fbpx

Заев: Ние имаме план за живот во Македонија

-

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска на средба со граѓаните во чаршијата во Велес им вети дека планот на СДСМ е да направи децата да не заминуваат од државата.

– Најголемата болка за сите нас е нашите деца да останат овде. Јас имам ќерка средношколец, син во основно образование. Мојот план како родител е децата да се запишат на високо образование овде, во Македонија, кога ќе завршат, да се вработат овде во Македонија, да основаат свое семејство овде во државата, да ги гледам и моите деца и моите внуци овде околу мене. Сигурно тоа го посакува секој родител за своето дете. Јас го посакувам за сите наши деца, да останат овде, да гледаат живот овде во Македонија! Тоа е нашиот план! Имаме план за живот во Македонија – рече Заев.

Лидерот на најголемата опозициска партија им кажал на велешани дека планот на СДСМ е да ги пренасочат сите пари кон граѓаните.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...