fbpx
Таг: блокада

таг: блокада

Израелската војска го блокира влезот на Рамала

Израелските сили за безбедност денеска го блокираа влезот во Рамала за лица што не живеат во овој град на Западниот Брег, каде се наоѓа седиштето на палестинските власти, соопштија властите во Ерусалим. Голем број лица што живеат во Рамала, меѓу кои Палестинци, странски дипломати и претставници на меѓународни хуманитарни организации, секој ден патуваат во овој град на работа. Израелската војска додаде дека мерката...

Грчките земјоделци можно е да го блокираат граничниот премин кај Дојран

Грчките земјоделци можно е денеска да го блокираат граничниот премин кај Дојран од 11 до 13 часот по македонско време. Според најавите на земјоделците од областа околу Кукуш, планирано е или да се блокира автопатот Солун - Петрич или, пак, да се блокира граничниот премин Дојран - Дојрани. Во областа кај Кукуш се собрани околу 450 трактори и земјоделци, кои...

Грчките земјоделци денеска ќе ја блокираат македонско-грчката граница

Грчките земјоделци продолжуваат со блокирање на грчките автопатишта. Земјоделците најавија дека денеска од 11 до 13 часот и од 18 до 20 часот ќе биде блокирана македонската граница, но и границите со Бугарија и со Албанија, како и ред други точки и дел од автопатиштата низ целата земја. На 15.000 трактори и на илјадници земјоделци, кои се распоредени на клучни точки...

„Излези за воздух“: Ако за пет дена Владата не преземе мерки, ќе го радикализираме протестот

Еколошките здруженија и инцијативи, на пет дена пред истекот на рокот што тие им го дадоа на надлежните да го решат проблемот со енормното аерозагадување, не се оптимисти дека ќе бидат применети мерките што тие им ги предложија на властите. Досега не е спроведена ниту една од мерките што еколошките здруженија ги предложија на протестот на 28 декември пред Владата и тие најавуваат дека ќе преземат радикални мерки...

Ректоратот ослободен, вработените на своите работни места

Врабoтените во Ректоратот на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ денеска се на своите работни места затоа што судентите од „Студентски пленум“ ја прекинаа блокадата пред влезот. Дел од вработените велат дека утринава немало никаква блокада и непречено дошле на своите работни места. За денеска во 11.30 часот, преставниците на „Студентски пленум“ и на „Мугра“ имаат закажано прес-конференција пред Ректоратот за нивните...

Гевгелиски таксисти ја блокираа пругата поради забраната да превезуваат мигранти

Здружението на лиценцирани такси-превозници „Авто-таксисти“ од Гевгелија, утрово, во 10 часот, почнало протест поради забраната да се превезуваат мигранти од Гевгелија до Куманово, информира Министерството за внатрешни работи. Членови на здружението, со своите такси-возила и со жив штит, ја блокирале железничката пруга кај железничкиот мост на Сува река. Како што информираат од МВР, таксистите ги блокираат возовите што се упатуваат до Прифатниот...

Дел од Лондон под полициска блокада

Лондонската полиција целосно ја блокирала улицата Блекфрајарс, откако запрела комби и уапсила тројца мажи. Засега не се откриваат причините зошто комбито било запрено, но сообраќајот во овој јужен дел од градот и понатаму е блокиран. Локалните медиуми јавуваат дека на местото се наоѓа најмалку едно возило на итната помош, а полициски хеликоптер го надлетува овој дел од градот. Полициската акција доаѓа...

Бегалската криза заглави 1.000 македонски камиони во Србија!

Македонски транспортери кои превезуваат сезонско овошје и зеленчук до Европа, се заглавени на граничните премини од Србија кон Хрватска откако Загреб ја затвори границата поради бегалската криза. Станува збор за околу 1.000 камиони кои чекаат за влез и за излез на премините Батровце и Бајаково, кои се целосно блокирани и патничките возила се пренасочуваат кон други премини. Околу триесетина камионџии, револтирани поради...

Северина и Каролина го парализираа Скопје

Речиси сите улици и булевари во централното градско подрачје од утрово се блокирани за сообраќај. Улиците во центарот веднаш по полноќ беа затворени за сообраќај без да има некакво известување, а ќе останат затворени до 12 часот в недела. Улиците Димитрија Чуповски и 11 Октомври се затворени поради поставување бина на улицата пред Собранието, за забавата по повод ребрендирањето на „Ти-мобајл“. Главни гости на...

Бројот на блокирани сметки на граѓани и на фирми се зголемува

Според податоците на Народна банка, бројот на блокирани сметки на граѓани во јуни е 172.339 и во споредба со мај, бројот е зголемен за 2.331. Од јануари до јуни, пак, тој број е зголемен за 25.940. Бројот на блокирани сметки на фирми во јуни е 65.439 и во споредба со мај, има зголемување за 720.

Сè поголем број граѓани и фирми со блокирани сметки

Според податоците на НБРМ, бројот на физички лица со блокирани сметки во април годинава е 70.066, а во споредба со истиот период лани, бројката е зголемена за 25.978, кога бројот на блокирани сметки изнесувал 44.088. Во однос на правните лица, пак, во април годинава 41.736 сметки биле блокирани, што е за 1.150 повеќе од истиот период лани, кога бројот на блокирани...

Рама зборувал симболично за блокадата на Македонија во НАТО

„Зборував симболично во името на НАТО, односно што треба Македонија да стори за членство во НАТО, а тоа е она што го изјавува и премиерот Никола Груевски“, изјавил албанскиот премиер Еди Рама, на прес-конференцијата со неговиот српски колега, Александар Вучиќ, кој од денеска е во официјална посета на Тирана, пренесува „Телма“. - Тоа што неодамна го изјавив за Македонија во...

Дрон го блокира аеродромот во Манчестер

Летовите на британскиот аеродром во Манчестер на кратко биле суспендирани по информацијата дека во таа област се појавило беспилотно летало – дрон. Како што соопшти управата на аеродромот, некои појдовни летови се одложени, неколку дојдовни летови се пренасочени, а една писта е затворена, додека хеликоптерот на полицијата ја проверувал информацијата за појавата на дронот кој сè уште не е пронајден.

Ангелов со ѕвончиња ја будеше совеста на Зврлевски

Со ѕвончиња во рацете, денеска триесетина граѓани, заедно со генерал Стојанче Ангелов, пред влезот на Обвинителството ги повторија барањата, Марко Зврлевски да си даде оставка и да се објасни врз основа на која одлука забранува МРТВ да ги објавува политичките „бомби“ на опозицијата. - Не знам што прави овој човек сè уште во обвинителството. Нека ја напушти функцијата, има чесни...

Попоски за РСЕ: Препораката е загрозена поради блокадата на Собранието

Пристапниот дијалог на високо ниво меѓу Македонија и Европската унија никогаш и не прекинал. Тој се одвива исто како што се одвиваат и реформите во сите области што ги покрива, вели министерот за надворешни работи, Никола Попоски, во изјава за „Радио Слободна Европа“. На прашањето дали е загрозена препораката за влез на Македонија во Унијата, Попоски одговорил: „Секако дека препораката е загрозена. Македонија...

Протест на роднините на осудените во „Детонатор“

Роднините на осудените во случајот „Детонатор“ денеска излегоа на протест и два часа го блокираа патниот правец Кочани - Виница, јави дописникот на „Мета“ од Штип. Тие изјавија дека во случајот се осудени невини луѓе и обвинија дека „судските одлуки биле донесени од страв или под притисок“. - Нашите најмили се жртви на еден криминалец и нема да се откажеме од...

Кина го блокира „џимеил“

Кина и „Гугл“ веќе три години водат битка за достапноста на услугите на најголемата интернет-компанија во азиската земја. Од минатиот викенд на листата недостапни услуги во Кина се приклучи и „џимеил“ . Во петокот е забележано дека е оневозможен пристапот до голем број џимеил-адреси, а имајќи предвид дека услугата и денеска не е нормализирана, се смета дека станува збор...

Тутунарите незадоволството од продажбата на тутунот ќе го изразат со протест

Сојузот на синдикати на земјоделски производители најави дека денеска ќе одржи мирен протест на тутунарите од струмичко-радовишкиот регион, кои се незадоволни од откупот на тутунот. Протестот, односно блокадата, ќе се орджи  на магистралниот  пат Струмица - Радовиш, кај „Слобода“, и  на магистралниот пат Радовиш - Штип, кај клучката кон селото Ињево. Блокадата би требало да трае до 13 часот. Протестот на...

Руско Министерство за одбрана: Соборени 68 украински беспилотни летала над Краснодар и Крим

Армијата синоќа пресретнала 68 украински беспилотни летала во јужниот руски крај Краснодар и Крим, соопшти руското Министерство за одбрана. Според тоа министерство, 66 беспилотни летала биле соборени над територијата на...