Кремљ, Димитриј Песков, подоцна изјави дека станува збор за манифестација на добра волја на руската војска.

Извлекувањето на бунтовниците и на цивилите би требало да почне на 20 октомври.

ОН ја поздравија одлуката за прекин на воздушните напади, но посочија дека прекинот на бомбардирањето не е доволно долг за да се испорача хуманитарна помош или да се објави евакуација на цивили.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...