fbpx
Таг: блокада

таг: блокада

РЕК Битола: Блокадата може да предизвика тешки последици по енергетската стабилност

„Блокадата на јавниот пат што води до РЕК Битола од страна на Здружението на граѓани „За нас се работи“ и најавите за целосна блокада на Рударско-енергетскиот комбинат е опасна авантура што може да предизвика тешки последици по енергетската стабилност на државата“, се вели во соопштението на компанијата по повод блокадите за чист воздух во Битола, организирани од ова здружение. - Овој...

Поради големото загадување, битолчани од четврток со блокада на патот за РЕК Битола

Битолчани ги рективираат протестите против загадениот воздух. По неколкунеделното енормно загадување на амбиенталниот воздух во градот, здружението „За нас се работи“ повикува на блокада на патниот правец кој од Битола води до РЕК Битола, со слоганот „Битола се задушува, Битола умира“. Блокадите се најавуваат од четврток до сабота, во период од 15 до 17 часот, кога битолчани, и особено вработените во...

Вработените од „Југохром“ го блокираа автопатот Тетово – Скопје

Повлекување на одлуката на инспекторатот за животна средина за исклучување на печките на „Југохром“, добивање на статус на работниците додека не се рестартира фабриката и забрзување на изградбата на филтер-станицата на комбинатот. Ова се трите барања што вработените, преку Синдикатот за индустрија енергетика и рударство, ги упатија на денешната блокада на автопатот Тетово - Скопје, кај наплатната рампа Желино. - Ние...

Тетовци го блокираа патот кон шарпланинските села

Дел од граѓаните од стариот дел на Тетово го блокираа патот кој води кон селата од шарпланинскиот масив. Блокадата кај населбата Колтук траеше половина час. Учесниците велат дека се одлучиле на ваков чекор затоа што Општина Тетово сосема го заборавила овој дел на градот, каде нема вода, ѓубрето не се собира редовно и наместо властите, во инфраструктурата колку што...

Скината одводна цевка го блокираше центарот на Скопје

Полициски возила и денеска ја блокираа улицата кај новата зграда на Факултетот за драмски уметности во центарот за Скопје, спроти Министерството за надворешни работи, поради скината главна цевка од канализациската мрежа, пренесува „24 Вести“. Според работници на Јавното претпријатие „Водовод и канализација“, како што пренесува телевизијата, проблемот настанал поради тоа што инвеститорот, кој гради во близина, копајќи вчеравечер ја скинал...

Авансот за поплавата, банките не можат да го користат за наплата на стари сметки и долгови

Смејствата во поплавените подрачја на социјалните мрежи тврдат дека добиле помала сума од 30.000 денари авансно исплатена парична помош, бидејќи тие пари банките им ги искористиле оти имале блокирани сметки за неплатени сметки или рати од кредит. Иако тие тврдат дека дел од парите од помошта за поплавите најпрво отишле за намирување на долговите, од банките со кои контактираше „Мета“, но...

Руски земјоделци бараат средба со Путин и ќе го блокираат Кремљ

Трактори, земјоделска механизација и автомобили тргнаа на пат од Црно Море кон Кремљ. Руските земјоделсци се незадоволни бидјеќи, како што велат, владата ги игнорира нивните проблеми, па решиле да побараат состанок со претседателот Владимир Путин. Тие, од областа Краснодар тргнале на пат долг 1.300 километри до Москва, каде што нивниот водач, Василиј Мељниченко, ќе бара лично да се сретне со Путин. https://twitter.com/melnichenko_va/status/767293344678543360 Земјоделците се незадоволни...

Патот кон депонијата Русино повторно е блокиран

Повторно е воведена блокадата кон Русино за камионите на Јавното комунално претпријатие (ЈКП) Тетово. Жителите од гостиварсктие села не дозволуваат да се носи тетовскиот смет до Русино, поради како што велат, непочитувањето на точките од договорот кој е склучен меѓу нив и ЈКП Тетово. - Се договоривме да се носи сметот во 1 часот по полноќ, но оваа точка од...

Претоварната станица во Тетово претворена во планина од отпад

Поради блокадата кон Русино која важи за камионите на јавните комунални претпријатија од полошко, но и отежнатото носење на тетовскиот отпад до депонијата „Дрисла“, на претоварната станица за смет во Тетово, секојдневно се трупаат стотици тони отпад. Граѓаните кои живеат во близина на станицата стравуваат од појава на заразни болести. - Па има многу ѓубре на депонијата, многу смрдеа доаѓа оттаму,...

Гостиварци го блокираа транспортот на тетовскиот смет до депонијата Русино

Втор ден камионите на тетовското комунално претпријатие се блокирани на влезот од Гостивар. Жители од неколку гостиварски села на чело со гостиварскиот градоначалник Невзат Бејта, не им дозволуваат на камионите да го продолжат патот до депонијата Русино, каде тетовските комуналци вчера тргнаа да го депонираат отпадот. Од Јавното комунално претпријатие Тетово, изјавија дека сметот редовно се носи во...

Загриженост во Грција поради договорот на КОСКО со „Македонски железници“

Во Грција сè поголема е загриженоста дека постојаните штрајкови на грчката железница и блокадата на товарниот сообраќај скапо ќе ја чинат државата и договорите со странските клиенти за транспорт на стоки кон Европа. Одлуката на кинескиот гигант КОСКО, кој управува со пристаништето Пиреја, да се најде алтернативно решение за да се избегнат проблемите од штрајковите на грчката железница преку соработка...

Лозарите ќе блокираат патишта поради неисплата на грозјето

Лозарите од Неготино и од Кавадарци ќе ги блокираат регионалните патишта в понеделник поради неисплата на нивниот род од визбата „Повардарие“, пишува порталот „Дума“. Тие побарале помош од надлежните институции, бидејќи се загрозувал откупот на грозјето од идната реколта, но и нивната егзистенција. Лозарите додаваат дека се наближува нова берба, а сè уште има лозари кои не можат да си го наплатат старото...

Заврши штрајкот на вработените во солунското пристаниште

Вработените во солунското пристаниште одлучија да го стопираат штрајкот на пристаништето. Федерацијата на вработени во пристаништата во Солун и во Пиреја вчеравечер постигна договор со Министерството за поморство, со коj ќе се гарантираат работните места и колективните права во процесот на приватизацијата на двете пристаништа. Со постигнатиот договор беше одлучено да се прекине штрајкот, кој претставуваше дополнителен удар за грчките и...

„Шарена револуција“ денеска напладне ќе блокира три моста

„Шарената револуција“ денеска во 12 часот ќе блокира три мостови во Скопје - мостот Гоце Делчев, мостот Слобода и мостот Мајка Тереза (кај МАНУ). „Уставен суд сè уште не постапува по нашето барање за заштита на правдата. Прашуваме, планира ли овој суд, оформен во име на граѓаните и платен со пари на граѓаните да се произнесе за Специјалното јавно обвинителство?...

„Шарената револуција“ денеска со протест во 18 часот пред СЈО

„Шарената револуција“ денеска во 18 часот пред зградата на Специјалното јавно обвинителство ќе протестира бидејќи, како што велат, СЈО е под закана, а сè уште трае и прогонот против демонстрантите. „Уставен суд сè уште не постапува по нашето барање за заштита на правдата. Прашуваме, планира ли овој суд, оформен во име на граѓаните и платен со пари на граѓаните, да...

Продолжува штрајкот на пристаништата во Солун и во Пиреја

Вработените на пристаништата во Пиреја и во Солун продолжуваат со штрајковите, блокирајќи ја целосно работата, истоварот и товарењето стоки и производи, но и протекот на патници. Штрајкот ќе продолжи и викендов, со што дополнително се отежнува истоварањето на околу 14 товарни бродови со контејнери и на товарни камиони, од кои голем број се за Македонија и кои чекаат во...

„Шарената револуција“ протестираше во Штип, Струмица и во Тетово

Неколку десетици граѓани со блокада на главните сообраќајници во центарот на Штип го почнаа протестот на „Шарената револуција“. Штипјани испратија порака дека сакаат Македонија да ја видат во ЕУ и дека на криминалците местото им е в затвор. Првпат од почетокот на протестите, на штипските поддржувачи на „Шарената револуција“ им се придружи и „Белизе бенд“. - Додека се местевме со инструментите, помина едно момче...

„Шарената револуција“ блокираше повеќе крстосници во Скопје отколку што најави

„Шарената револуција“ денеска во 12 часот блокираше повеќе крстосници во центарот на Скопје. Покрај најавените три крстосници, ненајавено, со герила-акција, беше блокирана и крстосницата кај Министерство за економија, што ги изненади возачите. https://twitter.com/meta_agency/status/740487815021072384 Претходно, полицијата го расчисти сообраќајниот метеж на предвидените крстосници, на кои, додека беа блокирани, немаше нервозни возачи. https://twitter.com/meta_agency/status/740488110929219584 Како што најавија од „Шарената револуција“, тие ќе изведуваат вакви герила-акции и понатаму, сè...

„Шарената револуција“ точно напладне ќе блокира три крстосници во Скопје

Денеска точно напладне, „Шарената револуција“ и граѓанската иницијатива „Протестирам“ ќе ги блокираат крстосниците кај Судска палата, Црвен крст и кај Соборниот храм. Со блокирањето на улиците и со мирен и достоинствен протест, демонстрантите сакаат да покажат како изгледала Македонија во годините што изминале. Тие велат дека оваа власт реагира единствено на силен притисок и на гласни граѓани. Од движењата ги...

„Шарена револуција“: Имате рок до 18 јуни или ќе ја земеме демократијата во свои раце

Во крваво црвена боја, демонстрантите вечерва го обоија плоштадот Македонија, каде пред точно пет години беше убиен Мартин Нешковски за време на прославата на изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ. Активистите и граѓаните организирани од граѓанската иницијатива „Протестирам“ и од „Шарената револуција“, на власта ѝ дадоа рок до 18 јуни да ги исполни нивните две клучни барања. https://twitter.com/meta_agency/status/739888191503732736 - Првиот чекор од нашиот план беше...

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...